-Гледаме позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, која од октомври лани, кога го достигна пикот, почна да опаѓа, но сепак мора да ја задржиме мудрата монетарна политика, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панелот насловен „Монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација“ во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“, што денеска и утре се одржува во Скопје, а чиј домаќин е Народната банка.

Растот на платите зависи од продуктивноста
-Гледаме позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, која од октомври лани, кога го достигна пикот, почна да опаѓа, но сепак мора да ја задржиме мудрата монетарна политика, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панелот насловен „Монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација“ во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“, што денеска и утре се одржува во Скопје, а чиј домаќин е Народната банка.
– Во овој тренд можеме да видиме дека дестабилизацијата и инфлацијата коинцидираа со олеснување на некои влијанија, барем според анкетата и очекувањата на Европската Унија. Стабилизацијата на основната инфлација коинцидира со намалувањето на инфлациските очекувања, плус гледаме намалување на учеството на компонентите во индексот на потрошувачки цени во високата инфлација од над 10 проценти, а тие се намалуваат веќе четири месеци, рече Ангеловска-Бежоска.
Таа нагласи дека има некои знаци, но додаде дека иднината на инфлаторната динамика во некои земји, каква што е и нашата, сигурно ќе зависи пред се од три фактори: континуитетот на глобалните шокови на страна на понудата, што е надвор од нашата контрола; второ, нашата ранливост нa овие шокови, кои во основа се сведуваат на структурните карактеристики кои не можат да се променат преку ноќ. Но, како што вели гувернерката во овој сегмент веќе има позитивни чекори со зголемување на инвестициите, односно значителен раст на кредитирањето во обновливи извори на енергија што се очекува да го олесни притисокот на среден и на долг рок.
-И третиот фактор кој е многу важен за стабилизација на инфлацијата е одржувањето на мудра макроекономска политика. Македонската економија закрепнува, но се уште бавно, предупреди гувернерката на народната банка. Инфлаторниот притисок попушта, но се уште е рано да се зборува за победа во битката со оглед на фактот дека торшиме трипати повеќе енергија од земјите во ЕУ, а во голем дел зависиме и од увоз на храната. Во вакви услови клучно е монетарната политика да биде поддржана од фискалната политика, за да се спречи зголемувањето на платите кое не е во согласност со зголемувањето на продуктивноста, потенцира гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Со нејзиниот став се согласи и министерот за финансии Фатмир Бесими, кој посочи дека мора да се работи на сите различни гледишта во однос на цените.
– Оваа година имаме малку поразлична проекција во однос на годинашната инфлација, но во однос на политиките се обидуваме да ја задржиме конзистентноста во мерките. Од буџетска гледна точка и од гледна точка на владините политики важно е да се обезбеди финансирање на она што го проектираме и она што денеска несигурноста е сигурност, рече министерот.
-Сите, додаде министерот,- се подготвувавме за тешка зима и тоа ни даде простор за воспоставување рамнотежа меѓу монетарните и фискалните политики. Сега влегуваме во пролетното време во однос на трошоците и се надевам дека ќе постигнеме рамнотежа, но економската активност не треба да останува пониска од тоа што го проектиравме. Се надевам дека во следната година ќе имаме подобри услови и дека ќе ги одржиме нашите начелни проекции, потенцира министерот за финансии.
Инвестициското трошење, клучен двигател на растот
„Несигурноста е новата сигурност, и треба да се навикнеме на тоа“, смета потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, која го изнесе податокот дека за 87 отсто од компаниите постојат три главни пречки за долгорочно финансирање – несигурност, недостиг од обучена работна сила и високи стапки на инфлација. Како што рече, зголемени се барањата што стигнуваат во ЕИБ и порача дека одржливото инвестициско трошење ќе остане клучен двигател на растот во Европа.
Павлова на прашањето колку Европската инвестициска банка може да им помогне на земјите во Централна и Југоисточна Европа во справувањето со енергетските шокови вели дека пред сѐ - сите ние имаме или треба да обезбедиме отпорност на економијата и да се справиме со енергетски шокови. Прво мора да останеме обединети да обезбедиме комплементарност на финансирањето. Ова верувам дека е клучно и можам да дадам само еден пример, - одлучивме да го дополниме со дополниме основниот инвестициски пакет и следната година да мобилизираме 120 милијарди дополнително финансирање во поддршка на постигнувањето на т.н. Нулта економија до 2030 година. Не треба да се срамиме од глобалната конкуренција затоа што секое евро или долар потрошен каде било води кон нулта точка и е корисно. Истовремено во Европа треба да креираме мерки и да воспоставуваме нови алатки и инструменти што е исто така важно, како што е новиот Паневропски фонд на хартии од вредност што ќе помогне да се стави вредност на насоката кон нулта економија. Друго нешто е да се диверзифицира и да се зголеми потенцијалот на нашата економија.
Главниот имплементатор Јукеновиот план и неговата иницијатива Global Gate Yale е уште еден пристап кој ќе обезбеди да ги имаме инструментите и каналите за тоа и конечно ако сакаме да обезбедиме отпорност на европската економија, имајќи го предвид нашето претходно искуство, повеќе треба да внимаваме на поддршката на капиталот за заеднички инвестиции. Исто така размислуваме за дополнување на т.н ескорт иницијатива која се однесува на нови инвестиции, средства за зголемување на активностите, но треба да внимаваме во инвестирање на клучните безбедносни системи и на одбраната во банкарскиот сектор. Нов план во стратегијата за европска безбедност, со што практично ќе вбризгуваме една милијарда долари годишно во поддршка на инфраструктурата и технологијата во областа- обединетост и посилно дејствување во однос на високите ризици на партнерите во САД.
„Виенската иницијатива“ - рамка на финансиската стабилност
„Виенската иницијатива“ е рамка за заштита на финансиската стабилност за регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа. Иницијативата беше формирана за време на првиот бран на глобалната финансиска криза во јануари 2009 година. Таа ги обединува сите релевантни засегнати страни од јавниот и приватниот сектор активни во регионот. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европска инвестициска банка (ЕИБ). Меѓународен монетарен фонд (ММФ) и Светската банка и Европската комисија одиграа клучна улога во креирањето и понатамошниот развој на „Виенската иницијатива“.
На форумот во Скопје учествуваат над 80 странски гости, високи претставници од меѓународните финансиски институции, гувернери на централни банки, вицегувернери, претставници од повеќе банки и домашни учесници. Учесниците доаѓаат од 14 земји од Европа.