Нобелова награда за хемија за развој на „молекуларни ножички“. Добитнички на Нобеловата награда за хемија во 2020 година се две генетичарки, Французинката Емануел Шарпентие и Американката Џенифер Дудна, за нивното достигнување во истражувањето за CRIPSR-Cas9 методата во уредување на геноми, објави шведската Кралска академија на науки.

 

Две научнички, добитнички на Нобеловата награда за хемија за развој на „молекуларни ножички“ со кои ќе се вршат промени во гените, дадоа надеж за лечење на многу наследни болести. Станува збор за унапредување на еден од најострите алати во генетската технологија, стои во соопштението.

Инспиративни жени – поправка на „кодот на животот“


„Оваа технологија имаше револуционерно влијание на науката и придонесе за развој на нови терапии против канцерот за да може да се оствари сонот на научниците во лекувањето на наследни болести“, стои во објаснувањето.

Работејќи од двете страни на Атлантикот, Французинката  Шарпентие и Американката Дудна го развија методот познат како CRISPR-cas9. Тој  може да се користи за менување на ДНК на животни, растенија и микроорганизми, односно за поправка на „кодот на животот“.

Достигнувањето на Шарпентие и Дудна овозможува да се прават кратења на делчиња од ДНК кои го сочинуваат ткн. код на животот. Тоа им овозможува на научниците прецизно да менуваат одредени гени и да исфрлаат евентуални грешки во нив кои водат кон болести.

„Има огромна моќ во оваа генетска алатка“, рече Клаес Густафсон, претседател на Нобеловиот комитет за хемија. „Не само што се револуционизира основната наука, но исто така овозможува иновативни растенија и ќе води до нови медицински третмани“. Шарпентие (51) и Дудна (56) ќе ја поделат паричната награда од 1,1 милион долари.

 

Повеќе од 100 клинички тестови се во тек со цел да се студира користењето на CRISPR во третманот на наследните болести. Истовремено, се предупредува и дека новата технологија отвора сериозни етички прашања и мора да се користи внимателно.

„Можноста селективно да се менуваат гените значи дека, на некој начин, си играте Господ“, изјави претседателот на американското Друштво на хемичари Луис Ешегојен.

2020 повеќе награди за жени?


По четврти пат во 119-годишната историја на наградата, Нобелот за наука им се доделува исклучиво на жени.

Три жени досега беа единствени добитнички на Нобеловата награда за научна дисциплина. Марија Кири во 1911 и Дороти Кроуфут Хоџкин во 1963 за хемија, и Барбара Меклинтон во 1983 за медицина.

Вкупно 12 Нобелови награди за медицина, 5 за хемија, 3 за физика паднале во рацете на жени.

Жените често биле во сенка на машките конкуренти, особено во научните дисциплини. Многу истражувачи жени кои имале значителен придонес на проектите наградени со Нобеловата награда, останале без признание.

.Дел од нив секако се Лизе Мајтнер -откритие на ослободувањето енергија при поделба на атомите. Исто и Џоселин Бел Барнел, која ги откри брзо ротирачките неутронски ѕвезди. Во оваа група е и американската астрономка Вера Рубин. Таа во 1970-те прва пронајде одржлив доказ за постоењето на темна материја. Наместо тоа, за таа тема наградата ја добија тројца машки астрофизичари и тоа минатата година.

Во времиња кога многу се зборува за полова еднаквост и диверзитет, очекувањата од Нобеловата фондација се особено големи. Структурно и во природните науки многу нешта се сменија во текот на изминатите години, па има и многу кандидатки кои повеќе од заслужено би добиле таква награда.

Кири

 

Кири -првата жена  Нобеловка


Марија Кири, родена во Варшава во 1903 година, е првата жена која што освоила Нобелова награда. Односно првата личност што освоила две такви награди. Во 1903 година, заедно со нејзиниот сопруг Пјер и физичарот Анри Бекерел освои Нобелова награда за истражување на радијацијата. Во 1911 година, Марија Кири повторно ја освои престижната награда за хемија за откривањето на радиумот и полониумот.