Нови штедливи системи за загревање, од домашната наука. Фирмата „Плазма“и „Камел Солар“, по неколкугодишно истражување и развој, го заврши проектот за хибридниот фотоволтаичен колектор со подршка од ФИТР. И во последната година понуди и инсталира два потполно нови системи. Со овие системи за помалку од 1. ЕВРО на ден можат да се загрее повеќе од 1. тон вода до 55 степени целзиусови, или за половина ЕВРО на ден повеќе од 500 литри топла вода на 55 степени.
Носител на овој проект е професорот Др. Илија Насов, директор на развојно истражувачкиот центар „Плазма“, косопственик на „Камел Солар“, претседател на Соларната асоцијација на Македонија. Тој е еден од најпродуктивните иноватори и производители на уреди за искористување на сончевата енергија, како замена за енергијата од фосилни горива
Насов, за Анторис, ја објаснува комплексноста на проблемот со климатските промени, загадувањето и нејзиното влијание како на здравјето и останати последици.
Да се спречи емисијата на стакленичките гасови
Секако дека во моментот, корона вирусот е најголемиот здравствен проблем на нашата планета. Но, еден од најсериозните и најголемите проблеми на современиот свет се климатските промени и глобалното затоплување. Последиците од климатските промени се изразени преку бројни индикатори за нарушување на рамнотежните состојби на планетата Земја, односно: зголемување на температурата на атмосферата, воздухот, водата, нивото на океаните и морињата, како резултат на топењето на мразот на северниот и на јужниот пол на Земјата.
Kакви се последиците од зголемените концентрации од ПМ честичките кои во Македонија се безмалку на највисоко ниво ?
Концентрацијата на ПМ честичките во воздухот и концентрацијата на CO2 емисиите се најголем причинител на климатските промени и доаѓаат од ист извор - согорување на фосилните горива.
Според многу научни студии, голем дел од смртните случаи се последица на загадувањето на воздухот, посебно со токсичните ПМ честички кои, исто така, имаат големо вијание на намалувањето на отпорноста на организмот на бактерии и вирусите.
Не постои друг начин на решавање на проблемот со климатските промени, освен да се спречи емисијата на стакленичките гасови кои потекнуваат најмногу од човечките активности, а тоа е согорувањето на фосилните горива, како за добивање на електрична, така и за топлинска енергија. Исто така, мора да се спречи и сечењето на шумите - единствениот извор на кислород.
Нови штедливи системи за загревање, од домашната наука
Обновливите извор клучни за климатските промени
Дали можеме да кажеме дека обновливите извори на енергија се и единствен начин на решавање на климатексите промени, а во исто време и начин за намалување на загадувањето на човековата околина?
Да. Искористувањето на обновливите извори е најдобар начин на решавање на глобалното загревање, т.е. климатските промени. Во обновливите извори на енергија спаѓаат: сончевата енергија, енергијата од ветерот, биомасата, биоенергијата, геотермалната енергија, хидроенергијата, морските бранови и струи, плимата и осеката. Секако дека најеколошка енергија е сончевата, но треба да знаеме и да сакаме да ја искористиме. Количината на сончевата енергија која пристигнува на земјата е далеку поголема во однос на сите други видови обновливи енергии. Таа е најобилен, неисцрпен, бесплатен и обновлив извор на енергија, којa не ја загадува околината.
Во Македонија постојат неколку производители на сончеви термални колектори. Потоа, еден производител на фотоволтаични панели и еден производител на најновите хибридни фотоволтаични термални колектори. Тие во исто време произведуваат електрична и топлинска енергија. Овие фотоволтаични термални колектори најмногу се користат за инсталирање на покриви или на фасади на приватни куќи, хотели, болници, детски градинки, училишта, пензионерски домови, болници, спортски центри, загревање на базени за пливање и сл.
Кои мерки би можеле да се преземат за поголемо искористувањето на сончевата енергија во Македонија?
Инсталирањето т.е. користењето на сончевите колектори зависи од повеќе фактори:
- Свесноста на граѓаните за да се одлучат да ја користат сончевата енергија. Да ги знаат сите придобивки од искористувањето од тоа. Да знаат дека со инсталирање на сончеви колектори инвестицијата се враќа за помалку од 4 до 5 години, а 20 години користат бесплана енергија,
- Стимулативни мерки од државните институции за инсталирање сончеви колектори
- Стимулирање на производителите на сончеви колектори, инсталатери, стручни лица, обуки и сл. Производителите треба да се стимулираат со поволни услови на производство на сончеви колектори.
Топлински пумпи со сончев систем- најискористени
Кои се вашите активности околу избор на најадекватни сончеви системи ?
Во зависност од апликацијата и од примената, се избира, најадекватен сончев систем или комбиниран сончев систем со други извори на енергија.
Најчесто се применуваат топлински пумпи со сончев систем, гасни бојлери со сончев систем или други комбинации.
Најдобар систем е системот кој ослободува најмалку CO2 и најамлку ПМ честички на 1 kWh прозведена енергија. Секако со најмал период на враќање на инвестицијата, т.е. најефтин kWh произведена енргија.
Нови штедливи системи за загревање, од домашната наука
Ова се всушнот и основните Европски критериуми за доделување субвенции и стимулации за користење на обновливите извори на енергија.
Не може да се стимулира обновлив извор на енергија кој најмногу испушта CO2 и ПМ честички и чија цена на произведената енергија е најскапа.
Постојат главно три начини на искоритување на сончевата енергија:
- Инсталирање фотоволтаични централи за добивање електрична енергија
- Инсталирање сончеви термални колектори за производство на топла вода
- Хибридни фотоволтаични термални колектори кои произведуваат електрична енергија и топлинска енергија во исто време и од ист колектор
Инсталирањето на фотоволтаични централи и сончеви термални колектори се општо познати, но, еве сега, ке ги презентирам најновите хибридни фотоволтаични колектори .
Хибридниот фотоволтаичен колектор-новина
По неколкугодишно истражување и развој, го завршивме проектот за хибридниот фотоволтаичен колектор со подршка од ФИТР. И во последната година понудивме и инсталиравме два потполно нови системи:
1.Хибридни фотоволтаични термални системи кои произведуваат повеќе електрична и околу три пати повеќе топлинска енергија. Наменети се за сите објекти на кои им е потребна, не само електрична, туку и топлинска енергија како:
Базени за пливање, хотели, приватни куќи, детски градинки, болници, старечки домови, спа центри ......
2. Исто така на пазарот го пуштивме и најновиот Хибриден фотоволтаичен систем. Тој е со директна циркулација на фреон низ ПВТ колекторите и топлинска пумпа која троши занемарливо малку електрична енергија 0,45 kW или 0,85 KW компресор слични како компресорите на обичните фрижидери.
Нови штедливи системи за загревање даваат можност за помалку од 1 ЕВРО на ден загреваме повеќе од 1 тон вода до 55 0C. Или за половина ЕВРО на ден повеќе од 500 лит топла вода на 55 0C.
Овие мали системи со само два или 4. ПВТ колектори се идеални за ресторани, кафулиња, перални за коли, мали хотели, викендички. Едноставно за многу објекти во кои е потребно еден тон или 500 литри топла вода на ден.
Карактеристично за овие системи е што се релативно ефтини, ја враќаат инвестицијата за неполни три години. Работат и дење и ноќе, кога има и кога нема сончево зрачење, кога врне и кога има снег....секој ден, 365 дена во годината без прекин, независно од временските услови.
Бране Стефановски