Обука - Офис менаџмент и администрација во организација  на Приватна агенција за вработување „АНТОРИС“.

 

Администартиваната работа е дел од секојдневието на секоја компанија, без разлика дали е во приватна сопственост или пак државна институција. Сепак постојат одредени правила и законски одредби кои мораа да се испочитуваат и применат. Навидум шаблон, познати секојдневни работи, но практично работи со многу специфики, кои бараат многу внимание, многу детали и податоци.

Целта на обуката е подетално запознавање и воведување во сите сегменти на  подготовка на документи, договори, одлуки, решенија.

Како треба да изгледа еден договор за вработување?

Кои се клучните и главните работи кои треба да ги содржи еден договор за вработување?

Колку видови на решенија постојат?

Како да се изготват во согласност со законските одредби?

За што се подготвуваат изјави и зошто се потребни?

Изготвување на потврди.

Презентирање на законските акти за канцелариско работење.

Потоа, водење на деловодна книга, водење на книга на влезни и излезни фактури, книга за пошта, успиници, образци и целокупна документација.

Презентирање на законските акти за канцелариско работење. Запознавање со законите за архивирање. Кои се најчестите проблеми во работењето. Како да се простапи кон решавање.

На обуката за административно работење, поктај теоретска обработка на темите истите ќе бидат и практично прикажани. Еднноставно, чекор по чекор практична обработка на сите административни документи кои и се потребни на една компанија за нејзино солидно функционирање.

За обуката


Обуката започнува на 1.јули, во времетраење од четири дена ( девет часа). Часовите ќе се одредуваат во согласност со групата.

1 ден - Вовед во административно-канцелариско работење (2ч.)

2 ден - Технички и законски одредби за спроведување на документи (2ч.)

3 ден - Архивски знаци, пријави и одјави (2ч.)

4 ден - Практични примери и вежби (3ч.)

Обуката чини 8105 денари, за предвремена уплата до 25.06.2021 цената е 7369 денари.

Секој учесник по завршувањето на обуката добива Сертификат од агенцијата и материјали во електронска форма.

Задолжителна е пријава на линкот https://bit.ly/3gnzj6H    поради ограничениот број на учесници во согласност со протоколот за организирање на обуки и настани од Влада на Р.С.Македонија.