Архитектите кои се занимаваат со „начинот на кој ги доживуваме работите, па оттука и значењата што ги имаат работите во нашето искуство“, како што се толкува во гранката на филозофијата позната како феноменологија, се занимаваат со поцелосна слика за тоа како ја перципираме нашата околина. 

Повеќе сетила

Покрај традиционалните пет сетила, невролошките тестови ја истражуваат и проприоцепцијата (чувствата што ги имаме во мускулите, нивната положба и движење) и вестибуларниот систем, кој го регулира чувството за ориентација и рамнотежа во просторот.

Научниците исто така го истражуваат чувството наречено „интероцепција“ кое се однесува на перцепцијата на сензациите од нашето тело. Нешто слично како кога велиме дека имаме пеперутки во стомакот.

Феноменологијата во архитектурата

Додека архитекти од различни култури и периоди долго време ги разгледувале сетилата и дизајнот, поимот на феноменологијата, која ја артикулирал филозофот Мартин Хајдегер, во архитектурата бил воведен во раните седумдесетти од Норвежанецот Кристијан Норберг-Шулц, архитектонски теоретичар.

Што ни говорат сетила за некој простор

Феноменологијата во архитектурата се однесува на промената на фокусот што влијае на корисниците кога се претставуваат решенија. Покрај Норберг-Шулц, архитектите Јухани Паласма и Алберто Перез-Гомез го развија овој пристап, а архитектите Стивен Хол и Питер Камтор дизајнираа врз основа на овие теории.

Размислувања за пристапот

Нашата перцепција при приближувањето кон зграда, град или објект во околината зависи од повеќе фактори.

Кога се приближуваме до град среде пустина, нашето искуство е сосема поинакво отколку кога влегуваме во град опкружен со шума.

Границите и рамката на градот во пустината се очигледни и се чини дека ќе ни треба подолго време да стигнеме, отколку што очекувавме. Кога влегуваме во град опкружен со шума, вниманието ни го привлекуваат дрвјата, околината, животните и се чини дека ни треба многу помалку време да стигнеме до него.

Кога станува збор за зградите, прво им приоѓаме, потоа влегуваме внатре и дури потоа почнуваме да ги истражуваме. Но, кога им приоѓаме, ги восприемаме со сите сетила.

Допир: замислете го моментот кога ја допирате рачката на влезната врата. Дрвената квака на вратата дава сосема поинакво чувство од челичната.

Мирис: Понекогаш одреден мирис ве потсетува на некои убави спомени. Така е и кога се во прашање зградите. Секој од нас го разликува мирисот на чист празен простор и викендичка во шумата.

Звук: Имаме и различно чувство за простор кога го перципираме со слушање. Споредете соба со керамички плочки каде што можете да го слушнете ехото на вашите чекори со соба со дрвен под.

Глетка: Сите сме ја виделе сликата на мала куќа на квечерина во снежен ден од каде се гледа светлина. Таа мала светлина на самракот што ја гледаме може да не потсети на камин и топол простор кога ќе ја видиме во далечина.

Дали го гледате, слушате или чувствувате мирисот на огнот во каминот?

Вкус: Можеби е тешко да се поврзе вкусот со архитектурата, но архитектурата може да биде поттик – специфичните бои и детали го стимулираат нашето чувство за вкус.

Вестибуларност (движење) и проприоцепција (положба на телото): Овие две сетила се основа за ориентација во просторот и самосвест во околината. 

Стимулации во нашето опкружување

Њујоршкиот архитект Стивен Хол верува дека 11 стимули од нашата околина влијаат на нашата перцепција. 

1) Предметот се перципира во неговата околина. Ако имате цвет пред прозорец, заднината исто така ќе игра важна улога во неговата перцепција и вашиот впечаток за цветот.

2) Нашата перцепција е преку слајдови од нашата околина кои се менуваат со секое наше движење.

3) Боите играат важна улога во нашата перцепција.

4) Светлината и сенките предизвикуваат различни чувства.

5) Ноќта и денот носат две сосема различни искуства.

6) Перцепцијата на времето не е линеарна и зависи од многу различни фактори.

7) Водата е одраз на своето окружување.

8) Звукот ни помага да ја согледаме нашата околина. Замислете како ја мерите длабочината на просторијата со ехо.

9) Деталите во дизајнот се суштински фактор што можат да имаат различни влијанија. Човек лесно може да го разликува чувството и вкусот на природното дрво од вештачкото.

10) Пропорциите и обемот се други критични фактори  во согледување на нашата околина. Ако зградата е преголема, може да направи да се чувствувате изгубено во просторот, додека понизок таван може да ве направи да се чувствувате пријатно.

11) Идеите се од витално значење за дизајнирање згради, бидејќи тие можат да обезбедат различни искуства на луѓето.

Според тоа, доколку сакате да декорирате пријатно кафуле, наполнете го со пријатни светла, топли бои и пријатен амбиентален звук. Централната идеја го одредува изборот на мебел и внатрешна декорација, висина на таванот и сѐ останато.

Феноменологијата во архитектурата помага да се создаде соодветен простор врз основа на тоа како луѓето го перципираат своето опкружување. Без разлика дали планирате да одите во локален ресторан или на изложба, сега можете да размислувате за тоа како вашите искуства во просторот се поврзани со вашата слушна перцепција.