Најчесто, по големите форуми, самити или собири на високо ниво, остануваат само споемните, фотографиите, потпишаните договори, а потоа ништо битно не се случува. Сето тоа останува да се искористи како адут на следните избори, на кои никој веќе не прашува што се реалзиира од договорите за кои френетично се зборуваше за време на свеченостите на кои имаше многу блаони и светла.

Се надеваме дека иницијативите од „Отворениот Балкан“ нема така да издишат како балоните по севеченоста,  особено што сите, или трите земји од Западниот Блакан, Македонија, Србија и Албанија се дотерани до ѕид, бувално дојде глад, темнина, студенило, па веќе мораат да преземат нешто. Сепак, можеа и да не преземат, ако на лидерските места беа некои кои не сакаат или не умеат да го направат тоа.

Една работа што треба да се реализира според договореното, покрај олеснетата размена на основните суровини и продукти (не знам зошто порано тоа не се правеше, а можеби сега е судбоносниот момент) е размената на работници, за кои има недостиг во моментов на сите страни на Блканов.  

Имено, благодарение на поврзаноста на националните електронски системи на Србија, Македонија и Албанија во рамките на иницијативата на „Отворениот Балкан“, на секој заинтересиран граѓанин од овие три земји му се дава можност за пристап до единствениот пазар на трудот од овој месец. Работниците со помош на нивниот матичен број, електронски го поднесуваат и го пријавуваат својот престој во посакуваната земја и потоа ќе добијат уникатна работна дозвола, со која ќе аплицираат за работа во следните две и пол до три години.

Бесплатниот пристап кон пазарот на граѓани во сите три земји во превод значи дека ќе можат слободно да престојуваат и да работат на територијата на овие земји.

Српските комори информираат дека Србија се соочува со  недостиг на сите профили во градежништвото, во угостителството и туризмот, па дури има  место и за сезонски работнци, како што се берачите на овошје.

Србија очекува, од овој септември, па натаму, во нејзините градови и села да пристигнат околу 30.000 работници од регионов и од други земји. Овие работници ќе ги пополнуват местата на работниците што ја напуштаат Србија и бараат подобар живот во рзвиените змеји, европски и прекуокеански. Според статистиката, одливот на српското  население трае и ќе трае, но тоа не ја намалува придобивката од можноста балканците да изберат соседна земја во која можеби повеќе ќе им одговара да работат.

Всушност српските власти се убедени дека работнците од разни професии од Македонија и од Албанија ќе бидат многу заинтересирани за работа во Србија, затоа што, како што тврдат, условите и приходите се многу подобри.

На прашањето - дали овие работници што ќе дојдат од  Македонија и Албанија ќе покажат квалитет и професионалност во работата, Србите велат дека е погрешно однапред да се има скептицизам, затоа што веруваат во вештите раце на луѓето од ова поднебје и во сличноста на менталитетот. На пример луѓето од Македонија и од Албанија се добри градежни работници, велат тие.

Албанците се дисциплинирани и одговорни, а Македонците знаат да вршат градежни и занаетчиски работи што недостасуваат. Според тоа српските аналитичари велат дека ќе има подобра заработка за некои занимања што недостасуваат.

Единствена работна дозвола

Дури, креаторите на оваа меѓудржавна балканска мерка тврдат дека единствената работна дозвола ги поедноставува дозволите за работа, ќе овозможи поголема подвижност на трудот и ќе го запре одливот на населението. Тие тврдат дека согласност за оваа мерка има и од синдикатите, затоа што на овој начин, работниците ќе можат да добијат и осигурување преку уникатната работна дозвола.

Скептицизам

Се разбира, како и во секоја работа, постои слаба страна и сомнеж дали таа ќе успее. Аналитичарите со спротивно мислење велат дека овие мерки нема да ги намамат да се вратат тие што отишле, ниту пак ќе ги спречат тие што наумиле да ја напуштат Србија. Што се однесува до  регионов, не се очекува некоја голема промена, затоа што ситуацијата во Албанија и во Македонија, како и во Србија, кога станува збор за недостаток на работна рака, е лоша. Логично, произлегува прашањето - зошто некој би дошол во слични услови во какви што работел досега?

Разликите во платите меѓу земјите опфатени со договорот „Опен Балкан“ се толку мали што тоа не може да биде мотив за привлекување работници во Србија.

Србија, во споредба со земјите од ЕУ, е држава со најниска заработка, со минимална, медијална и просечна плата, па не изгледа како место во кое некој е мотивиран да дојде.

Европа води битка за секој работник

Затоа, во оваа смисла, Европа е опасен конкурент на балканското стопанство, односно на балканскиот пазар на работна сила. Чудоно е тоа што, и покрај сета нејзина дигитализација и автоматизација, таа има толкава апсорпциона моќ.

Така, во истражувањето, неодамна спроведено од Германската индустриска и трговска комора што ги претставува интересите на неколку милиони компании, се тврди дека дури 56 проценти од фирмите имаат недостаток на работници. Германците велат дека го имаат  најатрактивниот пазар за најмалку 148 занимања. Познато е дека медицинските работници ги напуштаат нашите болници. Но, дури и факултетските образовани граѓани на Балканот се нафаќаат да возат камиони, да поставуваат  климатизери, да варосуваат и да работат градежни работи, не само за парите, туку и за животните услови, за редот во државата, за ефикасноста на администрацијата и за многу други работи што не функционираат на Балканот.

На германскиот пазар на трудот му недостасуваат најмалку половина милион луѓе и тоа квалификувана работна сила во сите индустрии. Работните места за електроинженери, физиотерапевти, професионални возачи, готвачи, нивни асистенти, келнери - се празни.

Сепак, иницијативите и мерките на „Отоворниот Балкан“, АКО СЕ СПРОВЕДАТ, ако не бидат девалвирани од инертната балканска администрација, па и коморска администрација,  која тешко се прифаќа европски манири и навики, никако не смеат да се доведат под какво и да е потценување или сомнеж. Доста е  чувството на зближување на народите, кои со векови од Европа ја ностат етикетата како заостаната средина и како носители на проблеми. Чувстовото на слобода во движењето засега нека тргне од Балканот, па нека стигне до ЕУ, но и на ЕУ и се отворени вратитие, која е исто така веќе присутна со своите претпристапни фондови, како на пример финансиите од Европската инвестициона банка и други финансиски, владини и невладини помошти.

Ако Европа одолговлекува и се мисли за приемот на Западниот Балкан во нејзините „граници“, паметно е Балканот првин да ги избрише меѓусебните граници.