Низа неповолни вести ги затекоа инвеститорите на западните пазари на капитал. Во Европа негативно се одрази најавата за данок на дополнителната добивка на италијанските банки, во САД агенцијата Мудис предупреди дека моѓеда дојде до намалување на рејтингот на шест американски банки.

Италијанската влада неочекувано воведе данок од 40 отсто на вишокот на банкарски профит минатата и оваа година поради повисоките каматни стапки на ЕЦБ, со назнака дека данокот нема да надмине 0,1 отсто од имотот на секоја банка. (Практично во Италија, ќе се ограничи највисокиот износ на данок, на 0,1 отсто од вредноста на средствата на банката, со цел, да се заштитат интересите на малите и средни банки. Всушност станува збор за мерка, наменета за приходот што италијанските банки го добиваат од маргината, разликата, помеѓу активната (каматата на кредитите кон клиентите – физички и правни лица) и пасиваната камата на депозитите, од депонентите.

Како што најави Италијанската влада собраниот данок е наменет за растеретување на населението кое беше под притисок на високата инфлација и растот на каматите. Не е тајна дека европските банки лесно заработија на основа на значително повисока каматна маржа, откако добиваат постојано зголемена камата од ЕЦБ за вишокот на ликвидност (сега 3,75 отсто), а на населението за депозитите му плаќаат претежно ситна сума.

Се излизгаа банкарските акции

Централниот индекс на берзата во Милано во вторникот се лизна за два отсто, а најголеми губитници секако беа банкарските акции. Уделот на UniCredit, кој оваа година бележи убав раст, падна за шест отсто, Intesa Sanpaolo за повеќе од осум отсто. На удар беше и банкарскиот сектор низ Европа, а акциите на Комерцбанк паднаа за 3,2 отсто. Секако, не е исклучено и друга европска земја да го следи италијанскиот пример.

На Волстрит, банкарските акции исто така значително паднаа во вторникот, но од друга причина. Moody's објави дека детално ќе ја испита кредитната способност на шест големи банки (Bank of New York Mellon, State Street, Northern Trust...) и евентуално ќе ги намали рејтинзите.

Знаеме што се случи со средните банки оваа пролет (три пропаднаа: Силиконската долина банка, Сигначр банк и Прва република), така што Мудис ги исплаши инвеститорите. Понискиот кредитен рејтинг уште повеќе ќе им го отежне пристапот на банките до изворите на финансирање. Индексот на акциите на банките (KBW Bank Index) загуби 1,2 отсто и го повлече целиот пазар надолу. Секоја дополнителна несигурност поврзана со банките е секако непожелна.

Најголеми загуби во вторникот имаше технолошкиот индекс Nasdaq (-0,8 отсто), додека Dow Jones и S&P 500 паднаа за помалку од половина отсто. Следниот важен тест доаѓа во четврток, кога ќе биде објавена јулската инфлација во САД.

Некои стратези се сè повнимателни. Во Credit Suisse, вложувањата во капитал се повеќе се гледаат негативно, исто така затоа што е многу веројатна рецесија следната година. Од Bank of America доаѓаат предупредувања дека веќе се случува она што тие го нарекуваат тактичка корекција. JPMorgan им препорачува на инвеститорите да бидат помалку изложени на инвестиции во акции, посочувајќи дека инвеститорите веројатно се премногу оптимисти за состојбата на американската економија.

Во меѓувреме, сезоната на квартални приходи полека завршува во САД. Дури четири петини од компаниите од индексот S&P 500 ги надминаа очекувањата, а и покрај се, добивката повторно ќе биде помала (од споредбениот период пред една година) за околу четири отсто.

Во Македонија е прерано да се зборува за ваква мерка

Извршниот директор на Академија за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) и член на Советот на НБРМ, Синиша Наумоски, во интервју за „Локално“ вели дека е прерано да се зборува дали мерката за оданочување на банките во Италија може да се спроведе во Македонија, иако таа е во насока на скротување на инфлацијата.

„Кај нас, рано е да се говори за ваква мерка. Имено, до сега, не видовме официјална верзија на законот, ниту во Италија, што додава дополнителна неизвесност околу потенцијалните влијанија на оваа одлука. Но, добро е да се потсетиме на супер профитите, кои банките ги осварија во изминатата 2022 година. Тоа е добра база за отворање на дебата, тука кај нас, по основ на ваквите движења во земјите од ЕУ.

Лани сите 13 комерцијални банки, ја завршија годината со со вкупна добивка од 157,3 милиони евра, што, покажа раст во споредба со 2021 година од 5,7 отсто. Годинава, динамиката на таквиот раст е засилена, многу повеќе во споредба со одност 2022, наспрема 2021 година. Само големите 5 банки или т.н. топ 5 банки, лани имаа реализација од преку 105 милинои евра профит и вкупна актива во износ од 9,09 миијарди евра. Остатокот, од нешто повеќе од 2 милијарди евра му припадна на малите и средни банки. Од ова, деновиве во АБИТ изготвуваме анализа во насока на актуелните теми во Италија, за тоа, колку пари може да се очекуваат кога ваквата мера би се пресликала во македонската состојба со макроекономијата.“