Најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ потпиша нов договор со компанијата „Асикс“ чии патики ги носи од 2018 година. Ѓоковиќ ја продолжи соработката со јапонскиот спортски гигант и ги откри промените пред продолжението на сезоната.

Светскиот „број 1“ освои неколку најголеми успеси во неговата кариера токму во патиките „Асикс“ и многу брзо доби свој модел "Novak Gel Resolution".

Таа соработка му донесе значителен финансиски прилив - првиот договор што го потпиша му донесе четири милиони долари годишно.

- Возбуден сум што објавувам дека ја продолжив соработката со„ Asics “. Нивната филозофија „во здраво тело - здрав дух“ совршено одговара на мојот поглед кон животот и со нетрпение очекувам да продолжам да ги инспирирам луѓето носејќи патики „Asics“ - вели Новак, и дополнува:


- Со ова искуство и знаење, сакам да ги охрабрам децата и младите играчи да направат чекор напред кон остварување на посакуваните цели и да се издигнат - на теренот и надвор од него.


Деталите од новиот договор се уште не се познати, но точно е дека од оваа сезона ќе носи нов модел - "COURT FF TM Novak".
- Овие патики и овој филм беа дизајнирани со идеја за обединување на луѓето - истакна Ѓоковиќ по повод промотивниот филм во кој го претставува нов модел на патики.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=pMhkeHg4qCs[/embed]

Чихиро Сугимори, водачот на тимот за дизајнирање обувки „Асикс“, откри колку многу работа стојат зад овој проект.

- Ѓоковиќ бараше нешто посебно и креативно за исклучително важната 2021 година и со голема посветеност беше дел од тимот што го создаде дизајнот. Цветниот визуел не беше создаден дигитално, туку во акрилна боја. Ние сликавме одново и одново сè додека го добивме токму цветот што беше во неговата замисла и имагинација на сите други - откри Сугимори.

Партнерството ќе и помогне на самата компанија да го прошири својот глобален бизнис и производство на тениски обувки со стекнување постојани информации и увид во потребите на светски играчи, како што е Новак Ѓоковиќ, кога станува збор за производство на тениски чевли.

- Обувките што ги носам се најважниот дел од мојата техничка опрема. Со проширувањето на моето партнерство со „Асикс“, јас си обезбедувам можност да продолжам да играм во најдобри можни обувки за технички перформанси, а истовремено да имам можност да учествувам и да помагам во истражувањата, развојот и иновациите на нивни производи. Се радувам што во наредниве години ќе играм во патиките 'COURT FF TM Novak' - заклучува најдобриот тенисер во светот.

Светскиот бренд број 1 – Новак Ѓоковиќ веќе соработува со компаниите - „Лакост“, „Хед“, „Пежо“, „Сеико“, „УКГ“​​..., кои исто така го креваат неговиот буџет на заработка.