Во летната сезона секој што патува сака да знае како ќе помне на пат. Секогаш постои по малку страв и неизвеснот од тоа – што го чека на тој пат, каков е патот, од што зависи успешноста на патувањето.

Резултатите од европските истражувања покажуваат дека во регионот најдобри патишта има Хрватска, а Босна и Херцеговина има најлоши, зад неа во Европа е само Молдавија.

Квалитетот на патиштата во Европа значително се разликува од држава до држава. Ова го покажува последниот Извештај на глобалната компетентност, издаден под покровителство на Светскиот економски форум. 

Извештајот рангира 141 земја врз основа на резултатот во ралични категории.  

Резултатите од истражувањето покажале дека патиштата во Источна Европа се многу полоши во споредба со Западна и Северна Европа, но дека постојат и држави во кои квалитетот на патиштата отскокнува во споредба со нивните соседи. 

Белгија, на пример има значително полош резултат од Холандија, која, според ова истражување, има најквалитетна патна инфраструктура во Европа. Италија има значително пониска оценка од западноевропските соседи. 

Хрватските патишта се убедливо најдобри во регионот

Меѓу земјите од нашиот регион, се истакнува Хрватска со убедливо најквалитетна патна инфраструктура

Патиштата во Хрватска се на шесто место на Европската ранг-листа и на 12 место на светската ранг-листа.

Хрватска од 2 000 година почна со амбициозен план за развој на патната инфраструктура. Со оглед на тоа што е една од најпосетените туристички дестинации во Европа, квалитетната инмфраструктура е клучна, а вложувањата во овој сектор беа огромни.

Словенија

Високо котира и Словенија, која по квалитетот на патиштата се наоѓа на 15. место во Европа.

Босна и Херцеговина имаат најлоши патишта во Европа

Босна и Херцеговина, според извештајот, има убедливо најлоши патишта во регионот, а во цела Европа полоша оценка има само Молдавија.   

Остатокот на регионот се наоѓа во долниот дел на ранг-листата. Албанија е на 28. место, а Црна Гора на 30. место во Европа (од 40 држави).

Србија е на 33. место, а Македонија на 35. 

Во Европа се истакнува Турција со доста добра оценка за патиштата и е на 14. место во Европа. 

Од вклупно 141 држава опфатена со истражувањето, најгдобра оценка за патиштата има Сингапур, а налоша Чад.

Европски градови најоптоварени со туристи

Податоците од последната предпандемиска година (2019) покажуваат дека Дубровник е град со најголем број туристи, во однос на бројот на жителите. Со 36 туристи на еден жител, Дубровник е највисоко на тронот на најпосетените туристички дестинации.

Порталот  ‘Holidu’ пишува дека најдобро време да се посети Дубровник е во првите денови на мај или од средината на септември до средината на октомври, за да се избегне летната навалица.

Венеција е на второ место 

Венеција е втор град на листата на посетеност со 21 турист на еден жител. Овој град има компликуван однос со туристите, посебно со тие кои доаѓаат на еден ден и не оставаат могу пари, се вели во анализата.

Од август 2021 забрането е проаѓањето на крузерите низ центарот на градот, а од 16 јануари оваа година дневните посетители ќе мораат да направат резервација и да платат такса за влегување во градот.

Бриж е трети

Средновековниот белгиски град Бриж е трет на листата со 21 турист на еден домашен жител. Овој град, кој со своето културно наследство се наоѓа на листата на УНЕСКО, со туристи е преплавен од крајот на мај до крајот на летото. 

Родос

Грчкиот Родос е на 4. место, а престолнината на Исланд, Рејкјавик, е на петото место.

Ограничување на брзината во Европа и во регионов

Во однос на брзината на возењето, на картата на Европа нема големи отстапувања. На улиците во населените места брзината речиси секаде е ограничена на 50 км/час

Во Белгија брзината се „движи“ од 20-50 км/час. Во Шведска на некои места дозволено е возење и до 70 км/час, но во оваа држава одлуките за ограничувањето на брзината ги донесува општината и нема единствено правило за цела Шведска. 

Во Полска, дење, во населените места се вози со 60 км/час, а во ноќните часови со 60 км/час.

Во регионов, Албанија има најмала дозволена брзина: во населените места – 40 км/час, а во Босна и Херцеговина 50 или 60 км/час. Во Македонија 40 – 60 км/час.

Во Албанија движењето на автомобилите е ограничено на 110 км/час. додека во Црна Гора ораничувањето не е поголемо од 100 км/час поради свиоците и угорниците.

Надвор од населените мсета речиси во сите земји од регионов просечната брзина е поставена на 80 км/час и со тоа се меѓу најниските во Европа. Во Хрватска и Словенија, како што спомнавме погоре, поради квалитетот на патиштата, максималтана брзината е ограничена на 90 км/час.

Во Европа се истакнуваат Италија и Грција во кои ограничувањето на брзината на возење надвор од населените места оди и до 110 км/час, додека возачите во Германија и Австрија се ограничени на 100 км/час, покажуваат податоцит на АЦЛ.

Во Молдавија, во која се уште нема ниеден пат класификуван како автопат, ограничувањето на брзината надвор од населените места се движат и до 110 км/час.

Во поголемито дел на Европа, возачите, надвор од населените места, мораат да се придржуваат до ограниувањсто од 90 км/час.

Единстведниот германски „автобан“

Кога станува збор за автопатиштата, прочуениот германски „автобан“ е единствен во Европа на кој нема ограничување на брзината, но се препорачува возење со максимална брзина од 130 км/час.

Во Полска и во Бугарија ограничувањето на брзината оди до  140 км/час.

Сите ограничувања на брзините можат да се најдат на мапите на интернет специјално изработени за сите категории возачи. Добро е да се побараат овие податоци за секој што сака да патува на далечни релации да биде подготвен, зашто човек што повеќе има информации толку е посигурен, во спротивно, патувањето може да биде стресно.