Почетниот стадиум на компанија кога се основа и започнува со реализација на бизнис идеите е кога фирмата е мала и најчесто е финансирана од капитал на самиот основач. Во развојот, во игра може да се вклучат приватни пласмани каде има инвеститори кои прифаќаат да инвеститраат во ризични бизниси, бидејќи во самиот старт не им е извесна иднината и профитабилноста. Во оваа фаза најчесто има специјализирани групи на инвеститори кои го прифаќат ризикот да инвестираат во раната фаза на компанијата. Можните идни придобивки се многу поголеми ако бизнис приказната е успешна.

Како што објаснува Дарко Сима, вработен во Македонската берза како соработник за котација. овие инвестиции од приватни пласмани се можни во повеќе серии. Но кога се доаѓа до развој на компанија, следи фаза каде команијата може да направи јавна понуда. Тоа значи дека би се појавила на пазарот на капиталот и се обраќа до поширок круг на инвеститори со својот бизнис план и развојни идеи и би побарала дополнителен капитал за развој на компанијата. По успешна јавна понуда, доаѓа до котација на берза каде со сите работи кои следат, а тоа се редовно известување до јавноста и давање информации до инвеститорите кои се битни.
„Јавна понуда е кога за прв пат се објавува при преобразба на ДОО во Акционерско друштво (АД) или при прва јавна понуда на веќе постоечко АД кое се подготвува да излезе на пазарот на капитал. При спроведување на јавната понуда потребно е трансофрмација на самото друштво. Ако било во правна форма ДОО или ДООЕЛ потребно е компанијата да се трансформира во АД за да ја спроведе постапакта за јавна понуда. Еден од предусловите е компаниајта да биде на доволен степен на развој за да се справи со предизвиците. Да се справи со обврските кои произлегуваат со обврските од законот за трговски друштва и законот за хартии од вредност. Самата компанија ќе треба да носи одлуки и да спроведува постапки согласно закон. За продажба на акции преку јавна понуда, потребен е тим кој има искуство при анализа на финансиските извештаи, се прават евалуации и вреднување на имотот на друштвото, да се има способност да се изработи проспектот кој се издава при самата јавна понуда, потребен е и правник за носење на тие одлуки во таа постапка за јавна понуда“, вели Сима.
Битен дел на самата продажба на емисијата, потребно е да се рекламира за да се запознаат инвеститорите на самите карактеристики на бизнисот. Во оваа дејност, тоа се брокерските куќи кои се посрединици меѓу инвеститорите на пазарот на капитал и се најмногу вклучени во целта постапка околу продажбата, запознавање на инвесторите со сите информации за јавната понуда. Според Сима, значајно би било ПР консултат кој би овозможил соодветно да се презентира самиот процес и постапка за да можат поголем број инвестиои да се заинтересирани за јавната понуда.
„При јавната понуда, задолжително е да се има проспект и покана за запишување на хартии од вредност. Проспектот нуди задолжителни информации до јавноста, целосна биографија на фирмата, патот од развојот до моментот до кога компанијата решила да направи јавна понуда, ризиците во работењето, финансиските податоци за најмалки 3 години. Поканата е скарена форма на проспект“, вели Сима.
Фактори на успешноста на јавната понуда
„При обид за прибирање нов капитал, компанијта може да издава 100 000 нови акции по вредност од 5 евра. Тоа има постоечка евалуација во компанијата. Ако компанијата бара премногу, инвестотирите не би купувале нешто што им изгледа прескапо. Тоа е битен фактор дали јавната понуда би била успешна или не. Компаниите кои имаат различен пат кон успех се поатрактивни. Самиот производ или услуга што ја нудат има влијание. Има повеќе заинтересирани инвеститори во зависност дали компанијата остварува приходи, солжни маржи, дали има прилив на пари и дали е профитабилна или има пад. Како прва опција е да се бараат кредити од банките за финансирање. Втората опција е јавната понуда каде може да се бара свеж капитал од поширок круг инвестиори, инвестициски фондови, портфолио менаџери и физички лица. При јавна понуда компанијата мора да размисли што всушност бара“, потенцира Сима.
Можни се два начини на финансирање преку нова емисија на акции, постоечките сопственици на компанијата би се откажале од одреден процент на сопственот на компнијата бидејќи ќе настапи промена на сопственичката структура. Со тоа процентот на контрола на постоечките ќе се разводни поради новите инвеститори. не постои ограничување при издавање нова емисија на акции. втората акција е да се издадат дожнички хартии од вредност, обврзници или комерцијални записи. Тука нема промена на сопственичка структира и нема намаување на процентот на контрола.
„Придобивките од јавната понуда се дека јавноста тоа ќе го вреднува за да имате после увид дека навистина вашите евалуации како претпримач се блиску до пазарните вреднувања. Компанијата добива и публицитет. После јавната понуда може да оди на котација на овастена берза или да остане во регистарот на друштва со посебни обврски за ивестување на компаниајта. Котацијата има придобивки бидејќи создава полесен пристап до капитал во иднина. создава јавност за компанијата во смисла дека секогаѓ ќе биде присутна во медиумите“, објаснува Сима.
Во светот во првата половина од 2022 година има јавни понуди во обем од 92 милијари долари, а само во Европа 4,8 милијарди евра.

Колкав е обемот на парични средства што се вложени во Македонија?
Прва група се инвестициските фондови. Инвестициските фондови имаат 178 милиони евра инвестирано во различни групи на средства, заклучно до октомври 2022. Најголем дел, 99 милиони се вложени во парични фондови кои се посигурни фондови бидејќи вложуваат исклучиво во депозити или обврзници. Одреден износ има кој вложуваат во поризични инвестиции. Можни инвеститори се мали инвеститори и останати групи, во кои спаѓаат правни лица кои не се фондови, но, сепак вложуваат на пазарот. Со овој тип на инвеститори контакт се брокерските куќи.
Кога станува збор за ваков тип на инвеститори, во 2022 година заклучно со третиот квартал, прометот на македонската берза и странските пазари изнесува 146 милиони евра, Во 2021 вкупната сума е 273 милиони евра, доде во 2020-та е 189 милиони евра. Ова е капацитет на домашни инвеститори во нови емисии или јавна понуда.
Домашните задолжителни и доброволни пензиски фондови имаат 1,8 милијарди евра за инвестирање. Најголем дел се вложени во обврзници и депозити. Но, сепак, 47 милиони евра од тие пари се вложени во акции на домашниот пазар.