Помина уште еден голем празник, по кого на излетничките места остана големо ѓубе! Значи големите празници носат големо ѓубре. Односно, за нашето големо славје сведочат наштие големи дела. Што поголема можност за одмор и рекреација, тоа поголем куп ѓубре во природата. Тоа е овдешниот менталитет, а тоа е нешто што не се брише со никаков закон од свеста на луѓето, со никакви санкции, особено во земја во кои тие не се применуваат. Зошто не се применуваат, тоа е големо прашање, навидум банално, но со тешки природни и економски последици. Некогаш славните скопски рекреативни места, што не се оддржуваат, станаа депонии. Едно од тие е „Кривината“ на реката Треска, само малку подолу од рекретавното езеро „Треска“, кое, исто така, не постои одамна, пуштено во употеба 1978 година, изградено со самопридонес на скопјани.
За езерото е многу пишувано. Анторис е првиот медиум што објавува слики од сегашната состојба на „Кривината“ и на околината. На овој простор никнало секое семче што го донесол ветрот, секоја дива трева што ги боцка стапалата и го брка гостинот да не доаѓа веќе на негова територија, зашто човекот одамна дигнал раце од неа, па таа се претворила во степа. Но, тој простор, наместо да го брани, човекот го напаѓа се’ повеќе, како да сака да го докрајчи, како да не му треба и на крајот е докрајчен.
Подолу од „Кривината “ по течението на Треска, има огромен број депонии, односно ѓубре фрлено во самата река, со што Треска, од најчиста, стана можеби најзагадената река во Македонија. За депониите од страната на селото Крушопек, спроти Сарај, пишувавме неколку пати.
Есеноска, некој си портпарол на општината Сарај, ни одговори дека тоа ѓубре во Треска го фрлаат градежници што градат објекти во Тафталиџе, во Влае и тн. и тоа по полноќ (инспекцијата надгледувала наводно до полноќ, потоа и’ се спиело), што не е точно, бидејќи слободно можеме да кажеме дека Крушопек е екстериторијална зона во Македонија, како и многу други територии во кои не важат државните закони.
Потоа Анторис поднесе пријава до градската инспекција. Четворица инспектори дојдоа на самото место, демек им требаше некој да ги викне, а од нивното присуство се виде дека тие го знаат проблемот, ама ни самите не знаат зошто не реагираат на некој начин. Но, ветија дека ќе интервенираат барем со чистење на реката со булдожер и камион. Потоа ние се јавија да ни кажат дека нашата пријава се процесуира и да не уверат во својата делотворност. Но, до ден денес ништо не е поместено, ни едно камче, ни едно сметиште, се е како што беше:
Така и Сарај е едно од загрозените скопски рекреативни места. Посетителите не одат кон реката, ја избегнуваат, не се чувстуваат пријатно, тие места ги одвраќаат. Граѓаните што живеат во овој дела на Скопје искрено се плашат дека еден ден и Сарај ќе почне да се користи како депонија, бидејќи градот произведува огромно количестов ѓубре, на кое никој не сметаше кога се дозволи да се преполни градот со жители, повеќе отколку што може тој да ги издржи на своите плеќи.