Веќе не може да се зборува за некаков умерен раст на македонската економија, се разбира поради влошување на безбедносните услови на глобално ниво. Војните беснеат и покрај привремените примирја, но стравот од нивното продолжување ја крева претпазливоста на инвеститорите, па цените се држат на високо ниво, што ја погодува и нашата домашна економија, па какви мерки и да се воведуваат. Сега македонската економија се наоѓа во типична стагфлација, погодена од цената на нафтата на светските берзи, во услови на минимална побарувачка од страна на потрошувачите на домашниот пазар, а спротивно на тоа цените растат, односно расте инфлацијата, па домашните монетарци и политички власти не можат ова да го демантираат и да се фалат дека успешно ќе се изборат со оваа појава, при толку слаба економска основа. Македонската економија има слаб темел за до ги издржи сите овие шокови. Поради неповолните времнски услови, мајскиот мраз, настрадаа лозјата и овошките, па во догледно време не’ очекува нов пазарен шок, односно неможност граѓаните да ги задоволат потребите што се неопходни за нивното здравје.     

Ова го признава и Народната банка на Македоија која деновиве објави нови информации и предвидувања за движењето на домашната економија. Таа прогнозира поголеми проценти на инфалцијата од претходно предвидените, што значи и неповолни услови за работа на целиот економски сектор, повисоки цени – помала побарувачка – помалку финансиски ефект за ивеститорите – памалку инвестиции – намалување на работните места - помали приливи во буџетот и во социјалните фондови – помали инвестции во капиталниот развој... и така економијата дејстува како сврзаните садови.    

„Во моментов, трошоците за живот се повисоки од проектираните и заедно со повисоките увозните цени, создава нагорни ризици за досегашната проекција од 2,5 отсто“, се наведува во соопштението на банката.

„Се очекуваат и повисоки берзански цени на енергенсите и храната во следниот период, што упатува на зголемени ризици и потреба од внимателност“, наведува Централната банка. Наместо оптимистичките очекувања на јанвоста дека војните, украинската и иранската, ќе завршат и ќе дојде до поевтинување на горивата, Банката предвидува дека цената на енергенсите ќе расте.  

Прогнозата за инфлацијата на македонските власти од 2,5 – 3 проценти е далеку од точност. Само за еден месец, април – во споредва со март, нивото се очекува да покаже двојни врености односно инфлфлација од 5 до 6 проценти. Утешетиелно било тоа што инфлацијата кај соседите покажувала слични вредности (6% во Хрватска, 5-6 % Србија, 4,5 – 5 % во Грција).

На нашиот домашен терен ситуацијата одмна е ислкучително тешка. Од почеткот на пандемијата на КОВИД 19, значи во последниве 5-6 години, цените на домашниот пазар се пскапени во просек најмалку за 50%. Домашното производство во индустријата и во земјоделството не се зголемува, туку се намалува. Банално е веќе да нагласуваме дека најздравата и најпродуктивната работна  сила се има иселено и на домашниот пазар нема избор на квалификуван кадар, па така цените на услугите зависат од војлата на занаетчиите кои работат на црно, без никави даночни обврски, тие станаа господари на нашиот домашен живот, но воопшто вината не е кај нив, тие се движат по патот што им го трасираат пазарните услови, што државата очигледно не може да го контролира. Сивата економија веќе  никој не ја ни спомнува, бидејќи, ако не е тоа сивило, ситуацијата ќе стане уште поцрна.       

Најинтересно е прашањето за организацијата на земјоделството, кое со децении бара субвенции, за кои се жали дека не се исплатуваат навремено, дека во откупот владеат монополите што ја спуштаат цената, па така тие работат за ништо, па земјоделските површини се намалуваат, како да имаме цело небо ниви на располагање.  

Водните сиситеми се девастирани, ѓубривата со актуелните војни достигнаа астрономски цени, а и не можат да се најдат на пазарот. Индустријата не може да се пофали со никакви високоизвозни производи и конкурентни цени на светскиот пазар, енергетиката се сведува на задоволување на многу мал дел од домашните потреби, па така се’ на се’ не може да се види излезот од тунелот.

Потрошувачката кошничка што ја „полнат “синдикалците во април достигнала речиси 69.000 денари!!! Да напоменеме дека во таа кошничка не влегуваат некакви животни луксузи, туку продукти за задоволување на основните потреби. За четири месеци нејзината вредност е зголемена за 3.300 денари!!! Тоа се фрапантни бројки кои економските и политички власти ги игнорираат и се одесуваат така како да можат да се решат со еден лесен зафат на мерки, кои никако да дадат ефекти. Во сите анкети граѓаните изразуваат незадоволство од цените и од животниот стандард. Во медиумите преовладуваат вести за убиства, за насилства, надмудрувања околу уставните измени, а најжешката тема – еконмијата, животот, комоцијата за граѓаните и нивниот душевен мир, се пласираат кон крајот или на една страница во печатот, во интернет медиумите исто така економијата нема соодветен третман, како да е се во ред и така треба да се продолжи. Тоа е трагичната нација, кој одмана е научена да гази со камче во чевелот и да не протестира или да застане да го извади камчето, мислејќи дека така треба и готово.

Многумина се прашуваат, па како и кога ќе дојде тоа олеснување, многумина се надеваат тоа да се случи брзо, но сите што мислат така ги прегази времето и еве 35 години од нашето располагање со сопствената држава не успеавме да заживееме човечки. Значи, надежта последна умира, но рокот за нашата надеж, како што изгледа е одамна поминат.

Приврзениците на политиката на изолација во однос на понудата од ЕУ за членсто во оваа заедница, можеби ќе истакнат некоја нова генијална идеја како Македонија, при вакви економски услови и политика, цени, енергетика кондиција и друго, може да преживее без европската помош која стои на располагање, а која ние не сакаме или се инаетиме да ја ставиме во функција на развојот.