Побарувачката за одредени вештини често ја надминува достапната понуда, што доведува до недостиг на квалификувани кандидати за работа. Ова може да влијае на различни сектори, вклучувајќи ја технологијата, здравството, производството и многу повеќе. Фактори како што се менување на динамиката на пазарот на труд, развој на барањата за вештини и демографски промени придонесуваат за ова прашање. Се прават напори ширум светот да се реши овој проблем преку програми за образование и обука, иницијативи за подобрување на вештините и стратегии за привлекување и задржување на таленти.

Еден таков вид на програма во земјава спореведуваат Обединетите нации во соработка со Агенцијата за вработување. Преку неа се прави обид да се одговори на пазарот на труд, нудејќи квалификувана работна сила таму каде е најпотребно. Без разлика на возраста, секогаш е добредојдена обука за конкретно работно место и нема да има дефицитарен кадар. 

Според Снежана Мирчевска - Дамјановска, национална техничка советничка во програмата за развој на Обединетите нации, овој проблем е светски тренд, бидејќи   дигиталната и зелена танзиција наметнуват потреба од преквалификација и доквалификација на вработени и невработени лица. 

„За вработените оваа преквалификација значи задржување на своето работно место. Бидејќи новите процеси подразбираат и нови вештини кои се потребни за тоа работно место. Од друга страна, за невработените, континуираното подобрување на своите вештини значи наоѓање на вработување. Добро позната е изреката е дека учиме додека сме живи. Ако не ги надградуваме нашите вештини многу тешко дека ќе можеме да се справиме со трендовите кои се појавуваат. Програмата за развој на Обединатите нации долги низа години спроведува анализи, разговори со бизнис секторот, спроведува согласувања по однос на трендовите кои се случуваат во светот и во соработка со националните партнери МТСП и Агенцијата за вработување, креираме и реализираме низа мерки и активности кои се квалификување и обука за невработените лица за истите да се најдат на пазарот на труд“, вели Мирчевска - Дамјановска.  

Во моментов, работодавачите имаат голема потреба од квалификуван кадар. Веќе 10 години наназад се зборува дека има невработени лица. Но, сега и барањата на работоавачите малку се променија. Ако претходно инсистираа да имаат млад невработен кадар или кадар кој ќе може да го моделираат согласно своите потреби соочени со трендовите и она што треба да го постигнат за да излезат на глобалниот пазар, сега веќе бараат готов кадар. 

Но, за да се добие готов кадар, потребно е тие да ги научат производствените процеси и активности кои се одвиваат во една компанија за да може да одговори на задачата на работното место. 

„Без вклучување на работодавачите, навистина овој процес би бил залуден. Како тренд во измиантите 4 години, за вклучување на работодавачите во ваков вид активности се зголемува. Тие се соочуваат и се свесни дека не може да се најде квалификуван кадар за позицијата која ја имаат слободно. Граѓаните од социјален ризик исто така можат да учествуваат на обуките, но, пристапот кој мора да се примени со нив е поразличен. Во раките на нашата програма заедно со АВМУ ја реализираме мерката „Економија на грижа“ која подразбира постепено вклучување на ранливите категории на пазарот на труд преку обука потоа работно ангажирање“, вели Мирчевска - Демјановска.  

Оваа година се одблележува една декада од тие активности. Тоа се услуги кои се обезбедуваат во социјалниот сектор. Учество земаат голем број на жени кои се застапени и постепено добиваат обука, работен ангажман од 4 часа дневно да можат да ги исполнат своите обврски во домот и на пазарот на труд. 

„Кога процесот на транзиција поминува, многу полесно се вработуваат. Самата обука е на местото каде ќе бидат вработени. Се дава можност да се увиди какво е работното место. За да се искористи потенцијалот на една држава потребно е вклучување на сите категории - на мажите во нетрадиционални машки професиии и жените во традиционално неженски професии“, вели таа.  

Според податоците на АВРМ, состојбата на пазарот на трудот се менува секоја година пред се како резултат на неквалификувана работна сила. Ако порано се бараа млади лица, сега работодавачите бараат какво било невработено лице за да се вклучи во нивната компанија. Во понудата се невработените лица и АВРМ настојува да ја подобри нивната положба, да ја зголеми нивната флексибилност преку обуки.  

Во овој момент, најприоритетни барања од работодавачите има во градежната индустрија, текстилната, угостителството. 

„За да ги  привлечеме младите, креирани се обуки согласно новите трендови - на пример приближивање на градежништвото. Тоа не подразбира секогаш градежен работник кој ѕида и молерисува. Имаме современи обуки како бим технологии, моделирање во текстилна индустрија, модернизирање на сегментот во нашето стопанство“, вели Мирчевска - Дамјановска. 

Во ноември 2023 година, бројката на слободни работни места во земјава изнесува 6.800.