Националниот младински совет на Македонија обединува повеќе од 50 организации кои работат со млади и најголем дел работат на темата волонтерство и обезбедување можноти за волонтирање. 

Генералната секретарка Мариана Ангелова смета дека волонтирањето покажива на системот дека постои активно граѓанство и млади луѓе спремни да покажат дека можат да решат одредени проблеми. Тоа само по себе најчесто се појавува кога станува збор за прашања и проблеми од кои се самите засегнати.  

„Мотивирањето на младите е најчесто проблем на целата поставеност на системот и како ние како чинители во волонтерските акции им помагаме на младите. Како младите се мотивираат? Најпрвин, треба да имаат круг на пријатели кои се исто така засегнати од проблемот и се мотивираат самите меѓу себе. Постојат и предизвици. Нивниот волонтерски труд и креативни решенија не се препознаени, исто како и врднувањето на нивниот труд“, смета Ангелова.  

Нејзиниот генерален став е дека волонтирањето придонесува за зголемување на чувството на припадност кон заедницата. Според неа, волонтирањето помага и во друг многу битен сегмент во развивање на одредени вештини, кои можеби образовниот систем не помага да се развијат. Тоа се способност за работа под притисок, тимска работа, комуникациски вештини, организациски вештини, лидерски вештини, бидејќи некој од групата волонтери секогаш е лидер. 

„Тие придобвки заедно со придобивката дека сте млад, активен човек, дека е креативен во општеството и дека може да ги реши проблемите придонесува и до полесно вработување. Она што и ние во Националниот младински совет во комуникација со многу од компаниите со кои сорабутуваме го воочивме е дека млдите луѓе кои имаат волонтерско искуство, полесно можат да се прилагодат во работната средина. Многу често им го препознаваат волонтерското искуство и има додадена вредност секогаш при процесот на вработување. Исто така, може да придонесе индиректно и до вработливоста на младите. За нас тоа е важно бидејќи голем е процентот на млади кои се невработени или немеаат квалитет на работното место и тоа се теми на кои треба повеќе да се работи“, смета Ангелова.

Законот за волонтерство во Македонија активно постои веќе 15 години. Но, се чини дека наодите даваат не толку добри резултати - волонтерството не е застапено и развиено меѓу младите на задоволително ниво. Од друга страна, компаниите од приватниот сектор во поголема мера знаат и да злоупотребуваат волонтирањето за ангажирање на бесплатна работна сила, што во суштина е сосема погрешен пристап од она за кое постои. Бидејќи секоја волонтерска програма на компаниајта или организацијата треба да има мисија за мотивација на волонтерите за тие да се чувствуваат исполнети од работата која ја спроведуваат. 

Волонтирањето подразбира активност во период од 2- 12 месеци, за кое се добива финансиски средства за патување, сместување. храна и осигурувње и одредена сума како надоместок. Волонтирањето не е дел од формалното образование. Младите кои волонтираат се стекнуваат со искуство во неформален и формален контекст кои ги зајакнува нивните компетенции и вештини. И секако, волотнриањето не смее да се замени со работа.