Прогнозите на метеоролозите најавуваат најтопло лето во историјата откако се мери температурата на воздухот. Развиените земји се развиени затоа што имаат поразвиена општа свест од неразвиените, па бараат решение за проблемите многу порано од тие што не им текнува тоа да го сторат. Така е во сите креативни области, па и во заштитата на природата. Најелементарна мерка за заштита е намалувањето на штетните гасови, за што се зборува во последниве 50тина години, и садењето дрвја, како  најголем извор на кислород.

Во нашава земја ретко има организирани акции за садење дрвја, а индивудуалните амбиции и иницијативи се сметаат за аматерски обид на ентузијастите.

Таков е можеби единствениот пример со г-дин Томе Стојанов Гинко, кој својот прекар го има добиено токму по растението, дрвото, со чие садење и заштита е преокупиран, дури и по цена на поднесување на трошоците од сопствениот џеб, со подароци што им ги дава на луѓето, на општините на црквите и манастирите и е подготвен за секаков вид консултација, а најчесто самиот оди и помага во садењето. Гинкото (Ginko biloba) е едно од најстарите видови дрвја. Повеќе производи од гинкото се направени со екстракт од неговите листови. Компонентите на гинкото помагаат за подобрување на работата на повеќето системи на човековиот организам, но најголемата причина - зошто треба да се сади гинко во природата е неговата огромна сенка и неговата емисија на огромни количества кислород.  

Томе е познат во нашата средина, сите сакаат да го имаат гинкото во дворовите, го бараат Томета, но никако да заживее некоја помасовна акција за садење на ова дрво кое дава живот, така и е познато во светот како „дрво на животот“, да живее дури и над 400 години, а на крај да биде искористено и како дрвна суровина.

Ретко која општина се има заинтересирано за садењето на гинкото на своја територија, а и некои, кои од Томе имале нарачано гинко и посадено, или на ја плаќаат услугата на време или воопшто не му плаќаат. Ретки се општините што  маат направено гинко-парк. Тоа се:  Делчево со 50 дрвја, Облешево во кое има наседено гинко во дворовите на сите учлишта, во Крушево се наседани 26 дрвца пред црквата „Преображение“, колку што имаше Тоше Проески години на трагичниот ден, во Гевгелија докторка по стоматологија има насадено 25 садници како симбол од почетокот на работата на нејзината ординација, Кавадарци 12 садници како сеќавање на 12-темина стрелани малдинци од Ваташа во Втората светска војна и тн. Но, сето ова ако го соберете ќе видите дека се работи за садење на стотина дрвца, што во споредба со можностите и потребата од шума и дрвја не претставуваат никаква „сила“.

Во нашава земја свеста за оддржувае на природата во кондиција е на многу ниско ниво. Огромен дел од садниците што ги има засадено Томе по парковите, од небрежност се пресечени со тримери. Дека сме народ и земеја љубители на гнасотијата, се гледа по состојбата и количеството на ѓубрето со кое сме претрупани.

Македонија секоја година страда од големи шумски пожари, кои голтаат стотици хектари првокласна шума од сите видови, па и од ендемичните. Но, никој за тоа не е многу загрижен, дури и авионите што ги купивме за гаснење, не се секогаш исправни, па можеме да кажеме дека секогаш кога ни биле потребни тие биле на сервис или лежеле затоа што нема пилоти да ги управуваат, па на помош ни идеа пожарникари од блиските и подалечнните змеји кои се чудат - зошто во Македонија превентивата од шумските пожари се сведува на стаирте „ФАП“-ови со кои се’ уште располагаат општинските противпожзарни служи и тоа е „најтешката артилерија“ против огненеата стихија.

Акцијата „Ден на дрвото“ веќе ја нема, никој не се сеќава од кои причини, но многу видлив беше популизмот без некоја цврста организација, а со голем сомнеж дека беше пралница за пари.            

Но, никој не може да ја уништи човековиата иницјатива за создавање во сите области, во науката, уметноста или во прородата. Така, ако никој не ја прифати благородната инициијатвиа за садење на гинкото, ќе ја продолжат некои на кои ќе им се допадне неговата убавина и лековитите својства.

На крајот на краиштата, никој не инсистира на садење само на еден вид дрво, туку на масовно садење, со вклучување на најмладите за да се надомести тоа што е изгубено, со  план за натфрлување на потребите, затоа што потребата од кислород нема ограничување.