Во последно време, се повеќе се експлоатира концептот на одржливост и зеленото во позитивен контекст насекаде. Се повеќе е застапен во разни маркетинг кампањи и производи. Но, како модел, што една бизнис компанија треба да работи за да биде во суштина се смета за одржлива?

За Методија Миноски, одговорен за делот за управување со животна средина во „ПроКредит“ банка, тоа е заложбата на банката системски да го адресира прашањето. Невообичаено е вели за една банка да има еден посебен ваков оддел кој го третира ова прашање од различни аспекти.


„Во ПроКредит“ постои развиен систем за управување со животната средина кој го отсликува моделот во секојдневното работење. И тоа расположливи ресурси, кадар кој работи на тематиката. Имаме годишни планови, мерки за спроведување на активности,  се гледа каков е импактот кој банката го има во опкружувањето. Потоа, кои се очекуваните резултати, што е она што може да се подобрува. Тоа е модел кој подразбира постојано учење. Секоја технологија која придонесува за справување со климатските промени да се спроведува. Не само преку интерните мерки за штедење на хартија, вода или струја, се обидуваме да ги подобриме интерните процеси. Да го зголемите степенот на ефикасност.  Да ги намалиме овие материјали, а да не се одрази во работењето на компанијата“, вели Миноски.

На онлајн тркалезната маса за моделите на одржлив развој на една компанија во организација на „Еко свест“, Миновски сподели и информации за тоа кој клиент може да добие зелено светло од банката за кредитирање. Најбитни моменти како што посочи, се проценките на банката какво би било нивното влијание кон животната средина и општеството.
„Потребна е соодветна проценка на еколошкиот и социолошкиот ризик при секој пласман, кој го пласирате во реалниот сектор. И тоа е многу попредизвикувачки. Тоа може да наложи дека потенцијално, би изгубиле одредени клиенти за соработка. Ако на пример, некој не е согласен со некои стандарди кои институцијата ги поставила во аспект на животната среедина. Имаме листа на дефинирани дејности со кои банката не сака да влезе во деловна соработка. Тоа се легални дејности како подземни рудници, коцкарници, тутунската индустрија. Тоа се реални дејности кои се застапени и немаат правни пречки за работење, Еднсотавно ние како банка не би сакале да имаме удел во нивно финансирање“, истакна Миноски.


Според Миноски, прашањето кои се наметнува е колку еден ваков модел на дефинирање на одржливоста на една компанија е сеопфатен. И дали истиот е одржлив на долг рок. Имајќи го предвид дека сите во опкружувањето ги користат ресурсите како хартија, вода, енергија. Паралелно,
„Придонесуваме за едно комплетно менување на животната средина. И менување на сликата и потенцијалите кои животната средина ги има за следните генерации. Бидејќи, одржливоста како концепт подразбира потенцијалот кој го користи нашата генерација, не смее да го загрози потенцијалот на идните генерации, смета Миноски.

Тој смета дека моделот на одржливост треб да ги интегрира еколошката, економската и општествената оджливост на една компанија. Тоа е преземање мерки во сите три сфери, а не само остварување на бизнис целите, туку и грижа за општеството. Според него, банките мора да имаат соодветни механизми како ќе влијаат кон опкружувањето. Како што истакна, во „ПроКредит банка“ тоа се системски и корпоративни заложби, а не само декларативни.