Просечната плата расте, сиромаштијата се зголемува. Но, прашањето е : Како може просечната плата да се качува во време на криза, во време во кое многу индустриски гранки доживеаја колапс, а огромен број рабоници беа отпуштени од работа...?
Просечната плата расте, сиромаштијата се зголемува.
„Просечната плата во Македонија постојано расте“. Власта информира дека со тоа се реализираат предизборните ветувања, дека тој просек за време на нејзиниот четиригодишен мандат ќе достигне 30 000 денари.
Еве ги последните податоци на Заводот за статистика од кои може да се види динамиката на покачувањето.
Првиот податок е за цела 2020 година, вториот е за јануари 2021 и третиот е за февруари оваа година.
Просечната исплатена нето-плата по вработен во РСМ, исплатена во 2020 година, Соопштение на ДСЗ број 4.1.23.17 од 23.02.2021, изнесува 27.182,00 ден.
Исплатената просечната месечна нето-плата по вработен во јануари 2021 година изнесувала 28.272 денари, што е за 2,7% повисока од истиот месец лани, или зголемување од 732 денари за една година.
Просечната исплатена нето плата за февруари 2021 - Соопштение на ДЗС број 4.1.21.37 од 21.04.2021, изнесува 27.948,00 ден.
Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12,4%), Уметност, забава и рекреација (8,4%) и Информации и комуникации (8,3%).

Како може просечната плата да се качува во време на криза
Статистиката си ја врши работата на високостручна установа, според метологиите на Еуростат и тука нема дилеми.
Владата, пак, вели дека е „во консултација со сите чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креира амбиент за раст на просечната и на минимална плата. „Посветени сме на реализација на стапките на економски раст и покачување на платите до 30%.“
Но, прашањето е многу просто: Како може просечната плата да се качува во време на криза, во време во кое многу индустриски гранки доживеаја колапс (текстилната индустрија, туризмот и угостителството, транспортот и шпедицијата, трговијата...) огромен број рабоници беа отпуштени од работа...?
За какво покачување на просечната плата станува збор, кога во органите на управата, администрацијата, платите не се покачени, туку стагнираат.
Во приватниот сектор, пак, никој не покачува плата, туку гледа да ја намали и со што помалку вработени да оставари поголема продукција, производство или услуги.
Економские мерки на владата во време на ковид-кризата се исправни, но беа донекаде доволни да не се удави стопанството, а не да се покачат платите. Ковид-кризата ја забави и ја врати назад, не само домашната, туку и светската економија.
Што се однесува до домашните услови и задачи, голите показатели ништо не му значат на сиромашниот македонски граѓанин (околу 450 000 граќани во Македонија живеат во тешки услови, што е 22% од вкупното население).
Македонските граѓани што имаат посетено барем една од развиените земји, го почувствувале мирисот на благосостојбата и тие многу повеќе ја сфаќаат неопходноста од економски, правни и образовни реформи и императивот да се влезе во друштвово на развиените земји. Со тоа, правецот на секоја домашна влада е одреден, но тој треба да биде конзистантен и реален.
Бране Стефановски