
Светскиот мега-цар Рамбо Амадеус, откако ја победи короната и одржа еден антологиски онлајн концерт, а секој концерт на Рамбо е антологија, како што вели големиот Пеца Поповиќ, му се врати на морето, на својот роден град Херцег Нови... И на својата стара професија – инструктор по едрење.
- Ово није постер скинут с пинтереса – вели рамбо на својата фејсбук страница (Антоније Пушиќ), и дообјаснува...- Ова е училишниот брод „Бока“ на редовна задача. Освен школо за едрење, ние ги запознаваме учениците и со соларниот систем и неговите придобивки од животната средина, економијата и другите.
Туристичка тура која ја организира Рамбо, води низ водите на Бока Которска, а се е вклучено како дел од активностите на неговото морско училиште.
- Само синовите на милијардерите можат да уживаат цело време, ние останатите можеме само да избираме работа – заклучува Рамбо, и повикува на booking секој кој е за дружба, учење и уживање.
фото: Милош Вучковиќ
