Дуалното стручно образование и обука е модел кој комбинира теоретско учење засновано во училница со практична обука на работното место. Иако концептот на дуално образование има корени во различни историски практики, тешко е да се припише неговиот изум на еден поединец. Дуалните образовни системи еволуирале со текот на времето и се имплементирани во различни земји низ светот.

Германија често е заслужна за пионерството во модерниот дуален образовен систем и за поставување на темелите за дуалното образование. Нејзиниот напор имаше за цел да го премостат јазот помеѓу академското образование и потребите на индустријата, обезбедувајќи квалификувани работници за растечкиот индустриски сектор.

Сепак, важно е да се забележи дека дуалните образовни системи постојат во различни форми во различни земји, а нивниот развој е под влијание на комбинација на историски, социјални и економски фактори. Затоа, иако Германија често се поврзува со потеклото на дуалното образование, тоа е концепт кој е адаптиран и имплементиран на различни начини низ целиот свет.

Германскиот модел на дуално образование веќе неколку години се пресликува и во Македонија. Инвестицијата во дуалното образование е инвестиција во реалниот сектор и е можност и компаниите да учествуваат во креирање на потребниот кадар, неопходно за економски раст и развој на една земја, смета  Наташа Јаневска од Стопанската комора. 

„Младите во текот на образовниот процес треба доволно да се подготват за да бидат функционални на пазарот на трудот. Теоријата е важна, но, ако нема практично знаење, теоријата е неприменлива. Добро е што расте менталитетот дека учениците треба теоретското знаење да го реализираат во компании, претходно го реализираа во училишните лаборатории и работлиници. Тоа не е исто, самата средина додека работат во компаниите имаат додадена вредност на практичната обука. Имаат искусни лица, ментори, обучени од Стопанската комора кои ги водат во целиот работен процес на компанијата. Практичната обука не е стихијна работа и процес“, вели јаневска.  

Преку Стопанската комора се врши верификација на компаниите и ги проверуваат условите, машините, опремата на кои треба да се подготвуваат учениците. 

„Го организиравме дигиталниот Саем за стручно образование, каде покажавме дека има доста работни места кои се автоматизирани што не се работат мануелно, што се поттикна токму во тие квалификации кои порано беа за потсмев земани од учениците, сега да се запишат ученици“, вели таа.  

Сепак, и покрај интересот за занает, има дефицитарни кадри во земјава. Тоа зависи од различни региони и различни потреби. Потребни се машински инженери, градежни инженери, месари, касапи, прехранбени техничари, бравари, заварувачи. Ова се струки кои се најбарани а со тоа можат да се најдат на пазарот на труд и може да дојдат до добра заработувачка. 

„Да се задржат младите во државата е сложен процес. Во подготовка на стратегија за задржување на младите треба да бидат вклучени сите чинители – државата, образовните институции, приватниот сектор. Ние мора да направиме економска стратегија да видиме каде сакаме да се движиме како земја. Честопати велам дека врз економската стратегија треба да ги изградиме другите модели на работа. Стратегија за образование, за здравство... Младите не заминуваат не само поради финансиски средства, треба да градиме правна држава, олеснување на компаниите да ги вршат своите процецси да го збогатуваат буџетот и да дојдеме до поголеми плати. За компаниите, најефикасен начин за стекнување свој кадар е дуално образование“, смета Јаневска. 

Податоците на „Евро чебмерс“ покажуваат дека три четвртини од работодавачите бараат стручни и трансферзалните вештини – разбирање на оргнаизациската култура, да ги сфатат односите во самата компанија, како да комуницират со претпоставените. одговорност, точност и решавање на проблеми преку критично размислување, донесување на одлуки и прифаќање на одговорноста и споделување на вината ако се направи проблем во компанијата. 

„Со гордост кажувам дека годинава за прв пат во средните училишта се запишаа 70 насто од учениците кои завршија деветолетка. 30 насто отпадна на гимназиското и уметничкото училиште. Не сме изненадени од ова бројка, како Комора работевме како да го направиме атрактивно стручното училиште и да се разбие стигмата дека стручните училиште не носат напредок и се само за послабите ученици. Оваа година со нашите активнсоти докажавме дека тоа не е така“, вели Јаневска.  

Ако пред 5 години имаше само 3 компании и 3 училишта кои беа вклучени во процесот на дуално образование, две години отпосле бројот на компаниите се зголеми на 11.  Минатата година интерес имало кај 500 компании, годинава 560 компании, што покажува дека од година во година расте бројот на фирми кои се вклучуваат во овој процес.