„Римац автомобили“ од гаражен проект до „Римац кампус“ вреден над 200 милиони евра. Производителот на електрични хиперавтомобили и погонски системи за електрични автомобили, Rimac Automobili го претстави проектот на своето ново технолошко напредно седиште. Тоа вклучува тест патека, сместувачки капацитети и музеј.
„Римац автомобили“ од гаражен проект до „Римац кампус“ вреден над 200 милиони евра
Rimac Automobili е создаден со визија за создавање возбудливи електрични автомобили и погонски системи за електрични возила. За само десет години тие прераснаа од гаражен проект во компанија која веќе вработува 1.000 луѓе.
Денес, компанијата развива и произведува свои автомобили и технологија. Исто така и системи за електричен погон за многу светски производители на автомобили.
Сите вредности на Римац на едно место
Во согласност со својот статус како стратешки партнер на големи компании како Hyundai, Kia и Porsche, Римац одлучил сите свои вработени и функции да ги собере на една единствена локација. За таа цел гради нов и впечатлив комплекс. Сите вредности на Римац на едно место. Проектот е дизајниран од познатото хрватско архитектонско студио 3LHD ќе .
Новиот комплекс ќе биде основа за истражување, развој и производство. Тој ќе и овозможи на компанијата да прерасне од производство на прототипови и проекти во мали серии до сериско производство на електрични погонски системи со високи перформанси. Исто и системи на батерии за многу светски автомобилски компании.
Новата локација, заснована на идејата за создавање на најдобро можно работно опкружување за вработените од целиот свет. Таа се наоѓа на само неколку километри од сегашното седиште на „Римац автомобили“. Ќе зафаќа површина од 100.000 м2. која ќе биде распослана на парцела од 200.000 м2.
За една деценија- од еден човек до 1000 вработени
Зборувајќи за возбудливите планови, извршниот директор и основач на компанијата, Мате Римац рече дека пред само 10 години Римац автомобили бил еден човек во гаража.
„Оттогаш, пораснавме на околу 1.000 вработени, склучивме стратешки партнерства со Порше, групацијата Хјундаи мотор и други значајни партнери. Работиме со најголемите имиња во автомобилската индустрија. Но, она на што останавме посветени е развој на нашиот бизнис во Хрватска. Горди сме што останавме тука и што оваа нова локација ќе стане наш долгорочен дом.
Со брзиот раст се појавија проблеми со просторот, кои ги „крпевме“ со бројни импровизации, па завршивме во над 10 згради во шест градови во Хрватска. Работното опкружување и соработката меѓу тимовите е од големо значење за нас, затоа решивме да направиме голем чекор и да го изградиме нашиот долгорочен дом – „Римац кампус“.
Се очекува да биде готов до 2023 година
Ние сакаме да создадеме простор што најдобро го рефлектира нашиот бренд и нашите амбиции, во соработка со водечките светски архитекти за изградба на кампус што се вклопува во природната убавина на Хрватска, истовремено обединувајќи ги сите аспекти на Rimac Automobil.
Главниот приоритет на проектот е да се создаде најдобра можна работна средина за нашите вработени и да им се овозможи на посетителите и пошироката јавност да уживаат во просторот и да се дружат со вработените во Rimac Automobil.
https://www.youtube.com/watch?v=KSnWEpwufLU&t=1s
Кампусот исто така ќе содржи некои неочекувани елементи како што се засолниште за животни, фризер, ветеринарна клиника и одгледување на сопствена храна. Но, ние никогаш не сме биле конвенционални. Кампусот го одразува нашиот пристап кој се разликува од повеќето. Кампусот е наша отскочна штица за планиран раст во следната деценија. Тој ќе нè зајакне како производители на хиперавтомобили и добавувачи на ниво еден на компоненти за електричен погон и системи на возила за големите производители на автомобили “, рече Римац.
Планираните финансиски инвестиции во проектот надминуваат 200 милиони евра. Изградбата на новата локација се очекува да започне до крајот на годината, а завршувањето е планирано за 2023 година.