Рудните богатства на планетава се експлоатираат откако човекот ја има измислено и најпримитивната алтка за копање  и откако ги има спознаено својствата на минералите. Оттогаш од нив се направени милијарди производи, голем дел од металите се претворени во пепел од дотрајаност, од војни, и други катастрофи. Се што се експлоатира долго, мора еден ден да заврши, да се потроши, да го снема. Што помалку го има, тоа станува се’ поскапо. Планетата нема друга утроба, таа е една и од неа веќе многу се има извадено, не само црвсти материјали, туку и течни и гасовити.

Затоа потребата од „критични“ материјалли во Европа е се посилно изразена. Македонија е богата со природни суровини, со скапоцени минерали како злато, железна руда, сребро, бакар, манган, никел, молибден, олово и цинк. Сите овие руди ги нема во изобилие, но ни тие не се екслоатираат доволно од нејасни причини, некои се истражуваат, но никако не можеме да речеме дека македонската рударска  индустрија е развиена, дури можеме да речеме дека во подамнешните времиња многу повеќе била развиена отколку во денешно време на пазарни економски услови. Рударството во БДП учествува само со 1,3 %.

Всушност, рударстака индустрија кај нас е на минимум, работат само рудниукот Боров Дол (рудник за површинска експлоатација на бакарна руда, наследник на 40-годишниот рудник Бучим), САСА - рудник за олово и цинк што се наоѓа во северо-источниот дел на земјата, на само 12 километри северно од Македонска Каменица. ​Има други неактивни рудници во чија утроба лежат големи количества од споменатите руди.

Што се однесува до можноста за транспорт на домашната руда, во прилог ни оди поволната географска положба на земјава на чија територија се вкрстуваат два важни коридора (8 исток – запад и 10 север – југ). Тоа се двата коридора неизбежни ако се сака да се оди по најкраткиот пат во регионов, секое заобиколување, значи повисоки трошоци за транспорт и за гориво.

Владата на Македонија е заинтересирана да оствари партнерство со странски компании што имаат намера да ги направат овие минерали, особено железната руда, економски одржливи. Меѓутоа, Македонија нема своја сопствена памет да ги искористи тие свои услови и разерви. Дури сега, на почетокот на 21 век почнаа да се градат овие коридори, кои доцнат, што од политички причини и околности, што од нашата неспособност и незнаење (се разбира дека ова се однесува на луѓето од властите на кои докажано не им е до развојот на земјата, туку само до личните интереси, преку корупција да создадат огромни богатства, што човек со редовна плата не може да го замисли, па да живее и 1000 години.)

Побарувачката за рудни богатства во наредниот период ќе продолжи да расте, затоа што „зелената транзиција“, односно преминот на одржливи извори на енергија не е можен  без користење на разновидни метали и на сите  природни материјали на кои се базира чистата технологија. Тоа денеска е едно од најзначајните прашања за Европската унија и за нејзиниот однос со другите  земји, вклучувајќи ја и Македонија. Имено, ЕУ во 2020. година го усвои Европскиот зелен договор, амбициозен план и рамка на политиката чија главна цел е Европа до 2050. година да биде сосем климатски неутрална. Договорот предвидува  намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, зелена транзиција кон обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност, воспоставување циркуларна економија.

Зелената транзиција не е можна без големи количини природни ресурси до кои може да се дојде исклучиво со вадење руда. Европската унија на почетокот на ова година наведе 34 „критични“ суровини, неопходни за зелената  транзиција. На списокот се борот, бакарот, литиумот, магнезиумот, никлот и др. ЕУ е во позиција на голема  зависност од овие материјали. Дури, ЕУ е загрижена дека ќе биде зависна од Кина на полето на преработка на суровини  и на производството на батерии, како што некогаш беше  зависна од Русија во набавката на енергенси. Тоа ја става во непогодна положба и лидерите на ЕУ го имаат препознаено тоа. Поради тоа во март оваа година е покрената иницијатива за донесување Закона за критичните суровини. Со овој акт, Европската унија се стреми кон тоа да ја осигура и да ја диверзифицира својата набава на критичните суровини за да се заштити од стратешката  зависност од одредени земји. Тоа може да биде и голема  шанса за Македонија. Но, прашање е на нашата снаодливост како и дали ќе може Македонија да оствари корист за својата економија, да ја зајакне својата позиција во однос на ЕУ преку рударството, а да не ја загрози својата животна средина.

Експертите велат дека предност треба да им се даде на суровините кои се долгорочно исплатливи и кој и би овозможиле развивање цел синџир производство што би вклучувал и производство на електрични автомобили и батерии за електричите возила. Најблизок партнер би можела да ни биде Србија која веќе ја има првата европска фабрика за ЛФП ќелии и батерии, а има најава дека во Ќуприја ќе се отвори нова гигафабрика за производство на батерии.

Соработката со ЕУ во областа на рударството би го зголемила значењето на Македонија во очите на ЕУ и би имала придонес во европската интеграција. Македонската рударска индустрија од доста поискусните и поразвиени светски компании би можела да научи многу, влучувајќи ги и најмодерните начини за унапредување на еколошката одржливост во рударството. Рударската индустрија, поврзана со евентуална домашна преработувачка индустрија, може да даде голем придонес за развој на стопанството, односно за повисок животен стандард на граѓаните.

Но, во Македонија темата рударство речиси да ја нема никада, на научни форуми, во новинарски истражувања, во планови за развој на економијата… Ако напишете текст со поддршка на рударската идустрија, активистите што се борат против отворање на рудникот „Казандол“ веднаш ви лепат етикета дека сте платени од идните концесионери и други погрдни зборови. Се разбира дека никој со здрав разум не може да се согласи некој рудник да ја загадува плодната почва. Таа почва не’ рани сите, затоа интересот за здрава храна е и наш, не само на локалното население. Но, од друга страна, земја без сопствено рударство е многу отворена безбедносно, економски зависна со опасност од зголемување на трговкисот дефицит – што е закана за домашната валута. Наместо да се користат домашните резерви, ние увезуваме исти такви руди.

Политичкиот опортунизам е кочница на развојот во голем број земји и времиња, особено кај нас, како млада демократија, во која секој сака што подолго да остане на власт и да се додворува на секоја група што ќе изрази некакви ставоти, па макар и ирационални и неоправдани,  на штата на сите граѓани. Дури имаше изјави на највисоки раководители дека во Македонија нема да има рударство!

Последниве години, во Македонија се води хајка против рударската индустрија под слоганот „Рудници на смртта“, чија цел не може да се разбере од аспект на потребата за нејзиниот развој. Тоа кај јавноста внесува нејаснотија. Ова прашање произлегува од збунетоста на македонските власти не само на актуелнава, туку и на сите власти, односно од нивната нерештителност, незнаење и отсуство на визија за дивезифициран развој на домашната економија. Овој заклучок можеме слободно да го донесеме, бидејќи сите потези укажуваат на тоа.

Во случајот на рудникот „Иловица – Штука“ власта донесува одлуки за доделување концесии на странските инвеститори, потоа ги повлекува. На пример „Еуромакс ресурсис“ чекаше 8 години (од 2016) на одговор за концесијата за експлоатација на рудникот. Таа е доделена, но и одземена по протеститие на локалните еко-активисти кои протестираат со грижа за здравјето на животната средина и за нивниот опстанок, поврзан со нивното земјодлество.

„Еуромакс ресурсис“ (компанија регистрирана во Канада со мултинационална структура која котира на берзата) има поднесено тужба проитв државата, која најверојатно ќе го изгуби овој спор и ќе палти огромни милијарда и  300 милиони евра, што ќе направи дупка во буџетот од која никогаш нема да излеземе, а во очите на Европа ќе не направи смешни.

Во последниве 40 години само еден нов рудник има добиено дозвола за работа, тоа е „Боров Дол“, кој всушност е наследник на стариот „Бучим“ – Радовиш.

Странските инвеститори од петни жили се обидуваат да докажат дека новите рударски технологии се безбедни и нема опасност од загадување на животната средина и на почвата, дека тие модели на работа се оддржливи со примена на највисоките стандарди за заштитиа на животната средина, не е тоа рударење од времето кога воопшто и не се ни зборувало за заштита на животната средина.

Генералниот проблем е во недовербата на активистите во сопствената држава, во тоа дека таа има здрави законски решени, кои се во согласност со европската регулатива, со  и кои квалитетно се регулира оваа сфера. Немаат доверба во тоа дали државата, врз основа на тие законски решенија, ќе успее да ги земе во свои раце работите и да провери дали навистина во работењето на рудницте ќе се користи цијанид или некои други отрови. Законски, ниедна инстутуција нема право да издаде дозвола за употреба на отровни материи. Нема таков јунак што може да издаде противзаконска дозвола – а можеби и има, кај нас се е можно. Тоа го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2023 години во кој стои дека немаме мрданто ни милиметар на  теренот на правосудството и во борбата против корупцијата.

Но, ако немаме доверба во судството, дали имаме доверба во науката, не би требало и таа да биде дел од коруптивната плетка. Затоа, најдобро би било да се обезбеди мешано, независно, стручно тело за мониторинг, во кое ќе партиципираат сите засегнати страни.

Треба да се порбрза, а не да се формира „комисија со цел да не ја заврши работата“. Додека ние многу се мислиме и сме во некои вечни дилеми и мудрувања, „глупавите“ од ништо измислуваат такви технологии што ние дури и не можеме да ги разбереме, па можеби и затоа сме при дното на списокот на најсиромашните земји не само во Европа, туку и во светот.