
Македонската централна банка ја зголеми основната каматна стапка на благајничките записи за 0,25 проценти, односно од 4% на 4,25%. Оваа мерка е вообичаена во практиката и во време на зголемена инфлација, теоретски препорачлива од кои причини и да е генерирана таа инфлација. Треба да се нагласи дека и најновиот процент на каматната стапка не е висок во споредба со други поранешни времиња кога таа достигнуваше и до 9 проценти. Но, при затегањето на монетарната политика, Централната банка би требала подетално да ги образложи причините за инфлацијата. Да, Централните банки ја затегаат монетарната политика – ги зголемуваат каматните стапки и ја ограничуваат понудата на пари за да ја намалат побарувачката и инфлациските притисоци. Но, не само последново затегање, туку и од почетокот на пандемијата со Ковид -19, значи во овој кризен период, кој многу повеќе ги погаѓа неразвиените и сиромашни земји, мерката беше употребена како мерка за намалување на масата пари во оптек, зголемување на каматните стапки на банкарските кредити, во услови кога џебовите на најголем процент од граѓаните се празни. Значи, инфлацијата (поскапувањето на основните производи) беше „увезено“ поради увозот на стоките за широка потрошувачака, поради изместените текови на снабдување од почетокот на руската агресија врз Укранина, изместените патишта на енергенсите итн. И тогаш Банката минимално ја зголеми основната каматна стапка, но и сегашното нејзино покачување, не е предизвикано од зголемената побарувачка на тезгите од страна на граѓаните. Имено, последните проценти на инфлацијата се генерирани исто така од надворешни фактори или шокови, а тоа е „ормудската криза“ на Блискиот Исток. За среќа и задоволство на целиот свет, таму работите се дижат кон смирување на ситуацијата, но поради отвореноста на македонскаа економија кон увоз прашање е дали, во догледно време, Централната банка ќе ја намали „својата“ каматна стапка.
Во овој и во ваков момент, сите што имаат намера да инвестираат, а парите да ги обезбедат преку кредити, се погодени и чекаат како ќе реагираат комерцијалните банки. Ниту гувернерот не можеше да одговори на ова прашање, напоменувајќи дека банките сами одлучуваат за висината на нивните каматни стапки во зависност од цената на нивните извори на финасирање, проценката на ризикот, а ние би додале и нивниот маркетинг и смисла на трговија со парите во вакви лоши економски услови, а тоа е обемот на побарувачка за кредити. Логично е да се претпостави дека побарувачката за кредити е доста намалена во последниве години поради голем број причини: најмногу поради малата платежна моќ на граѓаните, иселувањето и несигурноста на работните места во приватниот сектор. Затоа, можеби најдобар потег на банкарскиот маркетин е да не ги зголемуваат каматите на кредитите, и така се добро капитализирани и имаат пораст на страната на депозитие, за што можеме да анализираме во друг текст. Но, сепак зголемувањето на основната каматна им дава право на банките да си го гледаат својот инререс и да вложуваат во блгајнички записи, како сигурен депозит.
Поголема загриженост и незадоволаство, па и револт кај граѓаните, се јави по веста дека банките ќе ги зголемат провизиите на услугите. Граѓаните тоа го доживуват како „уште една пљачка од страна на државата“. Централната банка ги повикува банките да се откажат од најавеното зголемување на провизиите и надоместоците, посебно за уплатите на шалтер. Новите ценовници, чија примена треба да почне на 1 август, најмногу ќе ги погодат пензионерите и ранливите категории граѓани, кои немаат услови или знаење за користење на електронското банкарство. Навистина, во ваква нафатирани банки, чудо е зошто ги зголемуваат цените на нивните услуги, кога граѓаните своите пари ги чуваат во нив, им ги имаат дадено на доверба, од што немаат речиси никаков ќар, зашто каматитие на влоговите по видување се смешни. Во принцип, банките ги „вртат“ тие депозити, од што имаат профит, но, и покрај тоа, еве сега, прават нешто што навистина може да се именува со речник по слободен избор. Кој е резонот и причината плаќањето сметка на шалтер од 90 да поскапе на 120 денари!? Поскапува и одржувањето и водењето сметка, членарината за картички, плаќањето со картичка во странство и речиси сите други банкарски услуги кои банката, кои би требало да бидат вкалкулирани во цената на деловното работење на релација банка-клиент. Можеби би требало да биде наплаќана услуга за плаќање кон државни и судски инситуции за разни административни услуги, но плаќањето од своја сметак на сметката на комуналните претпријатија, навистина е дополнителен товар врз граѓаните и навлекување незадоволство. НБРМ нема надлежност да им нареди на банките да не ги поскапуваат услугите, значи се оградува како регулатор на работата на банките, иако е врвна власт во монетарната поиткика. Топката се префрла врз Министерството за финасии. Имаме ли право да се посомневаме дека сето ова има врска со билансот на буџетската сметка.
Уште едно прашање, што е индикативно, во однос на движењата во индустријата, е податокот што го соопшти Народната банка, а тоа е дека од почетокот на годинава е забележана поголема побарувачка на девизи од страна на корпоративниот сектор. Не е јасно дали таа побарувачка е за увоз на репроматеријали или за увоз на готови производи, ако го имаме предвид фактот дека во јануари 2026 индустриското производство паднало за 6,6% во однос на јануари 2025, во февруари падот изнесувал 4,2%, во март е регистриран раст од 3,0%, во април растот се забрзал на 7,6% на годишно ниво.
Ако зголемената побарувачка на девизниот пазар била поради увоз на готови производи, тогаш не треба да очекуваме скорешно намалување на цените, односно на инфлацијата, туку можеби ново затегање на монетарната политики, кое никогаш не е популарна мерка и резултира со помалку пари во прометот.