Многу пати сме пишувале дека сите мерки за ограничување на заработката на трговците се непотребни, дека се изговор на власта за тоа што не може ни да го задржи ни да го подигне животниот стандард, туку, и покрај се’, тој вртоглаво паѓа и го наметнува стравот и неизвесноста на граѓаните. Не знаеме дали власта е свесна дека граѓаните се во исчекување на нешто лошо, бидејќи сите надежи за подобро се изгубени. Така се работи во корист на сопствената штета. По огромните предизборни ветувања и по нереалните граѓански очекувања, рабтата не се подобри, цените растат!!!
Тоа што во вестите доминира темата за менување на судските власти, за обичниот човек е од подалечен интерес, за него денеска се важни само веститие за цените.
И покрај тоа што претходните не дадоа никакви резултати, владата применува исти мерки – ограничвање на маржите! Дали се работи за незнаење, за инает, или за полупизам или за одвелкување на вниманието од другите политички проблеми?
Текстов го пишуваме веданш по веста дека „Комората на трговците на големо и мало“ побарала итна средба со владата во врска со одлуката за ограничување на маржите. Но, средбаа е одложена поради посетата на премиерот на Грменија, дали случајно?
Трговците, одлуката, што предвидува ограничување на маржите на 10 проценти, ја оценуваат како мерка што ќе го доведе во прашање опстанокот на нивните фирми и тврдат дека ќе бидат принудени да ги отпуштаат вработените, но и да ги затвораат маркетите. Штетите, според членовите на Комората, ќе бидат големи, бидејќи во прашање се доведува опстанокот на 86 трговски фирми со 790 продавници и 4 700 вработени.
Истото ова сме го пишувале во многу текстови, но кога човек ќе дојде на власт, престанува да ја слуша критиката и ведаш ја оценува како непријателска и злонамерна. Врвот на власта дури не ги слуша ни сопствените економисти. Ајде, нас на „лајачите“ што не ни веруваат, ама и на некои што во сите времиња останаа имуни на мирисот на власта и верни на својата стручност, како што е почитуваниот поранешен министер за финансии Џевдет Хајредини, кој, пред некој ден, на власта и препорача да не става шеќер во солена манџа.
Времето лета, а ние се’ уште се убедуваме за работи што во економската теорија одамна се апсолвирани. Ние, се’ уште си ставаме за 1000 денари бензин во резервоарот, па колку и да поскапува, гајле си немаме!
Сигурно дека челновите на трговските комори ќе му се пожалат на премерот да не ги ограничува маржите, со зборовите, „аман премере и ние не сакаме да ги зголемуваме цените, ако ги зголемиме нема кому да му продаваме, народот нема пари да купи, кашкавал веќе никој не купува, ако не продаваме, ќе немаме заработка, нема да можеме да им поделиме плата на вратотените, или ќе ги испуштаме од работа, тоа ќе ја зголеми кризата и можни ќе бидат протести, како што се протестира во Хрватска и во други делови на бивша Југославија, на приемр…“. Но, тоа така тивко ќе му го речат, плашејќи се од високи казни и со страв од затворање на нивните фирми од страна на државните инспекции, со што бруката за газдите ќе биде многу поголема. Не е лесно во ова време да си бизнисмен, па дури и да си близок со врвот на Стопанската комора на Македонија.
Формирањето на цените е слободно, но формирањето монополи е забрането. Никогаш пазарната инспекција, или некој друг орган не излезе со податок - дали е откриено некое монополско здружување, па ако цените се формирале со договарање, да се применат најстрогите казни.
Минатата година во Македонија се отворени 338 фирми помалку во споредба со 2023 година. Во 2023 година биле отворени 148 фирми помалку во однос на 2022 година. Таа година била подобра од 2021 година со само три нови фирми. По стагнацијата уследил пад.
Е па, што да се каже на ова?
Кога веќе не ги слушаме домашните добронамерни критики и по секоја колумна се наоѓа некој што ќе се јави и ќе ве навредува што ја кажувате вистината со факти и со бројки, еве да земеме некои начела од најпознатите економски теории на сите времиња. Тие ја нагласувале силата на „невидливата рака на пазарот“ како најефикасен регулатор на економскиот живот. Со занемарување на таа невидлива сила, проблемите се манифестираат со невработеност, што е најголем проблем во ваква економија.
Кејнз утврдил дека вработеноста во една земја, во основа е определена од нивото на националниот доход. Националниот доход зависи од ефективната побарувачка!
Научните теории и практиката, потврдена со векови, наведуваат на заклучокот дека трговска лакомст ќе се урне на самите пазарни тезги. Трговците тоа го знаат и затоа закажуваат сосатнок со власта да и кажат, дека не треба да губи време да закажува седници, на кои само ќе се губи скапоцено време за да се донесе некоја мерка што веќе ја има донесено Господ.
Ако власта тоа не го знае, нека ги праша економските авторитети од постарата генерација, кои веќе никој не ги спомнува, а се во најискусните години. Но и ним, можеби им е преку глава од се’ и од сите!