Медиумите се клучен фактор во подигнување на свеста во однос на тоа кои се нашите обврски во делот на заштита на приватноста и приватноста на податоците. 
Споделуваме се и сешто на интернет. Вештачката интелигенција се повеќе се употребува и оди напред. Но, какви се нашите навики и какво е нашето однесување на интернет, во делот на работната пракса и институциите каде работиме. 

Сајбер безбедноста е клучна за вашата компанија бидејќи ги штити вашите чувствителни информации, како што се податоците за клиентите и финансиските записи, од неовластен пристап, кражба и оштетување. Тоа помага да се одржи довербата на вашите клиенти, да се обезбеди континуитет на бизнисот и да се заштити угледот на вашата компанија. Дополнително, во денешниот дигитален пејзаж, силната позиција на сајбер безбедноста е од суштинско значење за да се ублажат ризиците од сајбер напади и прекршување на податоците, што може да има сериозни финансиски и правни импликации за вашата организација. 

Непобитен ризик е хакирањето на приватноста на податоците со кои располагаме. Не секогаш се личен податок, но информациите кои ги споделуваме и се дел од оганизационата култура се дел од сеопфатна широка култура на сајбер безбедноста.

Според Анита Никова Бундовски, директорка на Програмата за дигитализција и отпорност на критичната инфраструктура во земјава, сајбер заканите се новите терористички напади и се пософтистицирани и техничките предности можат да ја зафатат целата држава и регион. 

„Помагаме на владите да станат поотпорни и да градат сајбер безбедност. Градење на политики поврзани со сајбер безбедност. МИОА е партнерот со кој работиме и со нив градевме стратегија и помагавме во законот на безбедност на мрежи и дигитална трансформација. Националната вежба за координација и сметаме дека треба да се изградат посилни и да се унапредат капацитетите на национално ниво за координација бидејќи при одреден напад потребен е протокол преку кој институциите комуницираат, заедничли се координираат за заштита на инфраструктурата. Државата после нападите е доста разбудена, институциите кои беа нападнати најлесно оди соработката, секторот за енергетика, финансии и комуникации се спремни преку своите регулатори и оператори да ги поддржат активностите за надградба на нивните капацитети“, вели таа.  

За Лилјана Пецова Илиевска, пак, која е експерт во областа за личните податоци, се развиваат повеќе работни места како формално образование о се повеќе се изучуваат вештини кои ќче допринесат за нови позиции. Повеќе од 50 работни позиции се излистани во рамка за квалификации - дата брокер, дата аналитичар... Тоа се вештини и квалификации кои допрва треба да го кренат свеста и знаењето на сите кои сакаат да влезат во овој сектор. 

„Непознавање на сајбер безбедност значи дека не е само технички назив, влегуваме во делот на политики, креирање на стратегии, кои се процедурите во рамки во разни процеси на организации треба да бидат имплементирани. Не секогаш тоа значи техничко лице. Заштитата на личните податоци станува полтиика а не ИТ и технички сегмент во кој треба да инкорпорираат начин на заштита на личните податоци со кој оперираат. Еден од најголемите контролорите и собирачи на лични податоци се институциите. Граѓаните како клучен фактор кои ја имаат приватноста во свои раце“, смета Пецова Илиевска.  

Според неа, граѓанинот мора да има доволно знаење и свест да биде информиран, но и да знае каде да се обрати. Во таа смисла, напоменува дека постои недоволна информрианост кои сегменти од приватноста се засегнати во делот на сајбер безбедноста. 

„Тоа е општ термин кој вклучува повеќе сектори – правен, економски и безбедносен аспект. Но приватноста на податоците треба да биде наша одговорност“, заклучува Пецова Илиевска.