Додека начинот на кој пристапуваме и конзумираме книги еволуираше со порастот на дигиталните формати, библиотеките продолжуваат да играат значајна улога во обезбедувањето пристап до широк опсег на материјали за читање. Иако е вистина дека е-книгите и онлајн платформите се здобија со популарност, физичките библиотеки сè уште нудат незаменливи придобивки како што се ангажман во заедницата, пристап до ретки или специјализирани книги и радост од прелистување физички полици.
Библиотеките се прилагодуваат на технолошкиот напредок, инкорпорирајќи дигитални ресурси заедно со традиционалните книги за да ги задоволат променливите потреби на читателите. Значи, додека пејзажот на читањето може да продолжи да се развива, библиотеките веројатно нема целосно да исчезнат.

10 ноември во светски рамки се одбележува како Меѓународен ден на библиотеките. Само пет дена подоцна, на роденденот на Градската библиотека Браќа Миладоновци - Скопје, се отвори нов оддел за литература за деца. Но, генерално и цел месец на библиотеката е посветен на ослободувањето на градот Скопје - изложба под наслов „Скопје во движење“, промоција на книги за главниот град, детска програма со книги за деца.
„Децата генерално сакаат да читаат, но има клучни фактори - семејство, училиштето и библиотекарите кои ја развиваат љубовта кај децата. На нас ни се предмет на интерес децата бидејќи тие се нашите идни читатели, тука се создава читателската публика во иднината. Затоа и решивме да го модернизираме одделението за детска литература“, вели Снежана Стојчевска - директорна на Градската библиотека Браќа Миладоновци.
Таа вели дека продолжува реализација на кампањата за читање на современи македонски автори. Смета дека стана тренд и дека го прифатија и други библиотеки.
„Имаме комплекс на помала вредност, бидејќи навистина имаме импозантни автори. Тука влијаат и социјално - економските услови, тоа го разговаравме и со некои автори. Да му се решени на човек најпрво финансиски услови за да има квалитетен живот. А тоа опфаќа, здрава исхрана, спротување, културно воздигнување. Има интерес и во библиотеката и во издавачките ќуки за македонските автори. Имаме непроценливо богатство и треба да си ги знаеме авторите, што создаваат.. со време треба да се избориме самите за тоа“, смета Стојчевска.
Институцијата со која раководи, неодамна ја претстави и на светски настан во организација на Унија на библиотеки од Кина и земји од источна и централна Европа.
„Ме фасцинира моментот - моловите беа на 4 ката, библиотеките на 7 ката. Не само како изгледаат, односот кон културата и кон книгата. Во Кина многу се свесни за значењето на корените, големо внимание обраќаат на старите и ретки книги од нивните династии и тие книги ги собираат и реобјавуваат“, раскажува таа.
Библиотеката „Браќа Миладоновци“ во Скопје е отворена за сите љубители на читањето. Годишна чланарина е 300 денари. За деца до 7 години е бесплатно.
Групно зачленување е 150 денари. Годишните картички можат да ги користат сите услуги на библиотеките, а тоа е зајмување на книга и користење на читалните. Тие отсекогаш биле многу популарни кај студентите, не само од Скопје, туку и другите градови.