Било и останало – добриот глас надалеку се слуша. Како гласот за Томе. Томе Кундурџиев од Гевгелија, за кого пишува и белградска „Политика“. Со насловот: „Томе на многумина им го спаси летување и одмор“, во текстот стои:

- Кога одите на море, не брзајте, бидејќи кога ќе пристигнете подоцна - ракијата е постара, пивото е постудено, а сирењето е потврдо, советува Томе Кундурџиев од Гевгелија, кој често им помага на српските туристи да стигнат до својата дестинација.

За Томе „Политика“ пишува дека ги освои срцата на српските туристи, а и самиот има српски корени.

Триесет и едногодишниот Томе Кундурџиев од Гевгелија не се двоумеше кога, како и речиси 100.000 корисници на многу активната група на Фејсбук „Грција инфо“, прочита апел за помош во мноштвото споделени искуства и вести за пожарите кај омилените летни одморалишта на Србите. Членка на групата од Белград побара некој да им биде на услуга на родителите со две деца кои останаа без автомобил во Грција.

- Целосно е расипан, ќе мора да се шлепа за Србија. Дозволете ми прво да прашам тука, а потоа да одам понатаму. Значи, има ли некој што би ги превезувал од Неа Врасна до Ниш? Се разбира, со надомест. Дали некој се враќа во Србија во вторник или среда - праша жената што ја води групата под името Анѓелка Животиќ.


Набргу потоа, Кундурџиев се јави и рече дека сака да помогне само со еден услов - не сака да прифати никаков надомест. Тој напиша дека имал намера да го посети својот брат во Ниш во догледна иднина, па смета дека ова е добро време и да му се помогне на српското семејство во неволја, иако никогаш претходно не го сретнал во животот. Го остави својот телефонски број и додаде дека не го чинело многу да ги земе од Гевгелија до Неа Врасна, каде што биле сместени, и да ги однесе во Ниш.

Она за што молчеше овој хуман млад човек е дека од својата куќа до станот каде што беше српското семејство, во една насока тој треба да помине околу 100 километри, а што е уште поважно е дека среде летната сезона, тој буквално не може да главата да ја крене од работа.

Токму заради работата, летово до Грција претрча одвај на четири дена, и заради работа мораше да се врати дома. Иако за него времето се пари, тој сака да им помага на другите.

- Верувам во луѓе и дека се уште има личности кои го ценат човештвото. Кога можам, секогаш помагам на некој што има потреба, тоа ме научија моите родители. Ова не е прв пат да се најдам како помагам на некого што не го познавам, весниците пишуваа за мене и порано, не е важно што правев тогаш.

Се уште не сум го сретнал семејство од Ниш, но сигурно ќе се погрижам безбедно да стигнат до Србија. Им реков да уживаат до крајот на летувањето, додека деновиве се обидувам, преку познаници, да им го поправам автомобилот, за да не мора да плаќаат за услуга за влечење. И ако не успеам во таа намера до среда, заедно ќе одиме во Ниш.

Пред два месеци, во два часот по полноќ, ми пукна гума од автомобил среде непозната напуштена планина во Бугарија. Ако имаше интернет група „Бугарски инфо“, како оваа за Грција, каде што слушнав за нив, тогаш ќе барав помош и ќе очекував да ми се јави добар човек.

Затоа сум секогаш тука за моите сонародници, само нека ме контактираат ако им треба нешто. Роден сум во Македонија, но имам и српско државјанство и многу ги сакам браќата во соседството бидејќи баба ми е од Косово и Метохија - објасни Кундурџиев и додаде дека она што го работи овие денови не е за себепромоција и рекламирање, туку сосема нормална работа што треба да ја прават сите луѓе.


Томе, со завршениот мастер на Правен факултет, освен македонскиот и српскиот јазик, а зборува уште грчки и турски. Но, не работи во струка туку има отворено два хотела, каде доаѓаат патници од Србија, Романија, Унгарија..., кога патуваат до Грција.

Кај него престојуваат и најголемите sвезди на регионалната музичка сцена.

- Кај мене доаѓаат Петар Грашо, Неша од „Галија“, членови на бендот „Црвена јабука“ и многу српски пејачи. За жал, јас не работам во професијата, животот ме одвлече на другата страна, па го вклучив и целото семејство во тоа. Но, тоа не ме менува бидејќи не е се за корист и за профит. Ја сакам Србија и сакам да им помагам на луѓето, а единственото нешто што ми недостасува во животот е малку повеќе сон - посочува успешен млад бизнисмен.

Тој ги советува српските туристи кои одат во Грција во топлите денови да размислат за безбедноста и да се држат до неговата омилена изрека, за која слушна дека потекнува од Мокра Гора.
- Кога одите на море, не брзајте, бидејќи кога ќе пристигнете подоцна, ракијата е постара, пивото е постудено, а сирењето е потврдо - пренесува Томе Кундурџиев.