По повод шесте децении од земјотресот во Скопје, Градежниот факултет одржа неколку настани по тој повид. Целта беше запознавање на студентите со новите тенденции во градежното инженерство и конструкторство за справување со земјотресите и останатите природни катастрофи. 

„Со компанијата Адинг и средното градежно училиште организиравме настан да ја потенцираме важноста на квалитетните материјали да добиеме квалитени констукции. Во прашање беше бетонот како најупотребуван градежен материјал. Оттаму потребата што повеќе да се занимаваме со него како дополнителна компонента и знаењето што треба да придонесе за да имаме квалитетни конструкции. покрај студентите ги вкучивле и учениците од градежното училиште“, вели Горан Марковски декан на Градежен факултет - Скопје. 

Од последниот одржан симпозиум на Градежниот факултет, објавена е книга - збирка од апстракти на отпорни конструкции, која е топ тема во светски рамки.

Според Марковски, сведоци сме на големи промени во климата која делува на градежните конструкции. Тоа ја наметнува потребата да се занимаваат со проектирање, изведба и изведување на отпорни констукции, кои нема да бидат доведени во ситуација да се урнат и санираат, под дејство на клиамтски промени и земјотреси. Затоа, како што вели тој, треба да се вложи во размена на знаења и градежните констуктори треба да ги засукаат ракавите и овие се повисоки стандарди да ги воведуваме и во нашата пракса.

На прашањето каква е Националната стратегија за просторно и урбанистичко планирање, Марковски вели дека се работи на тој проблем. 

„Стратегија е нешто што мора да претходи на развојот. Ако нема стратегија за развојот, не може да се развива. Така и во државата каде процесите се покомплексни. Се изработуваат просторни планови на период од 15 години. Сега се изработува најновиот просторен план. Градежниот факултет имаше прилика да добие изработка на 4 студии во рамките на овој просторен план, а се поврзани со дејностите кои ги извршува факултетот. Се надевам до крајот на годината ќе го заокружиме тој процес. Таму се занимаваме со водните ресурси, сообраќајните перпскетивни на државата и со спречувањето на катастрофални последици од природните катастрофи“, вели Марковски.  

Инженерски прстен од државата

Според Марковски, она што го овозможува Градежниот факултет на своите студенти во поглед на наставата е најсовремено во светски рамки. Дипломите од Градежниот факултет се насекаде признати во светот без никакви контроли и проверки. 

„Нашите градежни инженери влегуваат во костец и во многу поразвиени земји од нашата тоа е доказ дека тоа што го изучуваат овде е на најсовремено ниво. Младите сакаат да учат, ние треба тоа да им го овозможиме. Со создавање на градежни дела и оставање трага е нешто што нема цена. Неодамна, студентот Димитар Гошев од нашиот факултет доби инженерски прстен од државата. Јас верувам дека тоа значи многу. Како претседател на Инежерската институција на Македонија во мојот мандат беше воведен инженерскиот прстен со цел да се поттикне значењето на инженерските струки за развој на државата. Тоа прерасна во традиција. Годинава беше 20-тиот јубилеј. Го доделува Инженерската институција, а покровител е претседателот на државата.  Тоа е општествено признание призлезено од струката за кои вложиле труд во образованието и покажале разулатати и да биде поттик за младите да градиме развиено општеството“, вели Марковски. 

Неговиот став е дека човечкиот потенцијал е најсериозниот проблем со кој се соочува државата сега, а на мислење е дека тоа ќе биде и во следниот период. 

„Наталитетот се намалува, младите заминуваат, можностите се поголеми надвор, помоќните држави го „злоупотребуваат“ нашиот квалтет. Во одредени држави се даваат поволности за студирање за да се собере квалитетот кај нив. Ние мора да преземеме мерки да ги задржиме младите кај нас. Треба да покажеме на дело дека најмногу се занимаваме со младите. Таму треба да вложуваме многу повеќе. Бидејќи без млад, нова енергија која е движечка сила, не можеме да сметаме на некој посериозен напредок. Треба да им се овозможи поквалитетно образование, да им се даваат бенефиции во текот на студирањето. Ако странските држави даваат бесплатно студирање, зошто да не го направиме и ние“, смета тој.