Со обновливи енергетски извори до поевтина струја. Реализацијата на планираните енергетски проекти може да обезбеди пристојна цена на струјата за домашните портошувачи.

Најголема „закана“ за нашиот животен стандард, во денешните современи услови, претставува цената на струјата. Најголема возбуда предизвикува најавата за нејзиното поскапување. За жал, тоа е состојба на исчекување со прашањето: дали нашите парични средства ќе го издржат тој притисок на сите други цени, што исто така, во голем дел, зависат од цената на струјата.

Еден од најзначајните делови, со својата специфична улога во нашиот електро-енергетски систем, е државната компанија МЕПСО, која има улога да ја транспортира електричната енергија од производителите и од трговците до снабдувачите. Поради тоа МЕПСО има секојдневен увид во движењата на цените на светските берзи и на домашниот пазар. По непотврдените вести дека македонските граѓани ги чека драстично покачување на цената, Анторис мислење побара од генералниот директор на МЕПСО, М-р Куштрим Рамадани.

Со обновливи енергетски извори до поевтина струја


  • Дали е реална „заканата“ од драстично поскапување на цената на струјата?


-Со проблемот на цената на електричната енергија се соочуваат и земјите од регионов Бугарија, Србија и другите. Но, не само тие, и во Велика Британија, поради CO2 – сертификатите многу е покачена цената на струјата. Во сите земји, за домаќинствата цената на струјата ќе биде многу повисока. Значи цената на струјата во моментов претставува глобален проблем.

Цената на производството се одразува на крајниот потрошувач



  • Причината за поскапувањето?


-Снабдувачите купуваат од трговците, а трговците купуваат од производителите. Ако се качува цената на производството, тоа се одразува на крајниот потрошувач. Цената на електричната енергија на берзата е покачена. Ние, како МЕПСО, за цела година имаме една иста тарифа, што ни ја одредува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 2021, па немаме никакво влијание на крајната цена во моментов. Кога бараме нова цена, бараме само за нашиот дел, за преносот. Преносот го обавуваме со далноводи со капацитет од 110 и 400 киловолти.

  • Дали за 2022 ќе барате покачување на цената на преносот?


-Уште не знаеме. Тоа се одредува на средината на годината - 30 јуни. Оваа година добивме покачување, не дека имавме повеќе трошоци, туку поради тоа што имавме помали приходи. Што се однесува до приходите, тие доаѓаат од прекуграничните капацитети, тоа значи наплата за транспортот на струјата што поминува низ нашиот преносен систем меѓу други земји, на пример од Грција за Србија и обратно. Во тој дел од работата значително ни се намалени приходите.

Пред неколку години имавме наплата од 22-23 милиони евра. Минатата година тие приходи паднаа на околу 10 милиони евра, што е голема негативна разлика. Едноставно и тука пандемијата удри, па немаше пренос, поради намалените потреби од струја. Како пример можам да го наведам следниов: пред пандемијата, обично струјата одеше од Србија кон Грција, бидејќи Грците летно време трошат големи количества за да ги задоволат потребите на туристите. Оваа година беше обратно, повеќе струја се пренесуваше од Грција кон Србија.


  • Какви ни се електро-преносните врски кон соседите?


-Имаме одлични врски и тоа преку 400 киловолтни далноводи. Имаме една врска со Србија, една со Бугарија, една со Косово и две со Грција (Битола-Лерин и Дуброво-Солун).

  • Како оди патот од купување, преку преносот, до снабдувањето?


-Струјата ја купуваат трговците на берзата. Тоа се фирми регистрирани како трговци со струја (линк до листата на лиценцирани трговци со електрична енергија: https://www.erc.org.mk/odluki/2021.02.01%20Spisok%20na%20licencirani%20trgovci%20so%20EE.pdf м.з.). Потоа тие им ја продаваат на снабдувачите (линк на лиценцирани снабдувачи со електричлна енергија: https://www.erc.org.mk/odluki/2021.02.01%20Spisok%20na%20AKTIVNI%20snabduvaci%20so%20EE.pdf м.з.), а снабдувачите им ја продаваат на потрошувачите (домаќинствата или големите потрошувачи, само што цената за домаќинствата е регулирана (контролирана), не е на слободен пазар, нив ги снабдува ЕВН home.

ЕВН home енергијата ја презема од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). ЕСМ има обврска да му понуди енергија на ЕВН – универзалниот снабдувач, со цел да ги снабдува домаќинствата по пониски цени. Мислам дека тоа е добро и законско и практично решение! Замислете колкава ќе беше цената за домаќинствата ако не беше домашното производство на ЕСМ? Во иднина процентот на исопорака од страна ЕСМ кон ЕВН, според Законот за енергетика, ќе се намалува. На слободниот пазар сега цените се повисоки. Трговците со електрична енергија се клучните субјекти преку кои се врши купопродажба на електрична енергија на пазарот на големо.

Снабдувачите не очекуваa дека толку ќе скокне цената на берзите



  • Пред неколку дена Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека за две фирми, снабдувачи со електрична енергија на македонскиот пазар, има покренато постапка за одземање на лиценцата за снабдување. Во причината за оваа санкција беше наведено „недолично однесување“. Имено, снабдувачите не успеале навреме да обезбедат толкаво количество струја, за колку што се обврзале со договорите. Неколку пати биле предупредени на време да ги обезбедат сите потребни количини електрична енергија за своите потрошувачи, но не го сториле тоа, за потоа МЕПСО да ги недомести од резервите што ги користи во исклучителни случаи. РКЕ соопшти дека неколку компании се обиделе на потрошувачите, наместо по договорената, струјата да им ја продадат по повисока цена, што е спротивно на правилата. РКЕ соопшти дека стотина фирми се пожалиле на проблеми со снабдувачите.  Што се случи со снабдувачите за кои Регулаторната комисија покрена постапка за одземање на лиценците за снабдување?


-Снабдувачите не се толку виновни во оваа „несекојдневна“ ситуација што му ја донесе епидемијата на целиот свет. Вистина е дека цената на струјата на светските берзи урива рекорди. Никој, па и снабдувачите не очекуваa дека толку ќе скокне цената на берзите. Тие склучувале договори со потрошувачите (со помалите потрошувачи што се на слободниот пазар) по цена од 50-60 евра за мегават час, а ја купиле за, да речеме по 45 евра. Одеднаш цената на берзата поскапува за три пати. Сега тие се принудени од трговците да купуваат по цена од 150 евра, а мораат да им продаваат на потрошувачите по договорената цена!

Значи, снабдувачите, и без санкциите на РКЕ, поради новосоздадените услови на пазарот, можеме да речеме дека се уништени. Регулаторната комисија постапува според законските одредби, така мора да реагира, но причините за незадоволување на потребите на потрошувачите од страна на снабдувачите се објективни.

Во цела Европа има голем скок и на цената на струјата. Оваа ситуација може да се спореди со финансиската криза од 2008 година. Пак ќе речам дека оваа ситуација никој не можеше да ја предвиди. Никој не очекуваше дека пандемијата толку долго ќе трае и дека ќе направи толкави штети насекаде во светот.



-Да, тие исти фирми со години функционирале. Не траба да се сфати дека некој намерно правел „нешто“, бидејќи никој паметен не би работел „во корист на сопствената штета“.

  • Што прогнозирате во однос на цената во некоја блиска иднина, дали може да се врати на поранешното ниво?


-За жал, не гледам можност дека за скоро време ќе има пад на цените. Поради законските императиви за затворање на термоцентралите што загадуваат и на нуклеарните централи во европските земји (Италиа, Австрија...), не сум оптимист. Дури, долгорочно, мислам дека цената ќе оди нагоре!

Во однос на нуклераките е многу дискутабилно прашањето, дали да се градат или да се затвораат? Јас отворено сум „за“ да се градат. Ако се градат по строги безбедносни услови и ако има оддржување по сите прописи, мислам дека нема да има опасност од хаварии, каква што беше во Черновил 1986 година.

Берза на СО2 сртификати



  • Како влијаат CO2-сертификатиите вез цената на струјата?


-CO2-сертификатот значи: некој што произведува струја од фосилни горива - го плаќа загадувањето како надомест за штетата што ја прави врз животната средина. Со сертификатите се уредува колку може една држава да испушта CO2. Постои берза на тие сертификати.

Како функционира таа берза? На пример, ако емисијата на гасови во една земја е под горната граница, друга земја може да купи сертификат од таа замја за да може да испушта CO2 повеќе отколку што е ограничувањето на нејзината територија. На оваа легална берза, цената на CO2-сертификатитие се искачи многу високo и тоа е една од големите причини за актуелниот скок на цената на струјата.


  • Уште пред 20 години се зборуваше за можноста Македонија да партиципира со одреден процент во изградбата на нова нуклеарна централа во Белене, но на таа тема веќе не се разговара. Дали имате инфомација дали е живаа таа иницијатива?


-Да, неодамна зборував со колегите од Бугарија и од нив бев информиран дека нашиот источен сосед се уше нема одлучено дали воопшто ќе почне со изградба на нуклеарна централа во Белене. Што е интересно, изградбата на таква централа трае 20-30 години. Затоа, на нашиот домашен терен, повеќето идеи се насочени кон „зелената енергија“, од обновливи извори. Ние очекуваме инвестициите што повеќе да се насочат во тој правец.

Кај нас има барање за приклучување на фотонапонски ветерни елекроцентрали со капацитет од 3. гигавати. Ако се направат тие, ние не би имале потреба од друг вид енергија. Сега, од хидроцентралите и од термоцентралите, заедно со ТЕЦ „Неготино“, имаме производство од околу два гигавати. Ако се успее да се изгради хидро-проектот Чебрен-Галиште, тогаш ќе имаме т.н. базна енергија и јас мислам дека треба да се оди во таа насока. Производството на РЕК „Битола“ ќе се заменува со фотоволтаични капацитети, а има планирано и централа на гас. Затоа врските што ги правиме со Грција за приклучување на гасоводните патишта, се многу битни.


  • Дали има надеж акумулацијата и хидроцентралата Чебрен-Галиште, за која исто така се зборува со децении, да почне да се реализира?


-Јас го слушнав премиерот дека на тендерот за почеток на изградбата имало голема конкуренција од околу 30-тина фирми, а во потесниот избор има останато 6-7 фирми.

  • Неодамна, на 29 август, беше ставен камен-темелникот на 400 киловолтниот далновод Битола-Елбасан (Албанија). Што ќе значи таа врска за Македонија?


-Тоа многу ќе ни помогне. Ќе имаме нова врска кон западот, на која ќе можат да се вклучат Албанија, Италија, Црна Гора, преку кој ќе имаме размена на енергија. Втора битна работа е што, кога ќе се изгради тој далновод, напонот ќе може лесно да се балансира со напонот што доаѓа сега од источната страна на системот. Предвидено е трафостаницата, што ја гради „Кончар“, да биде завршена за 30 месеци. Работата на далекуводот (го гради „Енергоинвест“) можеби малку ќе се пролонгира поради големиот скок на цените на металите.

  • Лани, 2020 г., МЕПСО имаше загуба од околу шест милиони евра. Што беше причината да се направи тој негативен биланс?


-Ви реков, намалениот промет преку нашиот преносен систем, поради намалените потреби за електрична енергија што ги наметна пандемијата на Ковид 19.

Превработеност има! Но, со тоа го плаќаме социјалниот мир



  • Во екот на таа криза вработивте голем број нов кадар, делевте високи парични бонуси и на вработените и на членовите на Управниот одбор, каде е економската оправданост?


-Вработувања имаше пред да почне кризата. Не беа точни инфомрациите во медиумите дека во МЕПСО имало вработувања во екот на здравствената криза. Да, платите се одреден финансиски товар, но тоа не ги зголемува битно трошоците на фирмата, туку проблемот е во намалениот паричен прилив.

  • Дали вработените се задоволни од платитие?


-Да имаме добри плати во споредба со другите институции во државата. Со оглед на тоа што се сите високо квалификувани работници, мислам дека се реални. Но, ќе потенцирам дека во регионот, во нашата дејност, имаме најмали плати. Во Косово, претседателот на управниот одбор има два и пол пати поголема плата од мојата. Во ЕСМ се нешто повисоки.

  • Дали е точна инфомрацијата дека челновите на управниот одбор земаат надомест од 1800 евра месечно?


-Не, мислам дека тој надомест се движи околу 60 илјади денари. Што се однесува до надоместот за членовите на надзорниот одбор, во споредба со нивната одговорност, надоместот е мал. Јас лично никогаш не би се нафатил на толкав надомест за толкава голема одговорност.

  • Колкав е бројот на вработените?


-Околу 670 вработени.

  • Има ли превработеност?


-Има! Но, со тоа го плаќаме социјалниот мир. Можеме да го намалиме бројот на вработени, да ги истераме луѓето на улица и да ги зголемиме платитие на тие што ќе останат. Што сме постигнале, некој на улица- некој висока плата! Се обидуваме, на сите начини, сите да ги ангажираме и да ги ставиме во функција. Јас лично не би ставил потпис некој да остане на улица. Освен тоа, таквите отпуштања ги бркаат луѓето во странство, па нашите инженери веднаш би нашле работа во високоразвиените земји Германија, Австрија, Швајцарија, Франција и никогаш нема да се вратат. Јас сум еден од исклучоците што се вратија. Студирав, дипломирав и магистрирав енергетика во Грац, но еве сега сум тука, на ова место, на кое ме најдовте.

Бране Стефановски