Оваа година за разлика од минатата, саемот опфати компании од целиот Балкан беа пристуни сите типови на соларна опрема. Фотоволтаични панели, термални колектори, соларни сушари, громобранска заштита и сите битни елементи за еден соларен систем. Во споредба со лани, кога таргер беа проектантите, монтажерите и трговците, сега Саемот беше од отворен тип за граѓаните да видат што се е достапно на пазарот и каде можат да се најдат субвенции. Имаше и претставници од банкарскиот сектор.

На годинешиот соларен Саем на кои беа присутни најновите технологии за обновливи извори, граѓаните имаа можност да прашуваат каков систем е најдобро да се инсталира според нивните потреби. Од каде може да најдат субванции, како да направат брзи пресметки кој систем е најадвекватен,  каква се’ опрема е достапна во Македонија и европско ниво.  

„Македонската соларна асоцијација „Солар Македонија“ е формирана во 2006 година и на 15 септември е датумот на кој го отвораме соларниот Саем. Тоа ни е и годишнина. Броиме над 70 членки и индивидуални и фирми. Имаме монтажери, проектанти, дизајнери, производители и трговци на опрема. Кога поднесуваме годишни извештаи за колку соларни системи се инсталирани во Македонија, кажуваме дека е мала, но, иновативна земја. Имаме производители кои во главно ги извезуваат своите производи и тоа е производ со додадена вредност. Често зборуваме за енергетска ефикасност соларни системи, но, не кажуваме кои се сертификати се битни за таа опрема. Даваме препораки што во Европа се предлагаат како битни сертификати“, вели Стефан Трајков, машински инженер и проектен менаџер во „Солар Македонија“.  

Во поставувањето на соларните системи постојат главно две опции. Поставувањето може да биде на земја или кров. Кога станува збор за земја како Асоцијација се залагаат да се избере пониска класа на обработливо земјиште, бидејќи и производството на храна е битен сегмент за Македонија. Сепак, има и агроволтаици кои можат да се постават на земјоделско обработливо земјиште и да се садат земјоделски култури. 

Според Трајков, условите во Македонија се одлични, но, искористеноста може да се подобри. Затоа и Асоцијацијата придонесува во тој сегмент. „Солар Македонија“ инаку е и верифициран тренинг центар за соларни монтажери и дизајнери со цел да ја зголеми употребата на соларната енергија. Асоцијацијата во соработка со „Солар Македонија“ изготвија и климатско неутрален прирачник. На Саемот, сите најбитни информации граѓаните можеа да ги скенираат преку кјуар код. Во рамките на Саемот, имаа и можност да присуствуваат и на презентација за прирачникот. 

„Како Асоцијација често говориме дека системот треба да ги запази основните критериуми на квалитет. Односно поделбата на системите на серфицирани и несертиицирани, независно дали колекторот е поризводен во Германија или Австрија. Секогаш ги следиме европските регулативи. Македонските комапнии го следат европскиот тренд на достапни технологии, преку посета на сСеами дознаваат се што е ново и се трудат да го применат во Македонија. Не би кажал дека само трговците туку и производителите имаат врвни квалитети кои се извозно ориентирани и имаат одличен квалитет“, вели Трајков.

Мотивот за издавање на климатско неутралениот прирачник е бидејќи граѓаните често  поставуваат прашања за тоа - која постапка треба да ја запазат ако инсталираат фотоволтаичен систем, од каде можат да обезбедат финансиска поддршка... 

„Граѓаните мислам дека и сега се трудат и придонесуваат во намалување на климатските промени, но, сите можеме повеќе преку инсталација на соларни системи, селекција на отпад, рециклирање да придонесеме. Како Асоцијација ако имаме зголемена употреба на обновливи извори на енергија ќе имаме намалени климатски промени. 

На Саемот имаше различни типови на системи за обновливи извори – различни модели на соларни системи за топла вода, за електрична и топлинска енергија. Колку е тоа исплатливо за едно македонско семејство, сепак, зависи од енергетските потреби. При трошењето на електричната енергија во вашиот дом, се прават детални пресметки кои може и преку лиценцирани софтвери со точни координати на вашиот дом, да се утврди колку ќе произведувате, како тоа ќе влијае на вашите сметки и како тоа ќе влијае на вашата техноекономска анализа. 

Асоцијацијата „Солар Македонија“ работи на повеќе нивоа во синџирот на добавување - од производство до сервис и одржување на сончевите енергетски системи, како и на промоција на сончевата енергија како одржливо решение за енергетските потреби. Дополнително е верифициран тренинг центар, кој издава валидни лиценци за монтажери признаени од Министерство за Образование и Центарот за образование на возрасни. Организаторите посочија дека веќе се обезбедени и финансии за организирање на Саемот и за следната 2025 година.