Алта Банка АД Белград ја објави својата намера за упатување на јавна понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Понудената цена по акција изнесува 3.777 денари, пишува „Бизнис инфо“.

Алта Банка АД Белград заедно со поврзаните лица поседува 19.439 обични акции или 4,97 отсто од вкупниот број на обични акции издадени од Стопанска Банка АД Битолa
Во соопштението објавено на Македонската берза е наведено:
“Согласно член 26-а став 3 од Законот за преземање на акционерските друштва, напоменуваме дека покрај согласностите кои се потребни од домашните овластени органи, тела и институции, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на претходната согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, давањето на понудата за преземање е условено со претходно одобрување на стекнување од страна на Народна банка на Србија („Странско одобрение”), информитаат од банката.
Оттаму додаваат дека одобрување од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија веќе е добиено.
„Согласно член 26-а став 4 од Законот за преземање на акционерските друштва, ‚Алта банка‘ ќе поднесе барање за добивање на дозвола за понудата за преземање и проспектот до Комисијата за хартии од вредност согласно Законот за преземање на акционерските друштва откако ќе биде добиено странското одобрение, а секако по добивање на согласностите кои се потребни од домашните овластени органи, тела и институции вклучувајќи, но не ограничувајќи се на претходната согласност од Народната банка Република Северна Македонија“, наведуваат од банката.
Од „Алта банка“ посочуваат дека доколку странското одобрение не биде добиено, намерата ќе се смета за повлечена и нема да биде дадена понуда за преземање..