Македонците се најнесреќен народ на Балканот и на дното во Европа. Ова го покажува најновиот извештај со наслов „Среќата во светот 2023“ објавен од Обединетите нации.  Од вкупно 137 држави, Македонија е на 87-то место во друштво со Конго, Венецуела и Украина. Први на листата најсреќни се Финците, а од регионот - Словенците кои се на 22 –та позиција.  Истражувањето е направено врз основа на тригодишен просек и тоа за време на Ковид-пандемијата, а  го составуваат научници од САД, врз основа на анкети на Институтот „Галуп“. 

Дека живееме во колективна несреќа на сите ни е познато. Ама кога тоа некој ќе ни го соопшти со факти, тогаш сме навистина несреќни. Односно, на нашата колективна несреќа и се дава пачат, што значи дека зем несреќни со тапија и тоа е уште една градација во нашата несреќа. Замислете, целиот свет сега знае дека еден мал народ живее во општа колективна несреќност што, откако ќе излезат податоците на виделина, чувството му се претвора во комплекс во однос на остатокот од светот, чувство што е навистна непријатно, особено ако во странство некој ве праша што е тоа што ве прави несреќни, како треба да живее несреќниот човек во вашата земја.

Ретко кој од нас несреќните може конкретно, брзо и кратко да одговори на ова, навидум глупаво прашање, но за да се одговори треба да се набројува долго, а тогаш обично нашиот резон доживува контракција и не можеме да се досетиме на се’ што не прави несреќни, односно не знаеме од каде да поченеме.  

Граѓаните, во анкетите, направени од домашните медиуми, по повод оваа вест што излезе деновиве, велат дека најголема среќа е семејството и здравјето, а никој не одговара што е тоа што го прави несреќен. Но, има една народна мудрост, која вели: „Голо здравје без пари ти е чиста болест.“ Првиот дел од одговорите укажува на логично сфаќање од аспект на биолошката егзистенција и голата желба за живот, но мудроста за „голото здравје без пари“ укажува на една сурова вистина и реалност дека без пари човекот е маргинализиран и немоќен и тоа е причината за многу последици, трауми, психози, психосоматски заболувања, кавги во семејстово, разводи, кражби, убиства, затвори, нетрпеливост по сите основи, намалување на наталитетот, а ако видите дека сите индивидуални единки се „семстени“ во еден систем (економски и политички) ќе видите дека сето тоа има  причинско-последична врска и дека секој ситстем, чиј дел е граѓаниот, се рони како недоправена куќа, карабина, која, ако се прави полека, побргу се рони отколку што се гради.

Тие што немаат информација како се живее во среќните земји, или не ги посетиле (огромен број од населението нема никогаш излезено во странските развиени земји) не можат да направат разлика со нашиот и тамошниот живот. Информациите преку ТВ записите се лижење шеќер преку стакло. Но, тие што излегле од темните блакански саѓи и мрднале особено на север на нашата родна Европа можеле и можат да споредат дека таму некаде се живее со друг живот. Да, таму се бара работливост, точност, креативност, прецизност, законите за заштита на трурод се строги и функционираат. Таа сигурснот е едно од среќните чувства на секој граѓанин на светот. Самоволието на новопечените богаташи, неизживеани во градска средина, не поминува, се разбира дека има одвоени појави, но тие бргу се изолираат.

За споредба ќе наведем дека во земјите со висок животен стандард, како Блегија и Луксембург, примањата се движат во просек по 50 илјади евра годиншо, наспроти нашите примања што се движат во просек по околу 5 илјади евра годиншно, значи 10 пати помалку, при речиси еднакви или слични цени на продуктите.

Македонија е на дното на светакта листа и по нееднаквата распределба на националното богатство (ЏИНИ – коефициентот) што значи дека 10 проценти од граѓаните во соја сопственос имаат 90 насто од богатството, а 90 проценит живеат на работ на сиромаштијата или во вистинска сиромаштија, а тоа значи дневна главоболка и мисла како да се помине денешниот ден, со јанѕа дали можат да се задоволат потребите на децата за исхрана и за училишни потреби, однсоно како на дете-тинејџр да му се пружи барем минимална поддршка за тоа што го бара неговата младост. Ова се само дел од причините за нашата несреќа. Секое детализирање би поминало во баналност, зашто сите ги занеме  приините на нашата неспособност да организираме пристојно ниво за живот. Тие грижи и маки ни го кратат животот.

Деновиве излезе уште една статисктика која зборува дека македонските граѓани во просек живеат по дваесет години повеќе од жителите на африканските држави, но по должината на векот се далеку од луѓето во развиените западни земји. Податоците на Обединетите нации покажуваат дека Македонците во просек живеат по 75 години, додека најкраток век имаат жителите на Чад, со просек од 53,68 години, а најдолго живеат луѓето од Монако со просек од 87,01 години. Наведено е дека генетиката, полот и начинот на живот влијаат на животниот век. Потоа како фактори се земаат предвид и хигиена, исхрана, култура, избор на професијата, пороците, вежбањето, пристапот до квалитетна здравствена заштита, па дури и криминалните стапки.

Во Хонг Конг просекот е 85,83 години, Макао (85,51), Јапонија (84,95), Лихтенштајн (84,77), Швајцарија (84,38), Сингапур (84,27), Италија (84,2), Ватикан (84,16), Северна Кореја (84,14 години).

Краток просечен животен век имаат жителите на Нигерија (53,87 години), Лесото (54,91), Централноафриканската Република (55,48), Јужен Судан (56,51), Сомалија (57,35), Есватини (57,71), Намибија (59,93), Гвинеја (59,55), Мали (69,03 години). Ете ја разликата во светски размери!

Трагедијата е во тоа што економсиот напредок на Македонија е бавен и што вака како што оди со 2-3 проценти годишен раст, па во време на кризи намалување и на тој мал процент, па пак враѓање на утешителни проценти, македонските граѓани никогаш нема  да почувствуваат задоволство од интензивне напредок, односно од брзиот раст на животниот стандрад. Во економијата има едно правило кое изразено како формула изгледа вака: 1/70. Тоа значи дека ако просечниот економски раст годишно изнесува 1 процент, за двојно да се зголеми животниот стандар ќе треба да поминат 70 години. Ако тој раст континуирано изнесува 2 процента, за двојно зголемување на стандардот ќе треба да поминат 35 години, ако годиншиот раст контунуирано изнесува 10 проценит, за двојно зголемување на стандардот ќе бидат потребни 7 години. Тоа е тајната на убавото чувство на напредок во брзорастечкитее азиски економии, кои од мочуришта станаа светски економски велесили, како Кина, Јужна Кореа, па замислете и Виетнам кој своевремено беше сремнет со земја од американската агресија. Тој што ќе го пстигне ова, ќе ја понесе славата дека го спасил македонскиот народ од чувството на еден од најсреќните народи во светот.    

Сите знаеме што беше потребно да направиме, а не го направивме. Направивме диференцијација по социјална основа со посредсвто на две криминални приватизации, со што Македонија се расцепи и се создаде природна омраза кон тие што го грабнаа нашето богатство, незалсужено, без мака, со присила, со грабање на акците на новопечените акционери (дотогашната работничка класа), кои не ни знаеја што се тоа акции, па под закана дека ќе бидат избркани од работа ако не му ги продадат за џабе пари акциите на директорот, му ги даваа без да бидат свесни дека својот дел од богатството му го даваат на некој кој по силата на среќата се нашол во можност да граба и тоа законски! Од друга страна ниту имаше закон за заштита на правата на акционеирте, а ако и имало, нашето судство не било способно да ги реши, па и тогаш, како и секогаш, како и сега, немло кому да му се пожалиме за да не заштити.

Среќна нова 2024, зашто ни оваа година нема изгледи да ни донесе насмевка на лицето.