
Дострелите на македонската економска политика и мисла достигнаа до препораката и „мерката“ да не се зголемуваат платите, зашто, ако се зголемеле, веднаш ќе скокнела побарувачката по продавниците, ќе било лудило, па цените ќе подивееле, вака, без да се зголемат, се’ ќе биде под контрола, цените и натаму ќе дивеат, а платите ќе си останат исти, односно ќе ја губат силата. Во овие празни и молерски изјави не се спомнува вистинската причина, а тоа е немањето пари во буџетот и покрај ветувањата за покачување на платите, огромните долгови на јавните претпријатија, матните зделки при јавните набавки, за кои се водат судски спорови, корупцијата, немањето инвестиции и немање воопшто концепт и знаење за економскот развој, а цените ќе си растат. Потврда за високите дострели на нашата економска политика е последната храбра и божем смирувачка изјава што дојде од врвот на владата дека „базичната инфлација од 4,4% е во негатива“ што е обид за тотоална хипоноза на тие што барем малку имаат поим од математика. Професорот, кој често знае да се пофали дека неговата политика и потези се базираат врз математичка логика и комбинаторика, се прави дека не знае дека штом пред некоја бројка нема минус, тоа значи дека е плус, па како може да се каже дека 4,4% е негатива? Значи дека прави обид да ни каже дека „тази дупка не е дупка“! Тој, при секоја своја изјава што се однесува на инфалцијата, кажува различни бројки. Пред крајот на ланската година и на почетокот на оваа, гордо изјавуваше дека инфлацијата оваа година нема да надмине 3%, без за тоа да има здраво образложение. Еве сега, 3 месеци пред крајот на оваа година, последниот податок на статистиката вели дека во август, во споредба со ланскиот август, имаме намалување на инфалцијата од 4,8% на 4,4% што е голем успех на нашата генијална макроекономија и практика, а не спонува дека цената на нафтата на светските берзи паѓа.
Сепак, охрабрува тоа што владата признава дека „нема да носи мерки за намалување на цените на основните животни продукти, затоа што искуството покажало дека имаат краткотраен ефект, кој не вродил со плод“. Тој вели дека „нема да има интервенционизам“, па дури сега станува нејасно дали државата сосема ќе ги остави граѓание на суровите пазарни ветришта, или дига раце од незнаење што да прави со цените, ама платите нема да се зголемат. Кога збоурвавме дека лекот не е во ограничувањето на цените, туку во продуктивните инвестиции, во стопирање на транспарентната корупција со партиски вработувања, немилосрдно сечење на непродуктивните трошења, намалување на огромната разлика на платитие на функционерите кои не функционираат, фаќање за гуша со измамата со патните трошоци, со непотебните патувања за да докажеме дека сме биле први и најблиску до некаков периметар или епицентар, кој сега никаде и никој не го спомнува, туку тој периметар/епицентар не акна в ребра со високите царини за ЕУ и ја кутна нашата гордост – тексилната индустрија, стотици работници на улица, со заостанати плати и неплатени придонеси, помошта од УСАИД секна… - бевме ставани на страната на предавниците.
Сега вниманието на општата јавност се подгрева како вчерашен грав со наводната генијална констатација дека платите биле виновни за инфлацијата, па затоа – нема покачување! Пораката: многу трошите, аздисавте ебаго, кој сте вие да барате преку леб погача, сакате здраво да се храните, сакате евтини лекови, сакате да ги облечете децата во зимска облека, да одите на одмор, да правите зимица, е па не може, оставете ги цените да си растат, тоа не е ваша работа, бидете задоволни со тоа што го примате од државата, затоа што таа мисли на вас и се грижи за вас како за ланскиот снег.
Чудно е што некои „експерти“ наместо на страната на науката и на логиката се ставаат на страната на политиката, па и тие повторуваат како папагали дека токму растот на платите ја зголемува потрошувачката и влијае на порастот на трошоците за живот, што упатува на заклучокот дека платитие не треба да се зголемуваат, дека треба и натаму да се жиивее во сиромаштија, па демек бараат „внимателна фискална политика“, поголема контрола на инспекциските служби и зголемено домашно производство“, а не кажуваат дека таа фискална политика се однесува на јавнот сектор, а дека реалниот е фактички во рецесија, што значи сите сме во иста дупка! Какви генијални експерти! За ваков јалов и безидеен одговор, во вакви економски околности, би паднал секој студент на испит во времето на УКИМ, а експертите се токму професори на некои таканаречени факултети, чии идпломи се признаваат во некои земји од Движењето на неврзаните.
Дали сфаќате дека веќе нема човек што не вели „ние немаме држава“, веќе сите сфатија дека сите акивности, услуги и потреби дејствуваат во лер, дека се’ е во инерција која ги држи сите сектори и активности на луѓето во неизвесност, а тоа е најлошата психолошка состојба која резултира со психосоматски заболувања, депресии и анксиозност. Таквата состојба, покрај ненормалното иселување на граѓаните, ја одезма креативната способност на трудот, еден од двете главни супстанци во инпутот, во развојот на сите човекови сфери на создавање, од индустриските до уметничките.
Секои мерки во економијата имаат смисла ако даваат резултати на теренот, односно ако тоа го почувствува граѓанството во напредување на животниот стандард. Се друго е гол популизам во чија заднина стојат интересите на релативно мала политичка групација од мешан национален соства, која ја има таа привилегија да ја крои судбината и животот на „останатиот“ дел од населението и тоа безобзирно и без одговорност.
Никој веќе не го спомнува значењето на домашните и на странските инвестиции кои се занемарливи во споредба со регионов. Никој од тие експерти на ја спомнува безбедносната состојба која само во очите на некои воени старешени е безбедна, а во соседството врие, никој не ја спомнува безидејноста по прашањето на нашиот пат кон ЕУ, туку само се експонира желбата, што всушност стана излитена и здодевна фраза, без тотално никаква светла точка или надеж на граѓаните, никој изгледа не гледа дека тие се доведени до тотален пораз и во ТВ анкетите, без исклучок, повторуваат дека со овие примања и во нефункционална држава не се живее. Никој не е будала да инвестира во поправка на апарат што не се поправа, на кого му поминал векот, како што им е поминат векот на нашите ставови и сфаќања за конзервирање на сосотјбата и одбрана од странските влијанија врз нашиот живот. Па, тие примери ги има во Русија, во Северна Кореја во кои се забранува интернетот, дури и употребата на менструалните влошки.
Препораките дека Макекдонија е земја во која треба и може да се инвестираа секнаа во изјавите на високите европски политичари кои веќе не ја спомнуваат Македонија во изјавите за персективата на земјите - членки, или кандидатки за влез во ЕУ. Меѓу нив веќе ја нема Македонија, туку се спонуваат Молдавија и Украина која е срамента со земјата и господ знае дали воопшто некоја нејзина инстутција функционира. Ете, дотука дојдовме!
Само што тоа ретко кој го сфаќа, особено масата што фнатично верува во сите нелогични убедувања и фрази, во пристрасните медиуми, особено во глаголот „треба“, а одговорот на прашањата - кој треба и што треба - останува да виси.