Собирот го организираше Стопанската комора за енергетика, домашни и странски компании, експерти од областа на енергетиката, каде се говореше за сите аспекти на енергетскиот сектор, а најмногу во напорите кон создавање енергетски независна држава, притоа следејќи ги светските трендови и следејќи ги заложбите за производство на еколошки чиста енергија.
„Главата цел е создавање независна енергетска држава, оттаму што главен ресурс за секое стопанство, за било кое семејство е енегенсот. Формирањето ново Министерство за енергетика е во насока на тие заложби. Тоа многу ќе придонесе во насока на развојот на оваа држава“, рече Ѓорѓи Манасков, претседателот Стопанската комора за енергетика на Македонија.
На собирот се дискутираше и за проекти за развој на енергетскиот сектор.
„Стопанската комора за енергетика секако има сериозно влијание во развојните текови на државата. Се стремиме кон создавање енергетс ки независна држва. Ќе разговараме за когенеративни електрани, за проектите „Чебрен“ и „Галиште“, потоа проектот „Пловен Вардар и употребата на хидрогенот како енергенс од нова технологија“, рече заменик министерот за енергетика, Мирослав Лабудовиќ.
Државата е обврзана во две етапи до 2030 односно 2050 година, особено втората етапа до половината на овој век да се достигне нула емисија на јаглеродемоноксид. Когенеративните електрани ќе бидат дел од тој процес на транспордирање кон чиста енергија. Тие се патот од јагленот кон чиста енергија.
Плановите за реализација на проекти од областа на енергетиката бараат повеќе време, од изработка на документација, анализи до реализација на отпочнување на реализација на конкретни проекти.
Се подготвува документација за изградба на првата когенеративна електрана. Ние веќе имаме проект. Се планира 2026 година да се почне со градба. Како можни локации се две во Скопје и една во Куманово, каде и претходно биле разгледувани можни локации за когенеративна електрана.
Инвестиции во зелена агенда
Податоците покажуваат дека на територија на Македонија има над 700 MW капацитети што произведуваат струја од сонце. Заклучно со крајот на 2023 година, Македонија ја заврши со инсталирана моќност од 1.311 MW од обновливи извори енергија, од кои најмногу – 720 MW беа хидроцентрали, а веднаш зад нив беа фотоволтаичните централи со капацитет од 506 MW. Од обновливи извори лани имавме производство од 2.173 GWh што е 33% од вкупното производство на електрична енергија.
Северна Македонија би можела да се соочи со економски штети до 4 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП) до 2050 година поради влијанието на промената на климата, се истакнува во новиот Извештај за климата и развојот на земјата (CCDR) за Северна Македонија.
Заедно со инвестициите во климатската адаптација, Северна Македонија треба да ја забрза енергетската транзиција за да постигне нето нула емисии до 2050 година, во согласност со целите на Европската унија.
Според извештајот, транзицијата од фосилните горива може да ја зајакне енергетската безбедност преку поттикнување на пофлексибилен и модернизиран енергетски систем. Оваа промена, исто така, веројатно ќе донесе значителни подобрувања во здравјето и долгорочните економски резултати, првенствено преку подобар квалитет на воздухот и намалување на долгорочните оперативни трошоци на енергетскиот систем.
Овие инвестиции опфаќаат изградба на капацитет од 6,9 GW за производство на обновливи извори на енергија, електрифицирање на клучните сектори како транспортот - најмногу 90% од патничките автомобили ќе бидат е-возила до 2050 година - и зголемување на енергетската ефикасност за заштеда на 36% од топлинската енергија годишно.
Даночните политики би можеле да ги поттикнат обновливите извори на енергија, зелениот транспорт и одржливите технологии со отстранување на субвенциите за електрична енергија на јаглен, истовремено заштитувајќи ги ранливите домаќинства од зголемените трошоци за енергија.