Годините го менуваат погледот на свеотот и нашитеставови. Како млади сме го гледале „хоризотот“, сега го гледаме „брегот“, па норамло и природно е да се свртиме наназад за да видиме што сме оставиле во тие зовриени траги, колкава должина и со што е исполнеата таа наша животна бродска линија. Се разбира и како колективитет и како индивидуа. Лично, секој има свој багаж, не сакам да се мешам никому, кој колку можел, кого колку го служела среќата, кому колку му дал господ. Богатството не значи секогаш и богат живот. Ама за колективниот, слободно можеме да се критикуваме меѓусебно, затоа што самите сме го дозволиле тоа што ни се случувало, особено сме виновни за толеранцијата на лошото околу нас, за немарноста, наспроти нашата должност да се активираме во сите општествени процеси, затоа што сме дел од нив, не само заради нашиот интерес туку и за интересот на нашите поколенија. Никој нама право да им остави неред, историско и комунално ѓубриште. Тврдењето дека не треба да се грижиме за наследниците, зашто тие треба да се грижат за себе, не држи, исто како што не ни е сеедно ако некој од нашите предци или родители не оставиле сами да се туркаме во животот, без да ни остават, наследство материјално, но и духовнио и културно и обичајно и музичко и литературно и архитектонско и урбанистичко и тн.
Тврдам дека, кога човек ќе се заврти наназад од палубата на пловечкиот брод, првин пред очи му излегуваат сликите од неговиот град, ликовите, потоа од местата на кои бил и шетал, па на старите љубови кои исто така најмногу се врзани со сликите на неговиот град, особено ако тој град имал романтични катчиња, амбиенти, призвук на муизиката до нашето веме и тоа е сиот наш живот.
Градот во кој сме одраснале и сме живееле тече во вашите вени исто како што ние цел живот течеме по неговите улици сообраќај и институции.
Споредбите се неминовни со денешните слики, но исто така и разочарувањата. Често на ФБ луѓето поставуваат слики на старо Скопје, а до нив и слики од новото Скопје. Под сликите следуваат безброј коментари дека на старата слика било прекрасно, а на новата катастрофално и така се редат возишки по старите добри времиења и по стриот убав град. Од сликите се гледа конфузијата и конфликтот на двата стила:
1. модерниот – определен како стил во кој ќе се гради новото и современо Скопје и
2. наметнатиот „барок“ со кој Македонија никогаш немала врска и абер.
Оваа вторава ја задуши првата и од модерното Скопје речиси и да нема нешто видливо и доминантно по кое ќе се препознае јасната определба на еден компактен урбанистички, архитектонски и функционален стил. Стана грдо и нефункционално.
Има луѓе штo прашуваат зошто се дига толкава врева за градбите што се изградени и што се градат во последниве 10тини години, зошто пред тоа не се градело со толкав интензитет, така брзо и украсно?
Ним теба да им се одговори: подобро да не се гради ништо отколку да се гради на слепо, недозволено, неестетски, неумтенички, зашто во секој урбанизам и во секоја архитектура мора да има и уметност и функцоналност, во спротивно тоа се именува како „кич“. Таа шлаканица на Скопје му ја залепи и британскиот веник „Гардијан“ во кој Скопје е наречено „евроспаска престолникна на кичот“, што многу боли ако си скопјанец со доллог стаж на живееење во него, ако ја познаваш неговата култура од пред нападот врз него, ако ја паметиш културата на таксистите, на келнерите, на занаетчиите, итн. Сите паметни и културни земји настојуваат и строго ги чуваат своите стари градски јадра. Никој нема храброст ни да помисли да измени нешто во урбанистичките линии на Париз, Рим, Виена …. а камо ли да покрие некоја стара градба со новокомпонирана, по желба на некој што нема врска со градењето, што не ги есапи ни архитектите ни нивите здруженија, ниту има нешто прочитано од делата и биографиите на скопските архитекти по чии градби беше познато Скопје, не само во Југославија туку и пошироко.
Со новите потези
Некому му текна градот да го претвори во голема тезга на која ќе се продава кичот за чија конзумација има голама маса со неизграден вкус и квадратура, бидејќи е главен и центрлаен, а цената на таа квардратот во центарот има висока цена. Суспендирани се сите плански и логички, климатки и комунални можности, суспендирани се мислењата на архитектите, јавната расправа, разни здруженија за заштита на зеленилото, на човеовите права и на сцена стапи градежното насилство и само ИНТЕРЕСОРТ/ПРОФИОТ. Во која стилска насока треба да се движи скопскиот урабанизам и архитектура е тема врз која одамана е нафрлано огромно количеству пепел.
Се разбира дека на ова не можеа да одолеат ни сопствњениците на плацевите и на куќите градени по Втората војна, тогаш кога Дебар Маало и Тафталиџе беа периферија на Скопје, па ги даваа на инвеститори за да добијат многу поголема квадратура, по две-три стана, па ако треба со комшиите ќе си гледаат во спалните соби.
Однама е јасно дека во законите махерите имаат најдено дупки, а и новите се носат со дупки за да се „граде и да се краде“
Цените на становите во Скопје
Цените на становите во Скопје, во третиот квартал од оваа година бележат раст од 2,9 проценти во однос на претходниот квартал, а годишен од 11 проценти.
Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти годишно, односно од 1,3 проценти квартално, а во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто.
Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто годишно, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.
Поскапувањето се должи на зголемија цените на градежите материјали, што доведе до зголемување на цените на новите градби, но тоа чудно е тоа што побарувачката го прифати тоа. Значи, или е инвестиција во недвижнини или е бегство од провинцијата во Скопје. Всушност – и едното и другото. Сепак, по првото тримесечје настана извесен застој со мала корекција на цените во правец на нивно намалување. Во скопскиот регион се издадени нови 73 одобренија за градба, што значи – продолжуваме!
Градовите во Европа се многу ригорозни кога се во прашање старите делови на градот. Незамисливо е во делови на градот, формирани во други времиња, епохи и векови да се најде некоја нова зграда и да го поремети постоечкиот склад . Во Грац, на пример, постои специјална комисија за стариот град составена од емининтни стручњаци, кој исклучиво се грижи за стариот град и за неговата заштита. Замислете да се најде некој будала и да направи нешто по примерот на Скопје? Или да направи некоја модерна современа гадба на дубровничкиот Стардун?!
За Охрид нека пишуваат охриѓани, за Маврово – мавровчани итн… Но кој и да пишува нема ништо убаво да напише од аспектот на овој текст. Тоа е нашата болка која се граничи со пониженост и со навреда. Како некој невидлив за наше око јавач на апокалипсата секојдневно да ни ги одзема сликите на нашиот град и ги фрла во заборавот.
Скопје никогаш нема и не може да и се врати на својата модерна линија.
Трагедијата е во тоа што никој не знае и нема идеја каде ќе се движи скопската архитекрура во иднина, кон барокот или кон модерната. Веќе нема место за натпревар – просторот е 100 насто зафатен, а можеби има „оптимисти“ кои би рекле може, може уште да се „бута“!