Отворањето на поглавјето за животната средина низ процесот на апликација кон Европската унија е добар почеток за Македонија. Сепак, ќе треба доста долг период и многу експерти од домашните институции да работат напорно за да се постигнат минимум стандардите кои ги превидува ЕУ за да се затвори ова комплексно поглавје. 

Животната средина е една од најкомплексните области кои ја изучува науката и област која директно влијае на сите нас. Заштита на воздухот, реки, езера, вода, почви, природни ресурси и експлоатација, управување со отпад и заштита на биодиверзитетот на природата. Треба да се унапреди заштитата на национално ниво и да креираме регулаторни рамки за приближување кон Европската унија. 
Кога се говори за управување со отпадот, тоа е прашање кое се актуелизира на глобално ниво веќе 20 години. 

Според Андреј Ѓокиќ од компанијата „Суниленс“, важно е да се продолжи да се решава. Во Македонија наведува дека има успеси во делот на управување со отпадот, но, важно е да се постигне зелена транзиција - да се унапредуваат системите и да се креираат услови за нови системи отпади кои во моментот не се селектираат. Тука ја наведува и еколошката едукација и кај граѓаните и кај индустријата. 

„Потребно е креирање на регулаторни рамки кои ќе овозможат на приватниот сектор да најде начин да може да селектира во различни системи за управување со отпад. Треба да креираме достапни системи за населението и индустријата и да се селектира отпадот и тој систем да обезбеди соодветно справување, дали ќе се употреби повторно, односно ќе се рециклира или депонира“, вели Ѓокиќ. 

Примерот на циркуларната економија влегува и во пракса во ЕУ. Циркуларната економија го предвидува спротивното од традицоналната економија која се базира на концепт „купи - искористи и фрли“ без оглед како ќе се третира отпадот. Циркуларната економија започнува од дизајнот на производот каде производите која економијата ги пласира, ќе бидат дизајнирани да траат подолго, да содржат рециклирани материјали, енергијата да не биде штетна за животната средина, како крајна цел создавање на нула отпад. 

„Со креирање на регулаторна рамка која ќе дефинира различни аспекти во економијата, секако главен дел од инвестициите од стимулирање на инвестиции во приватен сектор со управувавње со отпад кое е трансформирано да произведува поодржливи производи, секако тие мерки ќе видиме како ги имплемтира ЕУ. Една од нив е директивата за обновлива енергија од 2009 година 28EC која предводува економски раст. Економски раст со економски политики кои ќе го мотивираат секторот да произведува електрична енергија од обновливи извори, а вториот дел е развивањето на биоекономијата во рамки на ЕУ каде се поттикнува што повеќе во управувањето со биоотпад да се користат обновливите природни ресурси за конверзија во нови биопроизводи или биоенергија“, вели Ѓокиќ. 

Друг тип на поддршка е директна поддршка кога има компании кои управуваат со отпад и произведуваат одреден тип производ, што содржи одреден процент од тој отпад. Ако законодавното тело ќе го регулира процентот за рециклиран отпад кој треба да влезе во ново произведениот отпад и да има стимулација по произведена единица на нов производ кој во себе содржи рециклиран материјал или содржи отпад. 

„Тоа е познато во биодизел индустријата или индустрија за биогас каде континуирано се стимулира производство на биодизел од отпадни масла кои процентуално државата одредува дека до 8 насто ќе влезе во сите нафти кои се користат во самата држава. Истото и за биогас. Производство на биогас од органски отпад да ги мотивира оние компании кои направиле големи трошоци во огромни постројки за производство на енергија за да произведуваат енергија од органски отпад“, вели Ѓокиќ. 

„Суниленс“ за 12 години успеа да собере 7600 тони отпадни масла.  

Веќе 2500 домаќинства се вклучени во нивната акција „Рециклирај и донирај“ каде нивната компанија доставува три литарски садови и секој оној кој сака да собира отпадно масло може да ги контактира. За возврат, домаќинствата помагаат на бездомните семејства кои добиваат донација на сончогледово масло, преку организацијата „Љубезност“ која ги спроведува донациите.  

„Ова е голема бројка за нас задоволни сме. Ако не постоеше нашиот систем би ја загадиле животната средина и не би биле искористени како економски ресурс во заштитата на животната средина“, смета Ѓокиќ. 

„Суниленс“ од 2009 година воспостави систем за собирање и рециклирање на отпадни масла од раститлно потекло, за готвење и пржење на храната. Откако ќе се испржи храната, маслото треба соодветно да се селектира и не е за повторна конзумација. Тоа е отпадно масло – не треба да се пржи повторно, бидејќи се менува молекуларната структура и маслото влегува во канцерогена состојба. Има процес на оксидација и не е соодветно да се користи за човечка исхрабна и добиток и мора да се третира. Системот на „Суниленс“ е специјализиран да го собере тој отпад од домаќинствата и индустријата. Потоа тој отпад вчегува во системот каде се третира, се загрева за да се извади талогот поради остатоци од храната. Ќе се филтрира маслото, потоа го складираат, дополнително се вади талогот со специјални цистерни за декантирање и се извезува како еколошка суровина во ЕУ, од која се произведува био дизел кој ја намалува емисијата на CO2 гасови за 80 насто во споредба со обичниот дизел. 

„Нашиот систем е сертифициран. Тој сситем е промовиран поради Директивите на ЕУ. Веќе 14 години функционира. Откако постои овој систем на ниво на ЕУ со производството на дизел односно користењето на биодизел во нафтените горива на возилата, намалени се за 1 милион тони CO2 емисиите. Tоа е исто како да сте тргнале 550 илјади возила од автопатиштата. Ефектот е огромен. Се намалува и искористувањето на земјоделски површини кои се користеа во првата генреација на биодизел за да се одлгедуваат култури како репка и сончоглед, бидејќи биодизелот се доbаиеше од нерафинирани растетелни масла“, вели Ѓокиќ.  

„Суниленс“ е првата регистрирана компанија во државава за управување со отпадни масла за јадење, Компанијата постојано инвестирав во истражување на пазарот, нова технологија, опрема, за исполнување на највисоките стандарди за соодветно извршување на оваа дејност.