Познати аналитичари тврдат дека, со оглед на актуелните  негативни околности, светот во наредните две години ќе претрпи најсилен економски колапс во последните педесет години. Во последниов половина век, односно од 1970. година, до денеска, светот има претрпено пет рецесии.

Првата беше 1973. година, кога арапските произведувачи на нафта, во знак на протест против американската воена поддршка на Израел во конфликтот против Египет и Сирија, воведоа  ембарго за извоз на нафта во САД, Велика Британија, Канада, Јапонија и Холандија. Тоа доведе до нестабилност во снабдевањето, недостиг, а потоа и до раст на инфлацијата. Американската централна банка (ФЕД) беше принудена да ги дигне каматите на 13 % во првата половина на 1974, а невработеноста во мај 1975. достигна 9 %. Кризата се претвори во глобална рецесија што траеше до 1975. година (околу 16 месеци).

Втората криза се појави во 1982. кога агресивната рестриктивна монетарна политика на САД, како реакција на силната  инфлаторна спирала (со месечна инфлација од 11%), предизвикана делимично од иранската револуција, а делимично од структурните проблеми на САД, доведе до силна рецесија со раст на каматние стапки и неваботеноста во САД и во многу западни земји. Истовремено, колапсот на  цените на берзанскте производи и на светската трговија  предизивка силен финансиски стрес врз растечките  економии и должничка криза во Латинска Америка и во Северна Африка.

Тртата светска рецесија почна 1991 во САД, неколку  месеци пред инвазијата на Ирак на Кувајт, што доведе до раст на цената на нафтата и инфлаторен удара во САД и во светот. Уследи интервенција на ФЕД и заострување на финасиските услови. Настапи монетарно-банкарска криза и во Европа, со истовремена геополитичка криза предизвикана од транзицијата на земјите на источноевропскиот блока кон пазарна економија.

Четвтата рецесија почна 2008-9 во САД со хипотекарната криза, односно во време кога банките не можеа да ги продадат хипотекарните заложби на лесно даваните кредити, и од други бројни нерегуларности во банкарскиот  сектор.

Петата рецесија во 2020 ја предизвика епидемијата на вирусот корона и предизвика најголем пад од крајот на  Втората светска војна, а продолжи со последиците од руската агесија врз Укранина, која ги поремети светските  трасирани патишта за снабдување и распределбата на природните богатства и енергенси што му припаѓаат на целото човештво, а случајно се „распределени“ на територијата на некои земји.

Од сите наведени примери, може да се заклучи дека американската економија е во тесна врска со сите кризи и тоа не е чудно ако се знае дека се работи за најсилната економија во светот. Рецесиите главно се совпаѓаат со  случувањата во САД, и речиси секогаш им  претходеше пресврт во америчканаската монетарно-фискална политика.

Со цел да се поттикне економската активност, ослабена по епидемијата, многу економии, а најмногу водечките, во последниве две години, спроведоа до тогаш невидена монетарна и фискална стимулација со вбризгување пари во системот, било преку буџетска поддршка на компаниите и на социјалните групи или преку намалување на основната каматна стапка (намалување на цената на парите). Но, сето тоа да се финанисра не можеше без да се направат големи долгови. Тоа е прмерот што го следеше и го примени и Македонија. Но, тоа си довлечка дополнителен ветер во грбот на инфалцијата, па банките фатија по обратна насока - зголемување на осноснвите каматни стапки. Лошото е што проблемите на страната на понудата продолжуваат да дејствуваат - дефицит на стока при проблеми во снабдувањето. Бидејќи финансискиот систем е глобално интегриран и меѓузависан, кризата се прелева во целиот свет. Па така, ова може да биде одговор на  уверувањата во теории на заговор - дека некој некому нешто прави зад граб. Таа теорија паѓа со фактиите што укажуваат  дека ниедна земја не остана нечепната и надвор од кризата. Светот е толку глобализиран, со испреплетени инвестиции и акционерски капитал што веќе нема граници во време на кризи, но ако човештвото го сфати тоа ќе види дека и развојот може да биде заенички, само треба мирно решавање на проблемите, па колкави и од која природа да се. 

Опоравувањето ќе трае долго. Пред пандемијата податоците укажуваа на тоа дека светот не е сосема закрепнат од амариканската хипотекарна кзира од 2008 година, што значи дека, ако актуелнава криза ескалира со политика поделба, во која постепено се вклучуваат Северна Кореја и Иран како поддршка на Русија во украинската војна, тогаш никој не знае дали некогаш економијата ќе се стабилизира и ќе настапи подолг период на мир и благосостојба.