По 12 години во хибернација, со одлука на владата, се  вклучи во производство „ладната резерва“, термоцентралата ТЕЦ „Неготино“, за да се ублажи актуелната голема енергетска криза за потребите на домашната побарувачка.

ТЕЦ „Неготино“ отсекогаш се сметаше како промашена инвестиција, поради тоа што, поради цената на енергетското гориво, мазутот, не можеше да оствари добивка и секогаш, кога ќе се вклучеше, работеше со загуба што беше „пеглана“ од цената на струјата што ја произведуваат производствени едники на ЕСМ. Затоа оваа централа, во поголемиот дел од векот, стои како ладна резерва и така е позната во електроенергетските кругови и на јавноста, односно на тие што се интересираат за електроенергетската политика.

Интересно е тоа што сега, во најголемната енергетска криза по Втората светска војна, електраната е вклучена исто така на мазут, чија цена е двојно повисока од времето на мирот, но НИКОЈ не кажува јасно каков е финансискиот биланс меѓу инпутот и аутпутот, или појансо: дали централата работи со довика или со загуба. Тоа јавноста мора да го знае, како што мора да знае за секој нејзин денар каде оди.

Анторис, се обрати до менаџментот, барајќи одговори на неколку логични прашања. Го добивне финансискиот извештај заклучно со крајот на 2021 година, што, како што пишува во дополнителното објаснување, треба да биде објавен на страницата на Македонската берза.

Никој не става забелшка зошто централата е пуштена во погон, едноставно кризната ситуација го налага тоа, па макар и да се работи со негативна разлика. Во овој момент најважно е да бидат задоволени барем основните потреби на граѓаните. Замислете колкава штата трпи економијата и граѓаните во време кога нема струја, кога ниеден компјутер не може да работи. Но, работите траба да се знаат, никој не ја префрла вината на актуелната власт, оваа централа била под контрола на сите власти досегашни и секогаш работела со загуба. Нам, од страна на менаџментот, ни се потребни дообјаснувања! Прецизното читање на финансискиот извештај е вештина на луѓе што се стручни и што го работат тоа, менаџментот, или да речеме портпаролот, треба да биде трансмисија на тие податоци да станат разбирливи за сите. Од извештајот што го добивме, меѓу огромниот број стручни изрази, произлегува следново:

Остварен финансиски резултат

АД ТЕЦ НЕГОТИНО за периодот од 01.01.2021 година до

31.12.2021 година оствари позитивен финансиски резултат од редовното

работење, и тоа:

- Добивка пред оданочување 29.061.338,00 денари

- Данок на добивка 3.353.649,00 денари

- Нето добивка (по оданочување) 25.707.689,00 денари

 

Податоци за примањата за членовите на Управниот и

Надзорниот одбор за 2020 година.

Висината на исплатениот надоместок на членовите на Надзорниот

одбор е за Претседател на Надзорниот одбор Јордан Шијаков -

12.000,00 денари, а за останатите три члена (Андријан Ташковски, Елена

Данева, Трајче Крстевски и Блаже Димов) по 10.000,00 денари месечно.

Висината на надоместокот на членовите на Управниот одбор кои според

Менаџерскиот договор извршуваат функции на Раководител-извршна

функција, Директор-менаџерска функција и член на Управен одбор

изнесува:

1. Претседател на Управен одбор (Генерален директор) Небојша

Стојановиќ - 89.175,00денари (нето) се зголемува за 0,5% од година за

минат труд.

2. Член на Управен одбор (Технички директор) Игор Бојаџиев -

73.800,00денари (нето) се зголемува за 0,5% од година за минат труд.

3. Член на Управен одбор (Директор за производство) Јане Стоименов -

73.800,00 денари (нето) се зголемува за 0,5% од година за минат труд.

4. Член на Управен одбор (Директор за правни и општи работи) Никола

Ангеловски - 64.575,00 денари (нето) се зголемува за 0,5% од година за

минат труд.

5. Член на Управен одбор (Директор за финансиски работи) Билјана

Петроска Мантева - 64.575,00 денари (нето) се зголемува за 0,5% од

година за минат труд.

 

Сигурно дека, во принцип, не се спори со ревидиран извештај, но ние сакавме да добиеме одговор од човечки извор, хартијата може да биде поткрепа. Однсот меѓу медиумите и на раководствата е жива материја и бара непосредна комуникација. Портпарол нема, а и да има тој би го направил истото, ќе бара прашања, па одговорите ќе ги добиете, ако не оваа среда - другиот петок (за портпаролите ќе пишуваме во посебен текст).  

Во одговорот стои и дека на наштие прашања одговор ќе добиеме подоцна „бидејќи сега работи ТЕЦ Неготино и зафатени сме со додатни активности“, демек директорите произведуваат струја и немаат време да се занимаваат со одговори за јавноста. Ние одговоривме: „ОК, ќе почекаме!!!“, имаме време за чекање, времето работи за нас!  

Нашите прашања се:

-      разлика во цената на произведената струја и инпутот

-      со колку проценти ТЕЦ „Неготино“ учествува во системот

-      технологија

-      загадување

-      во каква кондиција е 

Е, па сега, што да правиме, одговори чекаме.

 

 

ТЕЦ „Неготино“ – општи податоци (достапни на интернет)

Статус     неактивна

Изградбата почнала 1978

Сопственик ЕЛЕМ (ЕСМ)

Оператор ЕЛЕМ (ЕСМ)

Главно гориво мазут

Построен капацитет 195 мегавати

Макс. капацитет 215 мегавати

„ладна резерва на Македонија“

Термоелектроцентрала Неготино или скратено само ТЕЦ „Неготино“ — термоелектрична централа во близина на градот Неготино, во средишниот дел на Македонија. Централата работи на мазут и служи како „ладна резерва“ во рамките на електропреносниот систем на Македонија.

Централата претставува втор електроенергетски објект по големина со расположива производствена моќност од 195 мегавати и максимална моќност од 215 мегавати.

Централата со нејзината моќност од 195 мегавати, дневно може да преработи 1.200 тони мазут и од него за 24 часа да произведе 4.680 мегават-часови електрична енергија, со што може да се задоволат дури 20% од македонската потрошувачка на електрична енергија.

Главно, капацитетот и самото производство останува минимално во текот на годината, бидејќи цената на мазутот е висока и поради произведената цена од оваа централа би била нерентабилна. Најчесто, дури и самиот увоз на електрична енергија е поевтин извор за снабдување со струја отколку користењето на оваа централа.

Трошоци за одржување

Самата централа работи само по потреба, односно само во исклучителни ситуации, најмногу поради нејзиното гориво и скапата произведена цена на чинење на еден киловат час електрична енергија. Но, и покрај тоа, централата вработува повеќе од 200 лица и за неа дневно се двојат 10.692 евра, односно годишно околу 2,8 милиони евра.

Планови

Уште од нејзиното пуштање со работа во 1978 година, постоеле размислувања централата да се пренамени и да биде сменето нејзиното гориво, од мазут на гас. Идејата се засилила по последните десетина години. Со отпочнување на изградбата на гасоводот од Клечевце до Неготино, планот за пренамена на централата да работи на гас, станува остварлив.