Режисерката Марија Џиџева е родена во Гевгелија на 24 декември 1970 година. Дипломирала Македонска книжевност на Филолошкиот факултет и Филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Автор е на филмовите „Мис Амнезија“, „Списокот на ТониМанџа“, „Некои поинакви приказни“, „Втора шанса“ и неколку други. Работи и како режисерка на повеќе телевизиски документарни филмови, како и на реализација на друг вид телевизиски проекти. Во периодот од 2015 до 2018 година е ангажирана на Филмската Академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Активно учествува и во филмска едукација на деца и млади со креирање и реализирање на филмски работилници.

Нејзините почетоци ги започнала во родната Гевгелија, град без театар и кино. Од желбата да биде новинар или астронаут, направила спој од двете во режија, професија преку која освојува нови светови.

„Режија во тоа време имаше на секои 4 години. Кога завршив средно училиште, тогаш немаше. Затоа се запишав на Филолошки факултет. Последната година конкурирав на Факултетот за драмска режија и ме одбија. Во меѓувреме дипломирав. Паралелно, одев на сите театарски претстави и волонтирав една година во МТВ. На моја среќа кога дипломирав, се отвори првата класа на филмска режија, ме примија како дел од 50 кандидати. Јас бев единствената што ме примија, како прва студентка на филмска режија“, се сеќава Џиџева.  

Терминот филмска индустрија посочува во Македонија и не е многу реален. Бидејќи, како што вели, индустрија значи производ, да се направи нешто и тоа да се продаде. А македонската публика е мала и тешко се продава производот.

Со нејзините филмови, Џинова сака да пренесе пораки и да посочи на проблемите во општеството.

„Списокот на ТониМанџа“ е филм за малолетник од Гевгелија кој бега од затвор во 1989 година, тој беше првиот масовен убиец во Македонија. Тоа ми го отвори патот кон првите фестивали и црвени килими. Филмот беше наградуван. Таа филмска приказна ми донесе учество во првиот женски онибус „Некои поинакви приказни“, пет филмски приказни режирани од жени режисерки од поранешките југословенски републики. Филмот помина над 50 фестивали и освоено многу награди. Тоа и претставува прв женски филм во регионот. Сега ми е многу драго бидејќи имаме многу женски авторки, како Теона и Лабина, Емилија Чочкова, Корнелија Ристевска, Тамара Котевска. „Да си режисер значи да поместуваш светови и планини. Тој фамозен црвен килим, патот од приемот на факултет е многу долг. Тој не изгледа толку гламурозно како што го замислуваме. Треба многу работа, борба и труд да се стигне до првиот црвен тепих“, порачува Џиџева. “, вели Џиџева.   

За филмот „Втора шанса“, пак, самата режисерка ќе рече дека „направен е женски филм, за женските карактери и нивните затворени светови.

„Женските карактери во филмовите во Македонија беа многу стереотипни. Тие се портретирани како мајки, домаќинки, секретарки, жртви на семејството. Треба да креираме и жена во вистинска смисла на зборот. Треба да се градат поинакви карактери на жените“, вели Џиџева.  

Во моментов, таа работи на истражување на два документарни филмови, приказни за две играни приказни, кои ги подготвува веќе неколку години. Документарното истражување „Новите Соњички“, ќе фрла еден поинаков поглед на Достоевски и на ликот Соња Мармеладова. Тоа е млада девојка на 14 години која почнува да се занимава со проституција за да го издржи семејството. Целта на Џиџева е да го „помине“ ликот низ поинаква призма од аспект на животот на девојките од новите генерации, како и случаите Јавна соба, инфлуенсерките кои заработуваат преку Инстаграм.