Toyota ја продаде 50-милионската копија од нејзиниот бестселер Corolla во јули оваа година. Ова е еден од најпродаваните модели во историјата на автомобилската индустрија. Корола дебитираше во 1966 година, а во моментов е во продажба 12 -та генерација на овој автомобил, стои во соопштението од  Тојота, што го објави минатата недела по повод продажбата на импресивните 50 милиони автомобили од својот бренд Corolla за 55 години од производството.

Toyota ја продаде 50-милионската копија од нејзиниот бестеслер Corolla

Автомобилите на Тојота Корола се насекаде, делумно поради нивната популарност, а делумно поради нивната долговечност. Затоа што Тојота со децении ги крева како торти, односно продава една Корола на секои 15 секунди. Популарната  Toyota Corolla е единствениот автомобил кој се произведува во секој од петте континенти и се продава во повеќе од 150 држави во светот.

За споредба, Фолксваген успеа да продаде 21 милион примероци од оригиналната Буба, која се појави во 1938 година. Но, вклучувајќи го и моделот „ New Beetle “, достигна 23,5 милиони.

Додека Форд своевремено застана на 16,5 милиони од легендарниот „Модел Т“. Но, затоа камионетите од F серијата на Ford, кои датират од 1948 година досега се продадени во 35 милиони, и котираат на второто место како најпродавани автомобили на сите времиња, се разбира најпродавана е Тојота Корола.

Тојотоа Корола - најпродаван модел во светот на сите времиња


Автомобилот, којшто е развиен во средината на 1960-тите години на 20.век, беше замислен како „народен“ автомобил, со пространа кабина и задна клупа. Toyota се одлучи предните седишта да бидат засебни, а рачката на менувачот беше спуштена на подот помеѓу возачот и совозачот, што беше иновативно решение во тоа време.

Вака дизајнираниот нов тојотин модел за само три години станал најпродаван автомобил на домашниот јапонскиот пазар, по што Corolla започнала да го освојува светот.

Само две години по лансирањето, Тојота успеала да продаде 1,1 милион автомобили, кои беа произведени во фабриката Такаока, изградена за потребите на производството на Корола.

Извозот на овој автомобил во Соединетите држави, во тоа време најважен и најголем, но и најконкурентен пазар во светот, започнал во 1968 година.

Тогаш овој автомобил имал почетна цена од 1.700 долари, што е еквивалентно на 13.336 долари денес.

Toyota Corolla во 1997 година, стана најпродаван модел во светот на сите времиња, со вкупна продажба што достигна 22,65 милиони возила. Според одредени статистики од овој модел досега се испорачани дури 37,5 милиони примероци ширум светот.

Во првиот квартал од 2021 година, Toyota Corolla е на врвот на најпродаваните автомобили на светскиот пазар, пред Toyota RAV4 и Ford F-серијата.

Во глобално рангирани најпродавани автомобили во К-12021, Тојота Корола ја предводи сцената со 303,808 продажби (+12,2 отсто).

12 генерации Тојота Корола


Сепак, многу љубители на автомобили се уште ја оспоруваат нејзината титула, тврдејќи дека автомобилот се променил толку многу во овие 12 генерации и 55 години, што повеќе не е истиот модел, и покрај тоа што го носи истото име и се уште е идеален народен автомобил од 21 век  (особено хибридната верзија).

Затоа, некои веруваат дека би било поправедно титулата светски бестселер да припаѓа на Фолксваген Буба (на оригиналната верзија), тврдејќи дека нејзината каросерија од 1936 година може да се монтира на шасијата на најновата верзија на овој автомобил од 2003 година, и обратно.

Новата ера во автомобилската индустрија со сигурност се електричните автомобили. Секоја година процентот на нивната застапеност на пазарот расте. Дали некој од електричните автомобили ќе успее да стигне до пиедесталот на најпродаван автомобил во светот останува отворено прашање.