Војната носи секакви нузпојави, раѓа нови можности особено за криминалците кои на маката на ужасот и на трагедијата на поголемиот број луѓе знаат и умеат да заработат екстра пари што во мирновременски услови можеби и не можат да ги заработат. Тоа се двеет страни на медалот. На пример, од почетокот на војната во Украина енормно се зголемија дигиталните измами. Хакерите се претсатвауваат како украински хуматнитарци.  

Всушност, се проценува дека на интернетот секој ден се „закачени“ преку 4 милијарди луѓе меѓу кои не се сите чесни, па глобалната мрежа, може да се рече, дека е полна со измамници. Меѓу нив има многу лажни „експерти“ за се’ и сешто, разни алхемиски „лекови на природна база“ за сите неизлечиви болести за кои медицината нема најдено решение итн.  Интернетот се покажува и како идеален медиум за крипто-измами.

Социјалните мрежи, особено Фејсбук и Тик-ток, се преполни со разни огласи за измислени наградни игри, за пророци, за гатачи, со совети за успешно обложување, а се’ повеќе се нуди и инвестирање во криптовалути. Кога ќе се спомнат криптовалутите и дигиталните пари, најмногу се мисли на Биткоинот, бидејќи оваа „банкнота“ е најпознатата и најкористената во светот на криптовалутите.

Американското министерство за финансии проценува дека во светот денеска постојат повеќе од 9 илјади различни криптовалути од кои барем 30 потекнуваат од Кина и од другите азиски земји. Во почетокот на 2017 во светот имало „само“ 230 видови на тој вид „дигитални пари“, а една година подоцна таа бројка достигнала 1359 видови.   

Пандемијата што почна во 2020 и честите целосни затворања (lockddowns) во Америка, Кина, Велика Британија и во Германија, за многу кратко време го сменија начинот на кој се вршат многу бизниси, а работата од дома и одвоената канцеларија (remote office) станаа нова деловна мода. Тоа ја зголеми онлајн трговијата и услугите за повеќе од 300 проценти, што отвори можност за масовно усвојување и користење на криптовалутите и дигиталните паричници (crypto wallet). Така, во 2020 и 2021 бројот на криптовалутите речиси двојно се зголеми на околу 3 405. Но, се покажа дека многу од овие криптовалути имаат крарток животен век. Ваквите пари често се нарекуваат  „alt-coins“ (алтернативни пари), а неретко се „издаваат“ во рамките на некои интернет-маркетиншки кампањи и траат од неколку месеци – до една година.

Освен Bitcoin, најпознати се Dogecoin, Ethereum, Litecoin, Dash, итн. Од овие илјадници криптовалути активни се едвај стотина, додека со другите се тргува ретко или воопшто не се тргува, па реалната вредност им е речиси нула.  

Светските хакери, криптовалутите во своите активности ги користат повеќе од една децинија. На „мрачната“ страница на интернетот, со години крадените податоци можат да се купат исклучиво за криптовалути, никако со вистински пари како што се доларот или еврото. Самиот начин на формирање на криптовалутите, со „рударење“, и нивното децентрализирано потекло значи дека е многу потешко да се контролираат преку интернет и да се октрие кој ги троши во реалниот живот. Исто така, хакерите неретко се служат и со „грабање на податоците, дури и на цели компаниски сметководствени мрежи со помош на софтверски вируси.  За да се повратат податоците и функционирањето на мрежата, хакерите најчесто бараат исплата во криптовалути, најчесто во Биткоинот.

Црната страна на интернетот (Dark Web) е дел од глобалната мрежа на која не може да и се пристапи со стндардни browser- програми како Chrome ili Firefox, туку бара посебни пребарувачи и софтверски додатоци од кои најпопуларен е „Tor Browser“-от. Dark Web, исто така, не користи стандарната „https” структура на адресите (најчесто .com, .net i .org), туку адресите најчесто завршуваат на .onion.

Поради ваквата „организација“ на мрачниот интернет, тој за кратко време стана вистинско засолниште за најразлични  илегални активности, како продажба на оружје и наркотици, но и на украдени финансиски податоци, како на пример украдени броеви на кредитни картички. Треба да се истакне дека Dark Web го користат и новинари и дисиденти низ светот, а во земјите што имаат историја на кршење на човековите права и чиј недемократски режим ги ограничува човековите слободи, тоа често е единствен начин за навремено известување.  

Кон средината на минатата година на Dark Web се појави и Бајден коин („Biden coin“), некој вид криптовалута. За кратко време  се претвори во вистински пазар ( Dark market) со име на некој вид криптовалута „Бајден кеш“ („Biden Cash“). На почетокот на оваа година, овој дигитален пазар објави база од милион и 200 илјади броеви на кредитни картички со личните податоци на сопственикот.  Набрзо стручњаците за интернет-безбедноста утврдиле дека повеќе од 90 насто од тие податоци се стари и им се пријавени на финасиските куќи уште пред две години. Сепак, остануваат уште  120 илјади „свежо украдени“ податоци, кои најверојатно потекнуваат од хакерски напади во последниве 18 месеци. Украдените податоци најчесто се користат од страна на други хакери или хакерски групи за таканаречените PoS измами (Point of Sale), при што со нив се нарачуваат производи преку интернет од легални онлајн продавници.

Исто така, овие податоци се користат за создавање лажни идентитети (shadow identity) или, дури за клонирање на вистински идентитети (identity theft). Податоциоте често се злоупотребуваат за таканаречени „magecart“ напади, при што се нарачуваат големи количини производи со мала поедниечна вреднсот (обично од Кина), па дури и да се утврди дека податоците од нарачателот се украдени или лажни, трговецот обично нема сметка стоката да ја враќа назад.

Иако најголем број луѓе не користат Dark Web, криптовалутитие и натаму им нанесуваат огромна штета на регуларните онлајн продавници. Американската агенција FTC проценува дека најмалку 46 илјади граѓани од САД имаат изгубено од милијарда до милијарда и пол долари само во минатата година и пол.

Од 2019, губитоците во разни видови интернет и крипто измами се зголемиле дури за 6 пати.

Механизмот за заштита на онлајн трансакцијата „chargeback“ (поништи ја нарачката) за криптовалутитие не постои, бидејќи, поради својата децентрализирана природа (не постои ниедна централна финансиска институција што гарантира за нив), сите плаќања со дигиталните пари се конечни и неповратни. Повеќе од половината луѓе, оштетени во вакви активности, наведуваат дека ги имаат следено линковите или огласите на социјалните мрежи, а 38 проценти ги маат следено линковите од таканаречените „phishing“ (пецање) на имеил пораките.

Стручњаците предупредуваат дека од почетокот на војната во Украина оваа метода станала исклучително популарна кај руските хакери кои во пораките се претставуваат како хуманитарни организации од Украина. Организацијата што се претставува како „Novorossia Aid Coordinating Center“ (NACC) со слични механизми минатата година успеала да собере милион и 800 илјади долари кои не се отидени за набавка на хуманитарна помош, туку за купување муниција, опрема и дронови за проруските сили во регионот на Доњецк.  

Покрај сето ова криминалците и хакерите се во состојба да креираат дури лажни апликации, кои на прв поглед делуваат сосема легитимно. На почетокот тие бараат мала инвестиција од половина до еден Биткоин и ветуваат пораст на средствата од дури 15 проценти месечно. По неколкумесечно користење, станува јасно дека и самите апликации се лажни како и инвестициите што ги промовираат. Во последнава година на овој начин се украдени најмалку 575 милиони долари, а на мета се и легитимните берзи на криптовалути, па така, берзата Wormhole, по хакерскиот напад изгубила 320 милиони долари.

Во Македонија уште не е јасно што мислат монетарните власти и каква намера имаат за регулација на трговијата со критовалутите. Додуша, тоа е дилема во многу земји, како и во соседството, но факт е дека постои некаква размена, и стокова и финансиска со посредство на криптовалутите врз која „монетарците“ и „фискалците“ немаат контрола. Единствено се знае дека јава тајна е „рударењето“ („копање“ по интернетот и барање на тие крипто вредности) во скриени простории, тајно, како што беше откриениот случај во Градскиот трговски центар во Скопје (ГТЦ) и никој јавно не знае како тие крипто пари се конвертираат во тврди вистински валути. Освен тоа „рударењето“ троши огромни количини струја, во време кога цел свет се соочува со енергетска криза, а македонската влада субвенционира голем дел од нејзината цена на домашните потрошувачи. И на крај на краиштата, видел ли некој како изгледа некоја од криптовалутите? Не! Па сигурно дека не. „Крипто“ значи – тајно.