Иако последиците од ковид-периодот не се надминати (дури, во кинеското жариште се разгорува нов бран), војната во Украина е во полн ек, сепак желбата за патување кај луѓето е голема, затоа што е можност за разбивање на клаустрофобијата и луѓето се желни да ги надоместат изгубените задоволства што има беа скратени последнве 2-3 години. Така е секаде во светот, двете кризи (ковид и Украина) се светски, а човечките карактери, желби и потреби се слични во целиот свет.

Податоците за светските економски движења покажуваат дека третина од граѓаните, тие што можат, без оглед на инфлацијата и растот на трошоците за живот, оваа година планираат да потрошат повеќе пари за патувања отколку ланската година. Побарувачката за патувањата, според податоците на Светскиот совет за патувања, е поголема од кога и да е, поради што се очекува туризмот оваа година да има солидни резултати.

Како што е наведено во најновиот извештај на оваа  организација, граѓаните минатата година биле подготвени  да го зголемат буџетот за патување. 86 насто од  испитаниците изјавиле дека сакаат на меѓународни патувања да потрошат повќе отколку во 2019. година.

Во овој извештај е наведено дека 69 насто од патниците активно бара добри можности за патување уште од почетокот на оваа година.

 

Што е опддржлив туризам?

Дури, светските економски аналитичари предвидуваат дека туризмот оваа година „ќе повлече“, но ќе зависи од тоа која земја/понуда ќе покаже „оддржливост во туризмот“.   

Овој термин се’ повеќе се користи во извештаите, но голем број туристи се прашуваат што значи „оддржлив туризам“. Познавачите велат дека е тоа - ПАМЕТНО РАСПОЛАГАЊЕ СО ТУРСТИЧКИТЕ РЕСУРСИ, ОД КУЛТУРНИТЕ ВРЕДНОСТИ ДО ПРИРОДНИТЕ БОГАТСТВА.

Посебан акценат се става на руралните подрачја, во кои овој сектор може да се развива како многу важен и  потребан за да се спречи уништавањео на природните и на културните вредности. Извештајот на Светскиот совет за патувања и податоците добиени од Дилојт, покажува дека патниците дури имаат желба да бидат вклучени во овој процес. Анкетата  покажала дека три четвртини од патниците планираат да патуваат во такви региони што го надградуваат туризмот .

Во друга анкета од минатата година, патниците јасно дале до знаење дека нивната желба за патување е многу голема, а тоа го покажува бројот на меѓународните пристигнувања кој е поголем за 109 порценти во однос на 2021 година.

Можеби е довоолно едно тркало да се затркала, па да ја повлече економијата. Туризмот е многу јак „индустирски“ сектор. Познати се светски туристики велесили на кои  единствена гранка им е туризмот, па добро живеат.

Македонскиот туризам не е одржлив

Можеме слободно да констатираме дека македонскиот туризам не може да се сведе под поимот „оддржлив туризам“. Едноставно тој не се оддржува на ниво, во него не се инвестира доволно, не само пари, туку и нови содржини. Патот до нашиот најголем туристички центар, од Скопје до Охрид, е многу лош и одбивен за возење. Охридската ривиера е нападната од градежната мафија, загрозена е крајбрежната зона од 50 метри од езерото. Малку фали УНЕСКО да дигне раце. Центарот на Охрид во сезоната е претворен во селски вашар, на кој може да се најде се’ и сешто, само не некој македонски сувенир – длаборез, детали од црквите, од куќите, од просветителите, од преродбениците, од галебите, од пастрмката, од јагулата, од кајчињата, од веслата, сокови, вина, ракии, лебови, ѓомлезе на парче, мед, вода од езерото во шишенца… Тоа се „штосови“ што се многу присутни на тезгите на развиените центри, па дури некои продаваат и празни конзерви со тамошен воздух, сето тоа е работа на интелигентниот туристички маркетинг, што го нема кај нас. Кај нас има само грабање и желба за брзо богатење.

Патот до Свети Наум е се потесен од паркирани возила.

Попова Шапка досега не е чепната по некој одджлив план, таму е се’ хаотично, патот од Тетово до Шапка е тесен, нема паркинзи, ски лифтовите се поставуваат на долните падини, затоа што е полесно, а не на високите врвови со потенцијал за ФИС натпревари.

Преспанското Езеро се суши.

Тквешкото се исуши.

Селскиот туризам не заживеа, иако Македонија има огромен потенцијал за таквиот вид туризам, а тоа подразбира и развој на напуштените села.  

Производството на домашна храна се намалува, извозот се зголемува, цените растат и стануваат скапи во споредба со грчката туристичка велесила, која нуди апартамни-студија за  ноќевање по неверојатно ниски цени.           

Единствено, во Македонија се направија неколку ресторани со етно предзнак, чие уредување е слично едно со друго: зелена околина, рибник и добра храна.

Скопје, како туристичка дестинација, е интересно од аспект на хумор, за тие што сакаат да видат еден трагикомичен урбанистички и архитектонски зафат во кој никогаш нема да се вратат.    

Со децении во министерствата, во коморите се зборува за некаква стратегија. Но, таа стратегија ја кочат токму тие што треба да ја применат, зашто стратегијата не би предвидувала диво градење и грабање на земјоделското земјиште.

Ако светските аналитичари предвидуваат дека излезот од  кризата ќе почне да го влече туристичката индустрија, во Македонија тоа сигурно нема да се случи. Сигурно дека патниците ќе поитаат во поголемите, поатрактивни и поевтини дестинации, а ние ќе чакаме нашиот БДП да го повлечат компаниите од слобдните кономски зони, кои се странски инвестиции и најголеми носители на теоријата know-haw.