-Настанувањето на БРИКС претставуваше отворен израз на незадоволство на растечките економии во светот од постоечкиот систем на меѓународни финансиски институции. Ним им се придружија Бразил, Русија, Индија и Кина, а многу брзо и Јужноафриканската Република, чувствувајќи дека нивниот понатамошен развој е попречен пред се од уценувачката политика на меѓународните финансиски институции. Тие покажаа отворено незадоволство од таквиот систем и решија да преземат одговорност не само за нивната иднина, но и за иднината на земјите кои би можеле да им се придружат во иднина, пишува д-р Ивона Лаѓевац, заменик директор на Институтот за меѓународна политика и економија.

Таа објаснува дека пораката што овие земји ја испратија, влегувајќи во оваа форма на соработка, беше дека светот е сè уште мултиполарен, но дека постоечките односи мора да бидат избалансирани бидејќи застарените методи на глобално управување не се одржливи во новите околности.

Желбата на споменатите земји да придонесат за промени се реализираше на два фронта, вели Лаѓевац. „Додека тие лобираа за реформа на Светската банка и ММФ, тие истовремено работеа на диверзификација на меѓународните финансиски институции. Резултат на таа работа е Новата развојна банка, основана во 2015 година. Така, Новата развојна банка стана алтернатива на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, чии „Програми за структурно прилагодување“ често се во конфликт со интересите на заемобарачите.“

Сепак зборовите на кинескиот претседател Си Џинпинг, домаќин на самитот во 2022 година, дека БРИКС се однесува одговорно и дека на светот му дава позитивна, стабилизирачка и конструктивна сила, беа потврдени со изразувањето интерес од бројни земји да станат членки на овогодинешниот самит, уверува Лаѓевац.

Имено, Јужноафриканската Република, земјата-домаќин, објави дека повеќе од 40 земји изразиле интерес за приклучување кон БРИКС, меѓу кои Аргентина, Алжир, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин и Индонезија, додека Иран и Саудиска Арабија испратиле формална апликација за прием.

Несомнено е дека проширувањето на членството во БРИКС, со вклучување на повеќе земји од глобалниот југ, ќе придонесе за зајакнување на неговото глобално влијание. Според сегашната ситуација, земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка ) имаат  повеќе од 3,2 милијарди жители, што претставува околу 40 отсто од светското население кое достигна осум милијарди луѓе.

Иако постојат разлики меѓу земјите-основачи во однос на проширувањето, се очекува да се постигне консензус за ова прашање и тоа постепено да се спроведува. Проширувањето би донело големо олеснување за земјите во развој и пазарните економии во развој, бидејќи тие нема да бидат во зависна позиција во однос на државите и/или институциите каде што е доминантно концентрирана економската моќ.

Според бразилскиот министер за надворешни работи, г-дин Мауро Виеира, БРИКС е „неопходен механизам за изградба на мултиполарен светски поредок кој ги одразува потребите на земјите во развој“.

 БРИКС најавува кредитирање во локални валути

Како сега стојат работите од Самитот во Јоханесбург БРИКС со нова алтернатива. „Новата развојна банка БРИКС работи на создавање на сопствен систем за кредитирање во локални валути што одговара на интересите на земјите во развој, со цел да се промовира мултиполарен меѓународен финансиски систем, рече шефот на банката Дилма Русеф, во интервју за весникот „Фајненшл“.

„Оваа година очекуваме да одобриме заеми во износ од осум до 10 милијарди долари“, тврди Русеф. „Нашата цел е да покриеме околу 30 проценти од сето она што го даваме како заем во локална валута“, додаде таа.

Според нејзе, таа финансиска институција планира да започне да дава заеми во јужноафрикански ранди и бразилски реали, како и во рупии. Кредитирањето во локална валута ќе им овозможи на позајмувачите во земјите-членки да го избегнат валутниот ризик и флуктуациите на каматните стапки во САД.

„Локалните валути не се сметаат за алтернатива на доларот. Тие се алтернатива на системот. Досега системот беше униполарен, ќе биде заменет со мултиполарен систем“, нагласи првиот човек на банката, посочувајќи дека во моментов се разгледуваат апликации за влез во финансиска институција на 15 земји, од кои најверојатно барем пет ќе бидат одобрени.

Ваквата економска политика многу експерти ја оценуваат како дел од планот за дедоларизација што го спроведуваат пред се Русија и НР Кина. Дедоларизацијата наиде на огромна поддршка во сите страни на светот, единствено не го подржуваат земјите од колективниот Запад.