Во својата прекрасна книга, „Патопис низ биографија“, култниот Момо Капор пишува за интимно доживување на доброчинителство…
„Кога бев мал, во пресрет на Свети Никола со неверување оставав чизма на прозор од нашиот стан, и очекував да биде полна со играчки и бонбони. Кој ги донесе? Свети Никола – ми одговараа…Зуко Џумхур ми раскажуваше дека богати луѓе, трговци, во неговиот роден Коњиц, се распрашуваа во кои сиромашни куќи нема храна за јадење, па преку ноќ, преку своите ‘сеизи’, оставаа вреќи брашно или ориз. Тивко, неосетно, никој да не дознае кој е доброчинител. Тоа се вика севап.
Кога човек прави добро дело јавно, тој очекува призиание. Но, ако го направи тајно, само Господ ќе знае што има направено…“
Тоа е тоа – интимно доживување на дарувањето. Велат – што прави левата рака, десната не треба да знае.
Тоа е севап. Нешто што го знаете само Вие и Господ.
Славење слава во услови на КОВИД-19
Оваа есен, заради пандемијата, на верниците ќе им се препорача да ја практикваат верата строго во кругот на најблиските. Нешто како вера за лична употреба.
Можеби тоа нема да им биде проблем на вистинските верници, кои веруваат од лични убедувања, а не заради естрадните причини. Белградска „Политика“ во текстот: „Како годинава ќе ги славиме славите“, пишува и за новата реалност на полето на практикување на верата.
Во пресрет на сезоната на слави, поради епидемијата на коронавирус, препораките на фелата се јасни – слава треба да се слави со почитување на сите епидемиолошки мерки – без бакнување и со задолжително миење раце – во кругот на семејството и со помалку гости.
Епидемиолозите постојано предупредуваат дека ризик е секое собирање на голем број луѓе во затворено, во куќата или станот, и дека мерките за превенција не смеат да се заборават и ваквите собири треба да се сведат на прифатливи граници.
Се укажува на тоа дека луѓето во затворен простор треба да бидат на пропишано растојание, со задолжителна вентилација на просторијата.
Свеќи, кандило и темјан треба постојано да горат, бидејќи испуштаат позитивни јони и на некој начин го стерилизираат воздухот.
Секое лошо – за добро е!
Како што се вели, од секое искушение излегува нешто добро, па и ова е можност да им се вратиме на старите обичаи, да славиме со помалку гости, за да можеме да си се посветиме повеќе едни на други.
И црквата го подржува славењето на својот светец во домашни услови, без собиранки по кафеани и ресторани – она што стана тренд последниве години.
„Ние мора да бидеме одговорни и не смееме да ги загрозуваме сопствените животи и животот на нашите соседи, бидејќи славење слава и верување во Бога значи да им правиме добро на другите луѓе и да бидеме сведоци на љубовта“ – потсетуваат од Српска православна црква.
Засега не се знае дали свештениците ќе одат во домовите за да ја осветат водата, бидејќи тоа зависи од епидемиолошката состојба. За велигденските празници, на пример, верниците дошле во црквата да земат вода.
Вистинските верници ќе најдат начин да го почитуваат она што им е свето.