Облека, обукви и модни додатоци, потоа козметика, прозиводи за убавина здравје и нега, спортска опрема, мебел и градина. Тоа се категориите кои преовладуваат во онлајн трговијата, а тука спаѓаат и храната и пијалоците. Ова го покажува анализата на податоците за што купуваат Македонците на интернет.
Од тие 29,9 милијарди евра, поголемиот дел се од домашни продавници, односно 68 насто или 20,7 милијарди денари се слеале кон македонските е-трговци, додека 9,2 милјарди денари кон странските онлајн трговци.
Според Виктор Стојкоски од Асоцијацијата за е-трговија, ова е добар податок бидејќи ако се спроедува вредноста насочена кон македонските трговци е во константен двоцифрен пораст низ годините наназад. Односно, дека вредноста кон македонските е-трговци е порасната за 13 насто.
„Е-трговијата расте константно. Ја следиме од 2016 година. Генерално, она што се случува во периодот на ковид 19 имаше забрзан раст кој за среќа продолжи да расте и по завршувањето на пандемијата“, вели тој.
Во 2023 година се регистрирани 117 нови е-продавници. Од Асоцијацијата немаат податок какви се овие бизниси, односно во која сфера работат.
„Она шпто ние го направивме со помош на пет банки креиравме единствен регистар на е- трговци кој е достапен за сите граѓани бесплатно, каде може да ги видат е-продавниците кои се застапени и во која категорија најмногу ги има. Согласно тие податоци, најзастапена и најпродавана е обувки и модни додатоци во регистарот е најчеста продавница“, вели Стојкоски.
Стојкоски смета дека онлајн купувањето носи и одреден вид на ризици.
„Кога станува збор за ризици, не би се согласил дека постојат ризици, туку дека постои неинформираност на купувачите доаѓа до потенцијален ризик. И тоа не е од оние кои се регистрирани во системот на е трговци, кои регуларно ја обавуваат дејноста, туку од фејсбук (пре)продавачи. ДО нас поплаки се од фејсбук продавачи. Дали е регистриран трговец, можат да го проверат на нашиот регистар. Даваме апел дека купувачите потребно е да знаат од кого и што купуваат, тоа се фактучки состојби кои треба да се анализираат секогаш. Потоа, дали има контакт податоци, каде е адресата на е продавницата, дали постои правен субјект кој управува со продавницата. Дали тој производ е квалитетен, дали некој наш пријател го користел, дали за него има препорака? Поради подобра цена, атрактивна цена која често е и нереална во однос на пазарната цена, граѓаните нарачуваат и после се жалат дека не е тоа што нарачале. Ова се случува од неинформираност“, е неговиот став.
Сепак, апелира до граѓаните дека купувањето на Фејсбук не е-трговија. Во случај, пак, ако има злоупотреба од регистриран трговец, во тој случај, граѓанинот е потребно да се обрати до е-трговецот кој е регистриран. Тврди дека со сигурност ќе ја замени работа за да има задоволен корисник. Временскиот период е 14 дена во кој може да се направи поврат на производот.
„Сигурен сум дека регистрираните е трговци ги слушаат своите клинети. Е-трговците мора да следи трендови и да ја унапредуваат својата работа“, вели Стојкоски.
Мисијата на Асоцијацијата е да се креира иднина за раст и развој на е-трговијата во земјава. Целта е застапување на интересите на компаниите за е-трговија, соработка со релевантни организации и институции, подобрување на знаењето и разбирањето на е-трговијата, вклучувајќи ги нејзините придружни услуги и технологии. Во екосистемот на е-трговијата има бројни партнерства воспоставени меѓу сите засегнати страни и над 120 поддржувачи и компании кои се членки на Асоцијацијата.