Во очекување на ИПАРД 3 (2021 – 2027)
Храната поскапува, го намалува стандардот, а со тоа и здравјето на луѓето. Конзумирањето неквалитетна и брза храна може да доведе и до смртни последици. Од друга страна, државата, чие население, како македонското, што ја остава својата земја необработена и бега во индустриските центри, дома или во станство, е осудена на неуспех и постојана криза. Најголемата одбрана во мирни периоди од сите видови тешкотии и кризи е сопственото производство на храна, другото може да почека кога за тоа ќе се создадат услови.
Во очекување на ИПАРД 3 (2021 – 2027)
Скептиците за македонското придвижување и приближување на Македонија кон ЕУ треба да знаат дека помошта што Европската унија ни ја дава за развој на земјоделството и за зголемувањсе на прозиводството на храна е од витално значење за опстанокот на населението, за неговата репродукција и за зачувувањето на квалтитетот на самата почва, за да не се претвори во пустина.
Својата финансиска помош ЕУ ни ја дава преку програмата ИПАРД (досега се поминати два циклуса, а во подготовка е третиот циклус на финансирање - ИПАРД 3).
Македонија е лидер во искористувањето на средствата од ИПАРД програмата на овој европски фонд во регионот, но можностите се многу поголеми.
Процентот на искористеноста на овие пари од 2017 до 2019 е значително зголемена во споредба со претходните години. Во овој период, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, се исплатени околу 20 милини евра на над 1200 апликанти, корисници на ИПАРД-мерките, а во целиот период од 20017 до 2021 се исплатени околу 35 милиони евра на 2098 корисници.
Се очекува Европската комисија во Февруари да ја одобри новата ИПАРД 3 програма, по што ќе почнат да се објавуваат првите огласи.

Со ИПАРД 3 програмата, чија временска рамка е од 2021 – 2027 година, во македонското земјоделство ќе влезат инвестици од 250 милиони евра, иако не е исклучена можноста средствата да се зголемат.
Некои фирми, специјализирани за земјоделски апликации информираат дека нaјголем интерес во циклусот ИПАРД 2 имало за мерката 7, а тоа е за инвестиции во руралниот туризам. Исто така, голем интерес имало за закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари. Тие велат дека оваа европска програма за помош на македонскиот земјоделски сектор е вистинската шанса за закрепнување на земјоделството, за регионалниот развој и за зголемување на производството на домашна храна.
ИПАРД 3 програмата (2021 – 2027)
Во содржината на ИПАРД 3 програмата (2021 – 2027), покрај постоечките, најавени се неколку нови мерки и тоа за органско производство, за локални акциони групи (ЛАГ-ови), за советодавни услуги во земјоделството и од областа на шумарството. Исто така, една од подобрите промени според надлежните и според производителите, е авансното финансирање од 50 отсто од повратот на инвестицијата за која се аплицира. Тоа значи дека, ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка според која повратот на инвестицијата е 60 отсто, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД-договорот ќе добие до 50 отсто од средствата или 30.000 евра.

Една од корисниците на оваа финансиска помош е млекарницата „Вардарец“ од с. Удово, Валандовско, која има искористено 300 илјади евра од ИПАРД програмата.
Основачот на компанијата, Лазар Кавазов, за Анторис вели дека оваа компанија постои и успешно работи 25 години со производство на млеко и преработка на млечни производи, а благодарение на ИПАРД инвестирал во модернизација на производството и тоа во преработка на млеко и производство на сирење (кравјо, козјо, овчко), кашкавал и урда.
„Вардарец“ пласира неколку сопствени призводи во прехрамбените маркети низ цела држава. Во фирмата работат над 20 работници и има долгогодишна соработка со кооперанти од општината и регионот.

Со оваа помош, млекарата „Вардарец“ значително го има зголемено своето производство и асортиман и на странскиот и на домашниот пазар. Кавазов вели дека ова партнерство претставува идеален пример за млекопроизводство во овој регион. Млекарата има околу 200 кооперанти што го носат своето млеко во оваа млекара, така што таа повлекува во бизниост и други стопанственици.
Срествата од ИПАРД-програмата можат да користат и винарите, откупните центри, кланиците и други капацитети за преработка, но и субјекти што го развиваат руралниот туризам.
Министерството за земјоделство тврди дека за искористување на европските фондови процедурите за аплицирање се олеснети, скратено е времето за потпишување на договорите од 12 на шест месеци, што придонело за зголемена искористеност на ИПАРД програмите.
Бране Стефановски