-Во постигнувањето успех можеби најважното нешто е како да се справите со неуспехот“, е еден од советите на првиот човек на ЈП Морган, Џејми Дејмон упатен кон дипломците на Охајо универзитетот.

„Секогаш се двоумам да дадам совет бидејќи звучи како да сум направил сè како што треба во животот. Но, ве уверувам, не го сторив тоа“. Тоа беше реченицата со која Џејми Дејмон им се обратил на дипломците на Охајо универзитетот, давајќи им го следниот совет: „При постигнување на успехот, можеби најважно е како да се носите со неуспехот“.

Проста формула - гледајте на неуспехот како пат до успехот


Едноставна мудрост, Дејмон со децении ја собирал и денес е сигурен дека таа го спасила во 1998 година, кога бил отпуштен од Ситигруп, и тоа лично од неговиот ментор, извршниот директор на компанијата, по 15 години соработка. Дејмон, тогаш веќе бил во зрели години, формиран како човек, на високи позиции и со разумни очекувања дека уште ќе напредува. Тој самиот признава  дека тоа за него било целосен шок, иако дополнително можел да ги препознае сигналите што укажувале на тоа што ќе се случи. „Но, јас бев добро. Тоа влијаеше на мојата нето вредност, а не на мојата вкупна вредност (личноста).

Оваа, така да се каже, проста формула - гледајте на неуспехот како пат до успехот - всушност, во ситуации на паѓање, дебакл или потфрлање, како и да се нарече, за некои се претвора во невозможно решение.

Истата ситуација за различни луѓе може да доведе до сосема поинаков резултат: за некои неуспехот ќе биде пресвртница, а за други ќе значи дека се заглавени во шема на однесување, без индикации дека ќе го надминат неуспехот.

Интернет пребарувачите се полни со совети за тоа како да се справите со неуспехот, како и скици на познати личности кои се издигнале од неуспех, па така постојат пет или 50 луѓе кои се издигнале од неуспех (дури и повеќекратно). Како тогаш некои успеваат, а други не?

Исто како и сите други емоции, стравот од неуспех и среќата што нè обзема во успехот предизвикуваат реакции во одредени делови од мозокот и така се всадуваат во нашиот ум, обликувајќи ги начините на кои реагираме, учиме и растеме (или заглавуваме).

Првиот чекор во напредокот е редефинирање на неуспехот


Истражувачкиот тим кој ја објави студијата во списанието JACR (Journal of the American College of Radiology), дојде до заклучок дека првиот чекор во напредокот е редефинирање на неуспехот, т.е. неуспесите треба да се гледаат како чекори кои ве водат на патот до целта или како предуслови за успех. Прифатете ги така, како овие неуспеси да се предзнак за иден успех. Во овој контекст тие ја наведуваат познатата приказна за Томас Едисон, кој на прашањето како се чувствува поради толку многу неуспеси зад себе, тој заклучил дека нема неуспеси, туку дека пронашол „10.000 начини кои не даваат резултат“.

-Успеав да докажам дека овие 10.000 начини не водат до целта. Кога ќе ги елиминирам начините што не функционираат, ќе најдам начин што функционира.“

Во заклучокот, истражувачите наведуваат што научил Дејмон: идниот успех се одредува според начинот на кој реагираме на неуспесите. Особено е важно, посочуваат тие, дека овие приспособливи одговори на неуспехот може да се учат и научат.

Меѓутоа, понекогаш е многу тешко да се убедите себе да се гледате надвор од рамката и да продолжите понатаму. Ова е особено тешко ако неуспехот бил колосален, или барем ние така сме го доживеале.

Првиот човек на ЈП Морган, вели дека начинот на кој размислувал го фокусирал на тоа да извлече поука и да размисли за тоа каков лидер сака да стане. Со бокс го ублажувал стресот, а читајќи ги биографиите на познатите лидери учел за успехот и неуспехот, и за соочувањето и справувањето со нив. Така, една од биографиите што влијаела врз него е животната приказна на поранешниот американски претседател Џими Картер, кој по поразот од Реган, благо кажано се почувствувал емотивно исцрпен. „Спиев скоро 24 часа, а потоа се разбудив во сосема нов, несакан и потенцијално празен живот“. Но, наместо горчлив живот со болка, Картер решил да ја надмине својата фрустрација и самосожалување и сфатил која е неговата цел. Во 2002 година ја доби Нобеловата награда за мир.

„Напредно размислување“


Д-р Керол Двек, професор по психологија на Стенфорд, спроведе опширно истражување за неуспехот и неговите ефекти врз нашиот ум. Неа ја интересираше како неуспехот влијае на мозокот и доведува до различни исходи во зависност од начинот на кој некој размислува.

Во своето истражување, таа открила врска помеѓу оние кои храбро се соочиле со неуспехот и другите кои не можеле да го надминат.

Првата група испитаници, класифицирана во групата „напредно размислување“, покажала огромен напредок кога се соочиле со неуспехот доколку веднаш се фокусирале на напредокот, што ги принудувало да учат и да се усовршуваат.

Другите испитаници, кои беа класифицирани во групата „воспоставен начин на размислување“, покажале мало или никакво подобрување, по неуспешно завршената задача.

Слични резултати беа постигнати и во студијата објавена во Harvard Business Review, која покажа дека успехот има огромно влијание врз невропластичноста на мозокот (што, лаички кажано, е способноста на мозокот да се менува, закрепнува, учи и обновува преку нови искуства) и ни помага да учиме дали неуспехот има влијание врз начинот на кој учиме.

Една студија предводена од Ерл Милер проучувала група мајмуни кои учат да извршуваат едноставни задачи. Тие требало да гледаат во одредена насока кога ќе им се покаже една или друга фотографија. Оние кои успешно ја завршувале задачата секој пат биле наградувани со малку сок, а оние кои не го правеле тоа не добивале ништо.

Кај животните кои постигнале успех, мозочната активност се зголемувала додека складирале нови информации и учеле од сопствениот успех. Останатите имале малку или никаков раст на мозочната активност, по неуспешно завршената задача.


Успехот и неуспехот уште како влијаат на нашиот ум


Овие две студии ја даваат најважната лекција, а тоа е дека успехот и неуспехот уште како влијаат на нашиот ум, но и обратно: дека начинот на кој некој размислува, го доживува и постапува во согласност со тоа, може да доведе до пресврт. Препуштањето на неуспехот, како што може да се види, не носи апсолутно никакви позитивни резултати, додека успехот раѓа нови успеси (за стравот од успехот, кој е голем саботер, некој друг пат).

Две години по неочекуваното отпуштање, Дејмон го презеде управувањето со Bank One со седиште во Чикаго (по што ја измери и шансата да се вработи во Амазон), а која подоцна ја купи ЈП Морган Чејс. Тој вели дека избрал само работа во која веќе бил многу добар: финансиите. Со Дејмон на чело, ЈП од големата рецесија излезе како најголема национална банка, па и неговиот поранешен ментор морал симболично да му се поклони.

Дејмон, кој деновиве е во фокусот од различни причини, вели дека посветува околу 50 отсто од своето време на учење и читање, иако со едната нога е во пензија.

Тој на студентите во презентацијата на Zoom им дал уште неколку добри совети: постојано учете, бидете љубопитни, читајте, читајте, читајте, учете од другите, набљудувајте како работат и научете како нешто треба или не треба да се прави и не се срамете да ги прашате тие што знаат подобро. Како што вели тој, подобро е да потрошите 15 минути од вашето време слушајќи отколку цел живот да го учите она што другите веќе го знаат и постигнуваат успех.