Втора приватизација – нова сиромаштија. Македонија се наоѓа пред втората голема приватизација на државен имот, а тоа е земјоделското земјиште. Дали ќе се спроведе како и индустриската, со грабање на претпријатијата од страна на менаџерите (според тогашниот закон за приватизација), по што се создаде македонската олигархија и македонската сиромаштија? На ред e нов „цунамни бран“, но овој пат со подобро затскриени последици.

Земјоделците се уплашени од разните манипулации во сите сфери на животот во Македонија (која и на светско ниво е етикетирана како земја со висока корупција и има добиено задачи - прво за што треба да се фати сериозно е борба со таа чума, инаку нема „морков“) и дека по продажбата на земјоделското земјиште, тие што ќе ја грабнат, а тоа е богатата мафија (странска или домашна, таа е една), голем дел од тоа земјиште за кратко време ќе го пренаменат во градежно и ќе направат градежни грдосии, на сметка на плодното земјиште, што ни е толку потребно за производство на храна во овие катастрогфи што ги донесоа климатските промени.

Предлагачот на законот за земјоделско земјиште, Министерството за земјоделство, пак, во своето образложение и резон за главните одредби на законот, вели дека законот нема да дозволи пренамена од земјоделско во градежно, 10 години.

Но,  земјоделците имаат сосема спротини ставови за овој државен ПРОЕКТ (приватизација на државното земјиште).

Предлог-законот за продажба на државното земјоделско земјиште- опасен за иднината на  Македонија


Еден од најинвентивните македонски земјоделци, угостители и менаџери Јордан Трајков, основач и најголем инвеститор во хотелско-угостителскиот објект Попова Кула, Демир Капија, најмногу познат по сопствео производство на македонски сорти вино, меѓу кои најпозната е светски ендемската сорта „станушина“, енергично предупредува дека на Македонија, односно на макеоднските граѓани им се заканува уште една голема измама, слична на приватизацијата на претпријатијата од 90-тите години.

Втора приватизација – нова сиромаштија. Македонија се наоѓа пред втората голема приватизација на државен имот, а тоа е земјоделското земјиште.


  • Зошто новиот предлог-закон за земјоделското земјиште го толкувате така ригорозно?


- Лично сум запрепастен од идејата што ја предложи власта, уште лани во октомври, за распродажба на државното земјоделско земјиште со нов закон. Текстот на предлог-законот е опасен за иднината на оваа земја! Тој закон може да биде последната шајка во ковчегот на Македонија. Зад мене стојат група истомисленици и челновите на неформалното здружение „Граѓански фронт“

  • Што предвидува прдлог-законот?


- Со Законот се предвидува распродажба на земјоделското земјиште, божем на малите индивидуални замјоделци. Но, ако читате меѓу редови, ќе видите дека тој е правен за богатите луѓе, а кај нас богатите се тие што направија пари во транзицијата, во криминалната приватизација што ја имавме, која осиромаши 90 насто од луѓето.

Овој закон е правен да им даде можност на странците да влезат и да го разграбат нашето земјоделско земиште кое ни припаѓа на сите, а не само на тие што можат да купат, како што и претпријатијата ни припаѓаа на сите, ама ги грабнаа мал број луѓе. Сигурен сум дека тие странци земјиштето ќе можат да го купат без пари, а прашање е и дали ќе бидат странци, или ќе бидат истите тие јунаци од транзицијата, кои имаат регистрирано фирми во странство.

На овие законски решенија бурно реагираа и другите земјоделски здруженија, па како резултат на тоа, предлагачот од предлог-законот ја има тргнато можноста за продажба на земјиштето на странски купувачи во четири очи. Но и тоа е мачкање очи, бидејќи тоа може да се направи преку друг закон, а тоа е Законот за стратешки инвестиции! Понатаму, во текстот стои дека во една фирма странскиот инвеститор може да поседува само 49 проценти од земјиштето, но во тековната состојба на друштвата со ограничена одговорност, ДОО, (99% од фирмите во МК се ДОО), не можете да видите кој е вистинскиот сопственик. Самиот регистар не го води процентот на уделите, туку само влоговите во фирмата. Па така, можно е да имаме ДОО што ќе купи земјоделско земјиште, а фактички е во сопственост на странци. Тоа значи можност странците да влезат и да ни ја разграбат земјата.

Олигарсите-грабливци пак ќе не направат закрепостени селани



  • Има ли слични решенија во соседството?


- Нема ниедна земја во светот во која земјата се продава за 0,33 евроценти за метар квадратен, а има варијанта таа да се продава и за 0,21 евроцент за метар квадратен. Но, најважно е тоа што земјата е ограничен ресурс, а храната секојдневно поскапува и се повеќе се бара. Ако ние тоа богатство го дадеме на неколкумина олигарси-грабливци и на некои сомнителни „странци“ ќе станеме пак закрепостени селани. Некој што сега ќе си купи по смешна цена, (во бизнис планот ќе наведе дека ќе сади пченица и ќе сади 10 години, а полека ќе се подговтва за ископ на минирелни и матални богатства на истото змејиште - рудник).

Следно прашање е еколошко: Вие на некој моќник му дозволувате да купи земја по 0,3 евроценти по квадрат, а потоа тој ќе лобира на тоа земјиште да поминува или автопат и ќе бара откуп за земјиштето по страотна пазарна цена, повисока за 300-400 насто. Подобра инвестиција – здравје.

Понатаму, со ваквиот закон, кој предвидува да им се дава големи парчиња земјиште на моќниците, уште повеќе се разнебитуваат нашите земјоделски стопанства, затоа што селаните на новиот голем сопственик ќе му станат робови. Можам да заклучам дек законот нема добри намери.

Имаме искуства што укажуваат дека и досега имало откуп на нашето природно богатство преку тајни фондови. Јас имам лично информации дека еден наш сосед веќе има подготвено такви тајни фондови и дека на купеното земјиште нема да одгледува храна, туку ќе одгледува други индустриски култури, како, на пример, репка за биогориво.

Втора приватизација – нова сиромаштија

Македонија нема вистински земјоделски катастар



  • Дали мислите дека не треба да има приватизација?


- Ние не се залагаме да нема приватизација на земјата и да не биде тоа во мали парчиња, но мислиме дека земјата припаѓа на сите граѓани на Македонија и дека треба да се направи приватизација каква што не направивме со фирмите, дека треба сите граѓани да добијат по нешто. Тоа може да се направи со ваучери. На таков начин сите граѓни ќе имаат добивка, а не како што се случи во претходната приватизација во која ништо не добија учителите, пензионерите, луѓето во државниот сектор…

Сметаме дека приватизација што се планира ќе биде направена на уште пострашен начин отколку првата со претпријатијата. Пак мнозинството ќе си остане без ништо, а мала група луѓе ќе  стекнат големо богатство.


  • За колкава површина земјоделско државно земјиште се работи?


-Министерството тоа го објави и истакна бројка од над 500 илјади хектари, од кои 200 илјади се во приватни раце и дека околу 270 илјади се за продажба. Оваа година за продажба ќе се понудат 50 илјади хектари. Но, сметам дека тоа не е точно, туку дека има многу поголема земја и тоа е тоа што сметаме дека е манипулација. Всушност, Македонија нема вистински земјоделски катастар. На тоа ни укажа Европската унија уште 2009 година. Тогаш Унијата ни рече да формираме агенција за управување со државниот имот, бидејќи ние не знаеме што се имаме. Ниедна влада не ја послуша Унијата и не го направи тоа!