По прашањето на процентот на инфлацијата - зошто кај нас инфлацијата е поглема отколку во другите земји, одговорот може да се најде во дисбалансот во структурата на домашната економија која се движи неплански, или, што би рекол обичниот набљудувач – во лер.   

Една од промашувањата на организацијата на државата во соодносот меѓу релниот сектор (производството услугите, енергетскиот сектор, земјоделството, енергетиката ) е лошиот сооднос меѓу тие сектори и државната администрација.      

Политичките партии го балансираат лежењето во државните накцеларии и бројот на свои кадри по национален клуч, по заслугите, по потребата од начинот на изигурвање на тендерските постапки, на штата на производството. 

Со небалансирана економска структура, отворена економија – огромна администрација може да се очекува и да се објасни степенот на инфлацијата и загрозувањето на животниот стандар на граѓаните. Не произведуваме – увезуваме и тоа не произведуваме производи со кои сме предничеле во регионот: жито, кромид, бостан, памук, тутун, домати, пиперки, грав (се увезува дури од Азербејџан) итн. Уништени се системите за наовднување. На земјодлеските субвенции никогаш не им се знаел балансот и билансот. Во енергетиката е исто, па увозот на енергенсите најмногу ги крева цените, односно процентот на инфлацијата. Земјите што имаат свое прозиводство и кои постојано го унапредуваат со примена на разни научни достигања се помалку зависни од увозот и затоа кај нив инфлацијата е двојно помала од нашата. Нивните цени ги оптоваруваат енергенсите, чија набака и производстово се поремети во целиот свет, но не и домашните прозиводи со кои ја задоволуваат основната побарувачка. Споредбата со процените на домашната инфлација од (19,5%) и инфлацијата во ЕУ (9,5 %) никако не може да се објасни поинаку. Со тоа паѓаат во вода сите теории на заговор дека некој нам ни прави нешто за да не ограби, да ни ја земе Македонија, дека земјата била многу богата со природни богатства и затоа големите сили и се имаат намерачено да ја лапнат по секоја цена. Не, се што правиме, сами си го правиме. Тоа зборува дека економската политика е маргинализирана, дека не се инвестирало во вистински капацитети, државата не создавала клима за вистинска конкуренција, не вложувала во науката, дека бизнисите биле давани на свои луѓе и тоа со вешто изигрување на законот против монополите, на градење градби од кои нема профит, се крадело во името на квазикултурата, се фрлале пари за стиропор, кој сега се рони и го грдее градот, не се вложувало во рамномерниот регионален развој, па така градовите и селата се напуштени, во школите се гаснат по неколку одделенија секоја учебна година ит.

Никој досега не е земен на одговорност за неодговорната економска и развојна поликтка, а му била доверена таа обврска, никој по име не е спонат за кривични дела против животниот стандард на граѓаните, што треба да биде едно од најтешките дела. Дека таквиот пристап е тешко кривично дело се гледа по сегашниот животен стандард  и во висината на процентот на инфлацијата. Ако нема таква одредба во кривичниот закон – треба да се воведе, зашто животот е еден и нема реприза. Граѓаните се револтирани и прашуваат, зошто и покрај намалувањето на цените на енергенсите, домашните цени се намалуваат само колку да се замачкаат очите. Искуството покажува, дека еднаш „освоените“ цени ниту ги симнал некој, ниту ќе ги симне. Тоа се вика лов во матно! Сиромаштијата се продлабочува, трговците се богатат, инспекциите не се ефикасни од кој знае кој причини!    

Граѓаните, сакале или не, го полнат буџетот секој ден. Ретко кој од обичниот свет го знае даночниот систем и дека секојдневно финансира голема група луѓе која не му возвраќа со квалитетан услуга. Баластот, прекубројноста, администрацијата ја прави неефикасна. Кој е будала да се занимава со нашите граѓански проблеми, да троши време и сила да ни ги решава, кога на први и така ќе си ја земе платата. Комбинацијата од неефиканоста на судовите и неодговорната администрадија е буквално убиствена за граѓаните.  

Големиот Чеслав Милош, вака ја дефинира администрацијата:

„Животот на бирократот е живот на паразит кому му се плаќа не за тоа што го работи, туку за тоа што се наоѓа во таа и таа соба, зад тоа и тоа биро од наутро до пладне. Секој месец зема надоместок кој не е поврзан со никаква корисна изработка туку со местото на хиерархијата....Основа за секоја бирократија е пропагандата што оди одоздола нагоре... Делејќи ги тие пари според чиновите на одделните луѓе, би се покажало дека огромен процент на парите отпаѓа на проѕвање, чешање, пиење кафе, и создавање закачки и одбрани насочени против спротивниот табор. Паразитството на бирократите произлегува од природата на нивните непродуктивни задачи кои не ја оформуваат материјата непосредно и затоа тие не треба да се гордеат со својата финансиска безбедност повеќе отколку проститутките и царниниците во Израел за време на римската империја. Тие се ќе направат да докажат, дури и на себеси и на другите дека, ако не се тие, земјата би престанала да се врти... Селанецот е чесен, бидејќи неговата енергија се претвора во леб, занаетчијата е чесен, бидејќи го преработува дрвото кожата или металот“.

Меѓупартиските коалицирања и условувања од коалиционите партии се’ повеќе ја претвораат државата во една голема канцеларија, затворена, непроветрена, без оглед на природните услови што владеат надвор од таа смрдлива просторија. Никому не му е гајле кое годишно време е, дали нивите се изорани, дали има доволно јаглен во рудниците. Важно е да се напедува на скалата на  систематизацијата и да се лапне што повеќе. 

Пред неколку дена ТРТ Балкан ни го „зачука“ со резултатие од своето истажување:

„Земјава има вкупно 28 дена на кои не се работи поради државни и верски празници, но и национални денови на етничките заедници. Зад нас се Црна Гора и Косово со по 21 ден, а најмалку неработни денови има единствената членка на ЕУ во регионот, Хрватска, само 11.

Работодавачите велат дека се оштетени од големиот број неработни денови и сметаат дека нивниот број треба да се намали.

„Кога ќе се соберат деновите од одмор и државните празници излегува дека работниците два месеца воопшто не одат на работа, а административците често празниците ги спојуваат со викендите.

Исто така, пред неколку дена министерот за европски прашања, даде „утешителна“ изјава:

„Годишно добиваме по околу 100 милиони евра само европски пари. Покрај тоа имаме и неколку клучни и стратешки партнери или донатори за развој, покрај ЕУ, како најголем и најважен инвеститор во нашиот развој, како што се САД, Велика Британија, Швајцарија, Шведска, Германија и други“

Секогаш, кога обичниот граѓанин ги слуша овие изјави на ТВ, реметејќи го мирот на семејството, гласно рефлексно извикува: „ПА, КАЈ СЕ ПАРИТЕ!“