Започна Глобалната недела на парите 2021  на тема:„Грижи се за себе, грижи се за своите пари“ (Take care of yourself, take care of your money). Оваа недела од 22 до 28 март девта година по ред се одбележува Глобалната недела на парите. Како што соопштија од НБРМ организатори на одбележување на оваа недела се Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот сектор и непрофитните институции активни во доменот на финансиската едукација.

Заради пандемијата со корона-вирусот, активностите за време на Глобалната недела на парите оваа година, главно ќе се одвиваат преку е-предавања. Исто така и објави на едукативни материјали на интернет-страниците на институциите и на социјалните мрежи. Виртуелните едукативни предавања ќе бидат наменети за учениците од основните и средните училишта од нашата земја. А темите се од областите што ги покриваат одделните институции, поврзани со функционирањето на финансискиот систем.

„Со Народната банка во светот на финансиите“


Народната банка во рамките на оваа недела ќе оствари повеќе едукативни предавања за учениците од основните училишта и предавања и квизови за учениците од средните училишта. Потоа, ќе објави едукативна содржина во серијалот „Економија за секого“. А исто така и едукативен анимиран видеоматеријал од серијалот „Со Народната банка во светот на финансиите“.

За време на Глобалната недела на парите, на 24 март  ќе се одржи и националниот натпревар:„Европскиот квиз на парите 2021 година“. Во организациските активности на квизот е вклучена и Народната банка.

Започна Глобалната недела на парите 2021

Младите- свесни за дфинансиските права


На  светско ниво, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година.  Единствен прекин се направи само во 2020 година заради пандемијата. Инаку од оваа, 2021 година неделата на парите се одржува во организација на ОЕЦД. Оваа глобална иницијатива досега се одбележува во повеќе од 175 земји во светот. Таа ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и ги зголемува нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Преку најразлични активности што ги спроведуваат државните, финансиските и образовните институции, младите луѓе учат за економските и за финансиските системи.

Целта на Глобалната недела на парите е да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина. Важноста на финансиската едукација е во насока да им помогне тие да станат свесни за своите финансиски права, да  им се олесни пристапноста до финансиските услуги и да се развијат нивните финансиски вештини.