Регионалниот совет за соработка (РСС) објави дека официјално започнуваат номинациите за жени претприемачи на годината од Западен Балкан за 2023 година. Овој настан се одржува трета година по ред, а номинациите се примаат до 26 февруари.
Поединци, претставници на институции од јавниот и приватниот сектор, организации и сите други заинтересирани страни се поканети да номинираат жена-претприемач на годината во најмалку една од следните шест категории.
Категории за избор
Прва категорија: Жена еколошки претприемач – претприемачка од секторот за производство или услуги со кои се намалуваат штетните влијанија врз животната средина, користи почисти технологии и има усвоено програма за обука и едукација за новите „зелени“ работни места.
Втора категорија: Жена претприемач во уметноста – претприемачка која развила компанија поврзана со уметност, култура, дизајн, мода, начин на живот и занаетчиство.
Третата категорија: Жена претприемач во ИКТ секторот – претприемачка во секторот за информатичко-комуникациски технологии, која ги прифатила ИКТ за да развие иновативни решенија.
Четвртата категорија: Млада жена претприемач - жена претприемач до 35 години што покажала иновативно деловно решение за производ или услуга со регионално влијание и видливост од различни сектори.
Петта категорија: Жена претприемач во туризмот- претприемачка која развила компанија во туристичкиот сектор и придонесува за промоција на туризмот.
Шеста категорија: Жена претприемач ѕвезда на социјалните медиуми- претприемачка која го започнала или развила својот бизнис користејќи ја моќта на социјалните медиуми.
Кој може да се номинира
Секоја жена која е државјанка и е активна во економиите на Западен Балкан, има сопствен деловен субјект регистриран пред 31 јануари 2023 година, има право да биде номинирана. Номинациите ќе бидат отворени на 26 февруари 2024 година. По процесот на селекција, победничките ќе бидат поканети да учествуваат на финалниот настан на доделувањето на наградите.
Сите претприемачки-победнички ќе можат да учествуваат и да придонесат во Регионалната мрежа на жени во претприемништвото (RNWE), да добијат публицитет, да учествуваат на разни настани организирани од RCC и да имаат можност за менторство преку дигиралната платформа наменета за тоа.
Иницијативата „Жена претприемач на годината од Западен Балкан“ беше лансирана во 2022 година со цел да се препознаат жените кои основале и развиле сопствен бизнис и придонеле за нови и одржливи работни места за други во нашиот регион.
Доделувањето на ова признание е дел од активностите во рамки на Акциониот план за заеднички регионален пазар 2021-2024 година и Програмата за економско зајакнување на жените на RCC, финансирана од Европската Унија.